ФудбалАморим: Бевме подобри од Аренал, но загубивмеТренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, ги искажа впечатоците за вчерашниот натпревар со Арсенал.Манчестер загуби на свој терен со 1:0 во натпревар со многу тактичко надмудрување и малку шанси. - Заслуживме повеќе и бевме подобар тим, тоа е очигледно, но на крајот загубивме. Треба да работиме на она што треба да се подобри. Треба подобро да се браниме во прекините. Многу работи направивме како што треба. Има многу работи на кои треба да работиме, дури и без да го гледаме видеото. Многу сум горд на моите играчи. Бевме поагресивни и похрабри. Во некои моменти, мислам дека Мбемо и Куња многу ни помогнаа. Се држевме до планот, дури и кога навивачите на стадионот беа нервозни, ние продолживме да играме на начинот на кој игравме, а ова ќе ни помогне во иднина, изјави Аморим за „Би-би-си“. Во следното коло од Премиер лигата, Манчестер јунајтед ќе игра на гости против Фулам на 24 август.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеТреба ли да земате креатин секој ден?Овој популарен додаток во исхраната ја зголемува силата, издржливоста и бројот на повторувања во текот на вежбањето. Иако краткорочното земање секојдневно се смета за безбедно, потребни се дополнителни истражувања за долгорочните ефекти.Овој популарен додаток во исхраната ја зголемува силата, издржливоста и бројот на повторувања во текот на вежбањето. Иако краткорочното земање секојдневно се смета за безбедно, потребни се дополнителни истражувања за долгорочните ефекти. Кретинот обезбедува повеќе енергија за мускулите, го забрзува нивното закрепнување по тренинг, а почетното зголемување на телесната тежина најчесто е привремена последица од задржувањето вода. Дали е безбедно да се зема секојдневно? Според порталот „Health“, краткорочната употреба на креатин се смета за безбедна. Повеќето студии за креатин ги следеле учесниците кои го земале додатокот пет до седум дена. Истражувањата, исто така, покажале дека земањето креатин секојдневно во текот на 12 недели може долгорочно да ја зголеми силата и растот на мускулите. Според нутриционистите земањето високи дози од 25 грама дневно во текот на 14 дена е безбедно, додека пониските дози од 4 до 5 грама се безбедни до 18 месеци. Според Меѓународното здружение за спортска исхрана (ISSN), земањето до 30 грама креатин дневно е безбедно и во период до пет години, но тие нагласуваат дека се потребни понатамошни долгорочни истражувања за да се потврди ова. Кои се придобивките од редовното земање? Редовното земање креатин носи голем број придобивки. Привлекува повеќе вода во мускулните клетки, што го поттикнува нивниот раст и хидратација. Им обезбедува на мускулите повеќе енергија, што, кога се комбинира со тренинг за сила, води до нивен раст и зајакнување. Исто така, го забрзува закрепнувањето на мускулите по вежбање и го намалува воспалението. Креатинот ги подобрува целокупните атлетски перформанси, особено во активности кои бараат кратки, експлозивни напливи на енергија, како што се бодибилдинг, веслање, фудбал и возење велосипед. Зголемувањето на мускулната сила може да ја подобри и општата состојба на постарите возрасни лица, а бројни студии сугерираат дека креатинот може да биде корисен и за здравјето на срцето, нервниот систем и менталното здравје. Кога да се зема креатин? Времето на внесување креатин, без разлика дали е пред или по тренинг, не е важно. Иако студиите разгледувале различни временски рамки, ниту една не се покажала значително подобра од другата. Телото складира креатин, па доколку го консумирате редовно, вашите мускули ќе го користат по потреба. Повеќето студии не пронашле значајна разлика во силата или големината на мускулите помеѓу луѓето кои земаат креатин само во деновите за тренинг и оние кои го земаат секој ден. Сепак, земањето само во деновите за тренинг може да ги намали трошоците и да го спречи неговот непотребно внесување. Можни несакани ефекти Креатинот има малку пријавени несакани ефекти, од кои најчест е зголемувањето на телесната тежина. Ова се случува затоа што креатинот влече вода во мускулите. Кога првпат ќе почнете да го земате, ова задржување вода може да создаде впечаток на дебелеење, но тоа е привремено и обично исчезнува по првата или две недели од употребата. Помалку чести несакани ефекти може да вклучуваат дијареја, чувство на топлина во топли услови или интолеранција на топлина, мускулни грчеви и вкочанетост и гадење. Пред да започнете да земате креатин, разговарајте со вашиот лекар за да бидете сигурни дека е безбеден за вас, земајќи ја предвид вашата медицинска состојба и другите лекови што можеби ги земате. Ако одлучите да го земате, доследноста е важна бидејќи постојаното присуство на креатин во телото го поддржува растот на мускулите, енергијата и закрепнувањето, без оглед на тоа дали вежбате тој ден. Добрата хидратација може да го намали ризикот од несакани ефекти. Креатинот нема значајни интеракции со повеќето лекови и додатоци во исхраната, но постојат докази дека кофеинот може да ја намали неговата ефикасност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Најзгодната мама повторно воодушеви во бикиниЕкс манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли ужива во одморот со својот славен сопруг, холивудскиот актер Џејсон Стетам и децата.Познатото семејство летниот одмор го мининува на егозтичната Малта, каде што Роузи повторно позира во провокативно бикини. Убавата Роузи Хантингтон-Вајтли ја покажа својата извајана фигура во минијатурни бикини за време на луксузниот семеен одмор со Џејсон Стетам. 39 годишната манекенка моментално ужива на Малта со 20 години повозрасниот Џејсон и нивните две деца – деветгодишниот син Џек и четиригодишната ќерка Изабела. Парот веќе објави фотографии од одморот, но кога станува збор за Роузи, никогаш не е доволно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
ЕвропаВо Франција пронајдени тела на пет бебиња Француските обвинители покренаа истрага за сомнително убиство откако во станот на еден пар во градот Оранж, во југоисточна Франција, беа пронајдени посмртните останки на пет новороденчиња, соопштија локалните правосудни органи.Остатоците од бебињата биле пронајдени во картонски кутии за време на претрес на станот во историскиот центар на градот, спроведен од 32-годишниот партнер на жената, откако тој – според обвинителството – дури во напредна фаза дознал дека таа повторно е бремена, пренесува „Франс 24“. Жената во неделата дома родила здраво дете, по што била пренесена во болница. По пристигнувањето во станот, нејзиниот партнер пронашол остатоци за кои се сомневал дека се човечки остатоци и ги известил болничките вработени, кои го пријавиле случајот во обвинителството. Според првите наоди на судскиот испитувач, остатоците најверојатно им припаѓаат на пет бебиња, а причината и околностите на нивната смрт ќе бидат утврдени со обдукции. Истражителите сè уште не разговарале со мајката, соопштија од обвинителството. Двојката има и две деца на возраст од осум и девет години.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter