Амфетамин пронајден во Гевгелија, мерка притвор за две лица - Канал 5

Амфетамин пронајден во Гевгелија, мерка притвор за две лица

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија на наплатна рампа Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., во кое сопатници биле А.М. и А.А.

Амфетамин пронајден  во Гевгелија, мерка притвор за две лица

СВР Струмица - ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднел кривична пријава против Б.Г.(24) и А.М.(25) од Скопје, осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, и против А.А.(27) од Скопје осомничена за кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, во понеделникот, 17 март, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија на наплатна рампа Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., во кое сопатници биле А.М. и А.А.

-Врз основа на судска наредба, бил извршен претрес над возилото, при што во внатрешноста на предниот дел биле пронајдени три пакувања со амфетамин со вкупна тежина од околу 1,5 килограм. Лицата биле изведени пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на Б.Г. и А.М. им определил мерка притвор, информира МВР.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

 Надежите на ПСЖ дека ќе ја заврши актуелната сезона во француското фудбалско првенство без пораз завршија, откако синоќа претрпе шокантен пораз од Ница на домашен терен со 3-1.

Прв пораз сезонава на ПСЖ во Франција

Гостите поведоа преку Морган Сансон (34 минута), а Фабијан Руиз до крајот на полувремето израмни за ПСЖ (41), но Ница во продолжението постигна два гола преку Сансон (46) и Јусуф Ндајишимије (70).

Со ова заврши серијата на ПСЖ од 30 натпревари без пораз во француското првенство, во кое клубот од Париз веќе ја одбрани шампионската титула.

Пораз од Ница за составот предводен од Луис Енрике доаѓа пред полуфиналниот дуел против Арсенал во вторник во Лигата на шампиони. /МИА

Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

Индиската армија соопшти дека синоќа имаше престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија на фактичката граница помеѓу двете земји во Кашмир.

Повторно престрелка помеѓу индиската и пакистанската армија во Кашмир

- Неиспровоцирани истрели од лесно оружје од страна на пакистанската армија регистрирани се на повеќе пунктови долж целата конторлна линија во Кашмир. Индиските сили соодветно одговорија, се наведува во соопштението на индиската армија.

Во пограничниот инцидент нема повредени војници.

Тензиите помеѓу двете нуклеарни сили се зголемија по терористичкиот напад во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир, при што загинаа 26 цивили. Индија го обвинува Пакистан за нападот.

Индиската армија вчера уништи две куќи, кои биле во сопственост на семејствата на напаѓачите.

Парламентот на Пакистан вчера едногласно усвои резолуција, со која се отфрлаат индиските обвинувања како неосновани и предупредува дека Исламабад е подготвен да се заштити.

Советот за безбедност на Обединети нации вчера апелираше до Индија и Пакистан на максимална воздржаност.

Индија и Пакистан контролираат дел од хималајската територија Кашмир, а двете полагаат право на цела територија. Спорната граница меѓу двете земји вооружени со нуклеарно оружје вклучува област долга 740 километри на Хималаите наречена контролна линија.

Индија и Пакистан се во тензични односи откако се стекнаа со независност во 1947 година. Кризата во Кашмир датира уште од 1947 година кога Велика Британија го напушти тоа подрачје без да го реши статусот на регионот. Муслиманите сочинуваат 90 отсто од популацијата на Кашмир, а по повлекувањето на Британците побараа тој регион да се присоедини на Пакистан. Тогашниот гувернер сепак одлучи Кашмир да го присоедини кон Индија. Пакистан и Индија во 1947 година ја водеа првата војна за Кашмир, а потоа војуваа повторно во 1965 и 1999 година. Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35 проценти, додека Кина 20 отсто./МИА

МОК со промоција на ЕМОФ Скопје 2025 на „Outdoor and travel fair“ во Скопје Сити Мол

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан.

МОК со промоција на ЕМОФ Скопје 2025 на „Outdoor and travel fair“ во Скопје Сити Мол

Во рамките на саемот „Outdoor and travel fair“, кој се одржува од 25 до 27 април во трговскиот центар Скопје Сити Мол, со свој штанд се претставува и Македонскиот олимписки комитет, како дел од активностите за промоција на претстојниот Европскиот младински олимписки фестивал - ЕМОФ Скопје 2025. Штандот на МОК во Сити Мол е отворен за посетители од 11 до 18 часот.

Присуството на МОК на оваа манифестација е дел од пошироката иницијатива за вклучување на јавноста и подигнување на свеста за значењето на овој голем спортски настан, кој од 20 до 26 јули годинава ќе го донесе олимпискиот дух во Скопје и Куманово.

На штандот, посетителите имаат можност да се забавуваат преку различни интерактивни активности и игри, инспирирани од спортскиот и олимпискиот дух, како и да дознаат повеќе за самата мисија и вредности на ЕМОФ. Дополнително, сите заинтересирани кои ќе се пријават за волонтирање на фестивалот ќе добијат вредни подароци како знак на благодарност за нивната подготвеност да бидат дел од организацијата на овој престижен настан.

Штандот на МОК го посети и министерот за спорт, Борко Ристовски, кој направи обиколка и даде поддршка на активностите што се реализираат во рамки на подготовките за ЕМОФ Скопје 2025.

Македонскиот олимписки комитет ги охрабрува сите граѓани да го посетат саемот, да се информираат, да се забавуваат и да станат дел од семејството на ЕМОФ Скопје 2025. Преку учество на саемот „Outdoor and travel fair“, МОК продолжува да го гради мостот меѓу граѓаните и олимписките вредности, претставувајќи го фестивалот како настан од национално значење што ќе донесе позитивна енергија, спортски дух и незаборавни моменти за сите учесници и посетители.

Ова лето, повеќе од 4.000 учесници, вклучувајќи 900 волонтери, ќе бидат дел од ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе се одржи од 20 до 26 јули. Натпреварите ќе се одржат во 15 спортови: атлетика, бадминтон, кошарка, баскет 3х3, кану слалом, велосипедизам, ракомет, џудо, пливање, стрелаштво, пинг понг, теквондо, одбојка, планински велосипедизам и гимнастика. За време на фестивалот, Скопје ќе биде домаќин на најголемиот дел од

натпреварите, додека Куманово ќе ги пречека велосипедистите и кошаркарите. Уникатниот спортски амбиент ќе биде дополнет со натпреварите во гимнастика, кои ќе се одржат во Осиек, создавајќи вистинска олимписка атмосфера низ различни локации.

Покрај спортските натпревари, ЕМОФ Скопје 2025 ќе понуди богата културна и едукативна програма, со цел да се поттикне меѓукултурна размена, пријателство и солидарност меѓу младите спортисти од цела Европа. Фестивалот претставува значаен чекор напред за унапредување на спортската инфраструктура и меѓународната афирмација на Македонија, а истовремено е можност младите да се вклучат и да бидат дел од нешто големо, инспиративно и обединувачко.

ЕМОФ Скопје 2025 е повеќе од спорт - тоа е прослава на младоста, ентузијазмот и заедништвото.

притисни ентер