Американско семејство со десет деца на удар на јавноста (ФОТО) - Канал 5

Американско семејство со десет деца на удар на јавноста (ФОТО)

Планирале да имаат неколку деца, но на крајот, десет деца им се родиле за десет години.

Американско семејство со десет деца на удар на јавноста (ФОТО)

Касандра (32) и Џејкоб Морис (35) од американската држава Јута, денес се смеат на првичните желби. Тие признаваат дека не чувствувале дека нивното семејство е целосно додека не го добиле своето десетто дете во јули минатата година.

Нивното семејство вклучува два пара близнаци и само една ќерка, која е родена на 9 април 2018 година и се вика Лили.

Џејкоб дизајнира и продава домашни апарати, а Касандра е домаќинка.

"Никогаш не би го сменила моето големо семејство за ништо. Кога го добивме второто дете, мислевме дека имаме многу деца. Но, испадна дека не е така и тоа беше најдобрата одлука што донесовме", тврди Касандра.

"На крајот на денот, ние сме само нормални родители кои имаат десет деца. Да, затоа сме малку поразлични, но се сакаме едни со други ", додава мајката.

Тие признаваат дека слушнале разни коментари.

„Некои нè напаѓаат затоа што сме неодговорни, но ние ги отфрламе ваквите коментари“, истакнува Џекоб.

Нивното семејство го сочинуваат 10-годишниот Стивен, 9-годишниот Кристофер, 7-годишните близнаци Вилијам и Рин, 5-годишните близнаци Спенсер и Макс, 4-годишниот Томас, 3-годишниот Хенри, 1-годишната Лили и 6-месечниот Питер.

"Луѓето мислат дека имаме еден куп невоспитани деца кои не го знаат редот затоа што ги има толку многу, но не е така. Да се ​​биде дел од толку големо семејство е добра подготовка за животот затоа што тие учат да прават компромиси и да се занимаваат со различни личности. Затоа, моите деца се воспитани “, тврди Касандра, која води блог за своето семејство.

Инаку, тие припаѓаат на црква ,која забранува контрацепција.

„Постарите деца се грижат за помладите“, вели Касандра.

Сепак, сè не е идеално.

"Кога станува збор за оброците, мораме да планираме оброци еден месец однапред. Нашите деца не бараат многу, немаат алергии, а оброците не се комплицирани.Готвиме многу супи, печеме пици, подготвуваме енчелади и салати", вели таа.

За да се нахранат 12-те, трошат 250 долари неделно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер