Аморим: Се бориме за опстанок во Премиер лигата - Канал 5

Аморим: Се бориме за опстанок во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави по третиот последователен прволигашки пораз дека неговиот тим се бори за опстанок во Премиер лигата.

Аморим: Се бориме за опстанок во Премиер лигата

Јунајтед синоќа на „Олд Трафорд“ загуби од Њукасл со 0-2, го претрпе четвртиот пораз во последните пет кола и се наоѓа на 14. место на табелата со 22 бодови, седум повеќе од Ипсвич кој е прв во зоната за испаѓање, на 18. место.

Одговарајќи на новинарско прашањето по натпреварот, дали неговиот тим сега е во борба за опстанок, Аморим рече: „Тоа е навистина јасно“.

„Ова е еден од најтешките моменти во историјата на Манчестер Јунајтед и мораме да се справиме со тоа фер. Мораме да ја препознаеме нашата позиција и во оваа лига секој може да победи секого. Мораме да се ангажираме и да се фокусираме на опстанокот“, рече Аморим.

Во следното коло Јунајтед в недела на „Енфилд“ ќе игра против првопласираниот Ливерпул.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните

Со Мицкоски, Клековски и ВМРО, здравјето на граѓаните е загрозено.

СДСМ: Гостивар без безбедна вода, Скопје со западнонилска треска – Клековски и Мицкоски не можат да го заштитат здравјето на граѓаните

На Клековски и Мицкоски им му се случија две здравствени кризи ама тие заминаа на одмор, на екскурзија.

Наместо превенција, наместо итна реакција и решение, во двете кризи видовме целосен распад на системот и неспособност на Клековски и ВМРО.

А се работи за здравјето на луѓето.

Во Гостивар, граѓаните беа отруени, со недели без безбедна вода за пиење.

5.000 граѓани завршија во болница.

По пет недели, и сега откако велат дека водата е безбедна, нема објавено ниту еден официјален документ кој ќе го потврди тоа.

Резултатите од анализите на водата, кои не се објавуваат веќе пет недели, внесуваат несигурност и создаваат паника кај граѓаните.

Ако сè е исправно, зошто резултатите досега не се објавени, кога испитувањата се прават секојдневно?

Што се крие од граѓаните, додека министерот повикува на транспарентност?

Сака да ги објави резултатите од 2017 година, а не сака да ги објави денешните.

Тоа само покажува дека нешто не е во ред.

Во Скопје ескалира кризата со западнонилската треска. 35 потврдени случаи од западнонилска треска. 3 починати.

6 лица во критична состојба на интензивна нега.

Од една криза во друга. Од една епидемиолошка закана во друга.

Пак задоцнето, сега допрва мерки, сега допрва прскање. Тотален колапс и хаос.

Клековски, како и неговиот шеф Мицкоски, ги оставија граѓаните и заминаа на екскурзија.

Додека Клековски ја сведува борбата против западно-нилскиот вирусот на апели за пријавување мртви гаврани и празнење на базени, граѓаните секојдневно се изложени на ризик.

Ова е уште еден доказ за целосниот распад на системот.

Општините не спроведуваат навремено прскање против комарци. Центрите за јавно здравје немаат капацитет за системска ентомолошка контрола. Агенцијата за храна и ветеринарство реагира само декларативно, без масовни проверки на живината.

Резултатот е трагичен: заболени граѓани, смртни случаи и пациенти во критична состојба.

Наместо системска акција според протокол - има молк, неспособност и префрлање на одговорноста врз граѓаните.

СДСМ бара итна и системска реакција: следење на популацијата на комарци на територијата на град Скопје, лабораториско тестирање на примероци за присуство на вирусот, масовна дезинсекција и уништување на жариштата – канали, бари и водни површини.

Да се направи итна контрола на живината и дивите птици, пријавување и тестирање на мртви птици. И, најважно, итна институционална координација помеѓу Министерството за здравство, центрите за јавно здравје, општините и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Граѓаните не смеат да бидат единствениот „аларм“ за епидемијата.

Владата треба да ги штити нив.

Клековски не може да го обезбеди тоа и треба да понесе одговорност.

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Земјотрес во Шпанија – луѓе бегаат од хотел, по улиците паѓаа урнатини, има повредни

Земјотрес во Шпанија – луѓе бегаат од хотел, по улиците паѓаа урнатини! Наредена беше итна евакуација, а меѓу повредените имаше и девојче!

