Ана и Бастијан ја напуштаат Америка и се селат во Европа!?

Спортскиот брачен пар, екс тенисерката Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, славниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер со синовите Лука и Леон одлучиле да ја напуштат Америка и да се преселат во Европа.

Откако Бастијан неодамна ја заврши кариерата, го одигра последниот меч за Чикаго, заедно со Ана одлучија да се преселат во земја која е близу до нивните татковите Србија и Германија, изборот паднал на Австрија.

Ана и Басатијан заедно со децата ќе живеат во луксузна вила во малото гратче Вестендорф под Алпите, во близина на Кицбил, Оваа вест ја потврдила и градоначалничката на гратчето , Анамари Плизајз.

„Ана и Бастијан ќе се доселат во текот на 2020 година“, изјавила Анамари Плизајз.

Бастијан во 2018 година во Вестендорф има купено плац на кој сега се гради прекрасна вила.

Ван Дајк цел на голем број врвни клубови

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк би можел да го напушти тимот од „Енфилд“. За фудбалерот се заинтересирани неколку големи клубови, пренесува новинарот Екрем Конура. 

Самиот фудбалер би сакал да го продолжи договорот со својот тим.

Според Конура, за фудбалерот се заинтересирани Милан, Интер, Атлетико, Ал-Хилал и Ал-Наср, а пријавен е интерес и од екипи од Премиер лигата.

Триесет и двегодишниот Ван Дајк игра за Ливерпул од почетокот на 2018 година. Актуелниот договор на Холанѓанецот е до крајот на следната сезона.

Во тековната сезона Ван Дајк одигра 34 натпревари во Премиер лигата на кои постигна два гола и две асистенции.

На две кола до крајот на сезоната во Премиер лигата, Ливерпул е трет на табелата со 78 бодови, зад лидерот Арсенал кој има 83 и Манчестер сити кој собра 82 бода и има натпревар помалку.

Антонов: Вежбите со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика

 Претстојните вежби со нуклеарно оружје се принуден руски одговор на западната реторика, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон Анатолиј Антонов.

-Ова е принудна мерка како одговор на арогантната и агресивна политика на колективниот Запад, кој создава неприфатливи безбедносни закани за Русија и нејзините граѓани, рече Антонов, пренесен од руските медиуми.

Амбасадорот додаде дека САД и нивните сојузници се повеќе ја снабдуваат Украина со смртоносно оружје, што украинските сили можат да го користат за да извршат напади на руска територија.

Генералштабот на руските вооружени сили започна со подготовки за вежби за употреба на нестратегиско нуклеарно оружје, соопшти вчера руското Министерство за одбрана.

Маневрите ќе се одржат во блиска иднина и во нив ќе учествуваат и воздухопловните сили и морнарицата. Цел на вежбите е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата, соопшти руското Министерство.

Најмалку десет загинати во несреќа во Перу, автобус излетал од патот и се превртел

 Најмалку 10 лица загинаа кога патнички автобус излетал од патот и се превртел во областа Пуно во јужниот дел на Перу, јавија локалните медиуми.

Меѓуградскиот автобус сообраќал на релација Пуно-Куско кога се случила несреќата, јави државната новинска агенција Андина.

Во автобусот имало 24 патници, а меѓу жртвите има и шестмесечно бебе, соопшти полицијата.

Државната телевизија објави дека повредените, од кои некои со сериозни повреди, биле пренесени во блиските болници.

Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата.

притисни ентер