И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина
2И Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднина
Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
2Фото: Ријана блесна на карневалот: Ги привлече сите погледи во раскошна комбинација од накит и пердуви
ЖивотАмериканските регулатори ја одобрија продажбата на Парамаунт за осум милијарди долариАмериканските регулатори ја одобрија продажбата на холивудското студио Парамаунт на продукциската компанија на милијардерот Дејвид Елисон, Скајденс, за осум милијарди долари, приближно една година откако зделката беше првично објавена.Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ), која мораше да ја одобри зделката поради тоа што Парамаунт го поседува радиодифузерот СИ-Би-ЕС (CBS), го одобри преземањето и покрај претходните политички пречки. Тие вклучуваа тужба од американскиот претседател Доналд Трамп, кој го обвини Си-Би-Ес за неправедна монтажа на интервју со тогашната потпретседателка Камала Харис. Трамп тврдеше дека сегментот бил монтиран за да се прикрие слаб одговор од Харис. Си-Би-Ес ги негираше тврдењата, објави целосен транскрипт и постигна спогодба од 16 милиони долари со Трамп, што се сметаше за потег за да се олесни патот за продажбата на Парамааунт. За време на вториот мандат на Трамп, ФЦЦ, традиционално неутрален регулатор, беше искористен за унапредување на приоритетите на претседателот. Спојувањата во телекомуникацискиот сектор наводно биле одобрени само откако компаниите ги прекинале програмите за различност и инклузија, кои претседателот на ФЦЦ, Брендан Кар, назначен од Трамп, ги сметал за дискриминаторски, пренесе ДПА. ФЦЦ изјави дека новиот Парамаунт „нема да одржува никакви програми за различност“ и наместо тоа ќе назначи внатрешен омбудсман кој ќе ја следи политичката неутралност во период од две години. Таткото на Дејвид Елисон, Лери Елисон, сојузник на Трамп и технолошки милијардер, е клучен финансиер зад аквизицијата. Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаЈанчев ја демантира СДСМ за водата набавена од Владата за ГостиварКако општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. - По обвинувањата од СДСМ дека владата без јавен оглас и тендер склучила договор за набавка на вода за пиење за Гостивар со Кожувчанка, како сопственик на Кожувчанка можам да кажам дека по јавниот оглас кој што го имаше Владата, односно општата служба за заеднички работи и по мои насоки, Кожувчанка конкурираше на огласот и го доби самиот оглас во вредност од 6 милиони денари со цена на чинење на вода од 12,5 денари за 1,5 литри шише односено до Гостивар со вклучен ДДВ. Сакам да кажам дека моите насоки до управителот беа редовната цена која што ја имаме од 25 денари за шише од 1,5 литри Изворска да биде со 50 проценти намалена, односно да биде намалена на 12,5 денари, со тоа што и самата компанија Кожувчанка партиципира во цената, истакна Јанчев. Со демант се јави и Компанијата Кожувчанка, соопштението го пренесуваме во целост. Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозициската СДСМ. Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на флаширана вода за потребите на Општина Гостивар, при што нашата компанија Кожувчанка од Кавадарци се пријави со понуда од 12,5 денари по шише, цена која е значително пониска од редовната продажна цена на производот која изнесува 25 денари. Разликата помеѓу редовната продажна цена и понудената цена за оваа набавка компанијата целосно ја презема на свој товар, како наш гест на општествена одговорност, солидарност и филантропија. Кожувчанка гарантира дека предметната количина на вода ќе биде бесплатно транспортирана до Општината Гостивар, а се’ со единствена цел навремено да им се помогне на граѓаните во услови кога тоа е им најпотребно. Уверени сме дека во вакви околности, најголемата корпоративна вредност не смее да биде профитот, туку солидарноста и поддршката на заедницата. Како домашна компанија, Кожувчанка и понатаму ќе остане посветена на својата општествена улога и ќе продолжи да помага таму каде што помошта е најнеопходна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИ Грција почна со ископ на бакар и злато - проектот „Скуриес“ како модел за еколошки одговорна иднинаВо 2023 год. Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) инвестираше над 56 милион евра во компанијата Eldorado Gold, финансирајќи го развојот на проектот „Скуриес“ во северна Грција. Ние се уште спиеме. Длабоко сон.Инвестицијата од реномирана институција како ЕБОР, која има строги критериуми за заштита на животната средина и одржливост, јасно покажува дека отворањето на нови рудници денес се темели на одговорен пристап. Проектот „Скуриес“ каде ископот веќе се одвива, се очекува наскоро да почне и со преработка со што ќе стане главен „играч“ на ЕУ за обезбедување бакар и злато — ресурси кои се од суштинско значење за глобалната економија и, што е уште поважно, за зелената транзиција. Бакарот е клучен метал за развојот на обновливите извори на енергија и електричните возила, со што директно придонесува кон намалување на глобалните емисии на јаглерод. Овој проект е доказ дека балансот помеѓу економскиот развој и зачувувањето на природата е возможен. Преку ригорозни проценки на влијанието врз животната средина (EIA) и континуирана соработка со локалните заедници, современите рударски проекти интегрираат напредни технологии кои го минимизираат еколошкиот отпечаток, ја штитат водата и почвата, и обезбедуваат целосна рекултивација на земјиштето по завршувањето на експлоатацијата. Проектот „Скуриес“ нè потсетува дека со вистинските партнери, транспарентност и цврста посветеност кон животната средина, рударството станува моќен сојузник во градењето на зелена и просперитетна иднина за сите нас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаОсум лица тешко повредени во сообраќајката кај БитолаОсум лица се здобиле со тешки телесни повреди во верижна сообраќајна несреќа кај Битола во која учествувале четири патнички возила.Од СВР Битола посочија дека сообраќајната несреќа се случила на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Охрид, на три километри од влезот во Битола и притоа во незгодата се судриле четири моторни возила. Во интервенцијата за итна помош на повредените беа вклучени повеќе болнички возила, повредените се згрижени во Битолската клиничка болница, стручен тим на СВР Битола ги истражува причините за сообраќајната несреќа, а наскоро ќе биде соопштен идентитетот на учесниците во сообраќајката на влезот во Битола.Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08