Видео: Земјотрес во Шпанија – луѓе бегаат од хотел, по улиците паѓаа урнатини, има повредни

Земјотрес со јачина од 4,6 степени ја погодија Гранада, по што уследиле уште два последователни потреса. Повредени се три лица, а извршена е евакуација на хотели и делови од Алхамбра.

Втор силен земјотрес во рок од само неколку дена погоди популарна туристичка област во Шпанија, принудувајќи евакуација на хотели и делови од една од најпознатите туристички атракции во земјата.

Најмалку три лица се повредени откако земјотрес со јачина од 4,6 степени утрово ја погоди областа околу Гранада, а службите за итни случаи примија десетици повици од граѓани. Овој потрес уследи по земјотрес со јачина од 5,2 степени, кој во претходните денови предизвика делумно уривање на објекти и ги принуди исплашените жители и туристи да ги напуштат своите домови.

Епицентарот на утринскиот земјотрес бил во близина на Гохар, мало гратче и општина лоцирани на околу осум километри јужно од центарот на Гранада.

По земјотресот биле евакуирани хотелите и зградите на локалната самоуправа што се отворени за граѓаните. Вработените во хотелот со четири ѕвездички „Барсело Кармен Гранада“ се фотографирани на улицата веднаш по првиот потрес. Следуваа уште два силни земјотреса.

По земјотресот со јачина од 4,6 степени, следуваа уште два земјотреса со јачина од 4 и 4,2 степени во близина на Чуријана де ла Вега и Алјенде. Локалните власти потврдија дека три лица се повредени, но наведоа дека повредите не се сериозни.

Евакуирани биле и делови од познатата Алхамбра, еден од најпознатите туристички комплекси во Шпанија.

Портпарол на центарот за итни случаи, управуван од регионалната влада на Андалузија, изјави дека биле примени повеќе од 50 повици од граѓани во врска со одрони од карпи и пукнатини.

„Добивме повеќе од педесет повици со пријави за одрони од карпи и пукнатини, а засега нема извештаи за повредени лица“, првично соопштија од центарот. Подоцна, на социјалните мрежи беше објавено предупредување до населението.

„Пријавени се неколку земјотреси во пошироката област на Гранада. Ако сте почувствувале земјотрес, а сте безбедни и вашиот дом не е оштетен, останете смирени и избегнувајте непотребно влегување и излегување од зградите. Не користете лифт.“

На снимките направени од локални жители се гледаат парчиња градежен материјал расфрлани по улицата, која е оградена од полицијата. На една од снимките се слуша како припадник на службите за итни случаи вели: „Изгледа дека во тој момент никој не поминувал. За среќа.“ Засега не е познато колкава е вкупната материјална штета предизвикана од земјотресот. На друго видео објавено на интернет се гледа како силно се тресе внатрешноста на празна просторија за време на земјотресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Таа купила автомобил, го паркирала и „заборавила“ на него 43 години (ФОТО)

Рено 5 ТЛ од 1982 година со само 12 километри продадено за 53.711 евра.

Таа купила автомобил, го паркирала и „заборавила“ на него 43 години (ФОТО)

Додека новиот Рено 5 Е-Тек го освојува европскиот пазар, во Франција е откриен вистински автомобилски бисер.

Станува збор за модел на Рено 5 ТЛ од 1982 година кој поминал повеќе од четири децении во гаража и возел само 12 километри.

Автомобилот го купила Французинка во салонот на Рено во градот Шалон-сур-Сон кон крајот на октомври 1982 година. Таа платила 40.000 француски франци за него во тоа време (еквивалентно на 16.500 евра денес).

Станува збор за верзија со 5 врати, со бензински мотор од 1,1 литар, четиристепен мануелен менувач и сина металик боја.

Причината за речиси непостоечката километража е невообичаена. Сопственичката немала возачка дозвола во моментот на купување, па автомобилот веднаш бил ставен во гаража.

Иако подоцна го положила возачкиот испит, никогаш не стекнала доволно самодоверба за редовно да го вози, пишува „Јутарњи лист“.

Кога автомобилот бил пронајден оваа година, километражата сè уште покажувала само 12 километри, а сè уште ги имал старите црни француски регистарски таблички.

По темелно чистење и подготовка, „Рено 5“ бил понуден на аукцијата „Агутс“ во Париз.

Иако не е ретка верзија „Турбо“ или „Алпин“, неговата исклучителна состојба и минималната километража ги привлекле колекционерите, па конечната цена достигнала дури 53.711 евра.

Денес, овој „Рено 5“ претставува еден од најдобро зачуваните примери на легендарниот француски модел и доказ дека времето понекогаш може да застане – барем кога станува збор за автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер