АМС со поддршка до одбојкарската репрезентација - Канал 5

АМС со поддршка до одбојкарската репрезентација

На денешната средба со претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ) Петар Јовановски и генералниот секретар Зоран Карановиќ, директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески даде целосна поддршка кон решавање на проблемот на македобнската експедиција со транспортот до Полска.

АМС со поддршка до одбојкарската репрезентација
Поради техничките проблеми со кои се соочува ОФМ, беше побарана помош од АМС во насока во делот на логистика за репрезентацијата. Јовановски исткана дека овој горлив проблем во моментот претставува препрека за понатамошното продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство и се заблагодарија на директорот Спасески за експедитивната реакција и заложба за решавање на овој проблем.

Спасески истакна дека натпреварите на секоја репрезентација се од големо значење за државата и дека секогаш ќе претставуваат приоритет за АМС зошто ја презентираат Македонија на меѓународно поле. На средбата беше разгледувана опцијата за авионски превоз за репрезентативците, но според челниците на ОФМ, авионски превоз не одел во прилог на експедицијата, бидејќи нема директна комуникација со Вроцлав и со три прелети патувањето би траело 15 часа.

Поаѓајќи од тие аспекти, АМС пристапи кон решавање на проблемот и обезбеди комфорен транспорт за репрезентативците за настапите на квалификациите.

По контактите на директорот Спасески со раководството на РК Вардар, ракометниот клуб го отстапи автобусот на користење на одбојкарската репрезентација за квалификациите за ЕП и со тоа уште еднаш го покажа вистинското лице на реномиран клуб од европска класа.

На состанокот, од страна на челните луѓе од ОФМ беше потенцирано отсуството за директно вклучување на бизнис секторот за поддршка на овој спорт во Македонија.
Директорот Спасески додаде дека АМС и покрај тоа што секоја година издвојува финансиски средства од Буџетот за реализација на годишната програма за работа на ОФМ, недостасува и потребно е вклучување на бизнис заедницата за развој на одбојката во Македонија.

Инаку, по одличните резултати и победи на македонската одбојкарска репрезентација против репрезентациите на Шведска, Азербејџан и Грузија, репрезентацијата продолжува во следниот круг квалификации по групи за пласман на Европското првенство во Италија и Бугарија.

Во група А, Македонија ќе игра против Полска, Словенија и Летонија. Првите натпревари се играат во Вроцлав (Полска) од 16-18 мај и во Љубљана (Словенија) од 23-25 мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

САД ќе отворат две нови воени бази на Гренланд во рамките на договорот со Данска

САД планираат повторно да воспостават воена база од времето на студената војна во јужен Гренланд и да отворат уште една на источниот брег, во рамките на договорот што треба да го потпишат со Данска и Гренланд денеска во рамките на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

Текстот на договорот не е јавно објавен, а три лица запознати со него изјавија дека деталите нема да бидат финализирани сè додека договорот не се потпише.

Данска кажа дека договорот ја става безбедноста на арктикот под надзор на НАТО, наместо да им биде препуштена исклучиво на САД и Данска.

Договорот доаѓа по повеќемесечниот притисок од Доналд Трамп, кој бараше САД да имаат контрола врз Гренланд и во одредени моменти не ја исклучуваше можноста за употреба на воена или економска сила за преземање на оваа полуавтономна данска територија. Заканите на Трамп, кои го достигнаа својот врв во јануари, предизвикаа дипломатска криза во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Белата куќаго отвори својот онлајн стриминг канал „Трамп ТВ“ откако ескалираше нејзиниот спор со главните американски медиумски куќи.

Белата куќа отвори „Трамп ТВ“ откако ги укина акредитациите на дел од медиумите

Каналот започна да се емитува синоќа, првично емитувајќи говори на Трамп и снимки од американски воени вежби.

„Емитувањето ќе оди 24 часа на ден, со минати моменти, најави и со најновите и најдобри информации од администрацијата, сè на едно место“, соопшти Белата куќа.

Лансирањето на „Трамп ТВ“ следува откако Трамп во петокот објави дека им забранува пристап до Белата Куќа на новинарите од телевизиите „Си-Ен-Ен“ и „Ем-Ес Нау“ и од сајтот „Политико“. Тој ги обвини медиумите за ширење лажни вести, но и дека не известуваат доволно за неговите постигнувања.

Трите медиуми вчера поднесоа тужба против администрацијата, велејќи дека нејзините постапки ги загрозуваат слободата на медиумите и правото на јавноста на независно новинарство. Други големи американски ТВ-мрежи и весници одговорија со намалување на нивното известување за претседателот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Израелскиот амбасадор во Германија, Рон Просор, предупреди на непосредна егзистенцијална закана за еврејската заедница во Берлин откако крајнолевичарската партија Левица победи на регионалните избори во германскиот главен град.

Победата на Левица, Евреите во Берлин ја сметаат за закана

Тој кажа дека Левица, наследничка на комунистичката партија што владееше со поранешна источна Германија, покажала „апсолутно неконтролиран антисемитизам“.

„ За еврејската заедница во Берлин, теоретската закана станува конкретна и непосредна егзистенцијална опасност“, рече Просор.

Со победата на Левица, нејзината водечка кандидатка, 45-годишната Елиф Ералп, би можела да стане првата градоначалничка на Берлин од редовите на оваа партија и прва со турско потекло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер