Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
ЖивотАмериканскиот мед сеуште содржи радиоактивен отпад од нуклеарните тестирања пред 60 години Новите истражувања покажуваат дека американскиот мед сè уште содржи траги од радиоактивен отпад од нуклеарните тестови спроведени во 1950-тите и 1960-тите години.Нивото на пронајден радиоактивен изотоп, цезиум-137, е под оние што се сметаат за штетни за луѓето, но нивното откритие сепак покажува колку долго траат последиците од нуклеарните експерименти. „Имаше периоди во кои тестиравме стотици нуклеарни оружја во атмосферата“, рече геохемичарот Џим Касте од Универзитетот Вилијам и Мери во Вилијамсбург. Цезиум-137 е нус-производ на нуклеарна фисија, што често може да се најде во траги на прехранбени производи поради нуклеарната контаминација на животната средина. Касте дошол до откривање траги од тој изотоп во медот сосема случајно, откако на своите студенти им дал задача во 2017 година за време на пролетниот одмор. За да им покаже дека радиоактивниот отпад од нуклеарните тестови од средината на 20 век сè уште е присутен во животната средина, Касте ги замолил своите студенти да донесат локално произведена храна од местото каде што ги поминале празниците. Како што се очекувало, биле откриени многу ниски нивоа на цезиум-137 во различни примероци на овошје, ореви и друга храна. Но, дури и Касте бил изненаден од резултатите на студентите за тестирањето на медот, купени од земјоделците од Северна Каролина. "Отидов да измерам повторно затоа што мислев дека нешто се случило со садот или со мојот детектор. Откако го повторив мерењето, тоа повторно покажа сто пати поголеми нивоа од која било друга храна", рече Касте. За да се разбере зошто медот содржи толку високо ниво на цезиум-137, Касте и неговите колеги тргнале да тестираат примероци на локално произведен суров, чист и нефилтриран мед низ источниот дел на САД. Од 122 тестирани примероци на мед, 68 содржеле видливи траги од радиоактивниот изотоп, односно остатоци од атмосферските нуклеарни тестови спроведени од САД, СССР и други земји за време на Студената војна. Повеќето детонации се случиле над Маршалските острови во Тихиот океан и Новаја Земља, Арктичкиот архипелаг во северна Русија. Некои тестирања се спроведени во Ново Мексико и Невада. Експертите веруваат дека кумулативниот ефект на над 500 тест-детонации испуштиле повеќе јонизирачко зрачење во атмосферата од кој било друг настан во историјата на човештвото. Иако не можеме да знаеме кои од сите овие експлозии се одговорни за нуклеарниот отпад што можеме денес да го најдеме во храната низ САД, експертите можат да објаснат како тој изотоп можел толку многу да се рашири, пишува Science Alert. Високото ниво на цезиум-137 во медот, во споредба со другите прехранбени производи, покажува дека радиоактивниот отпад е концентриран на необичен начин. Еден од главните начини на изотопот да стигне до почвата е дождот, но примероците на мед со најголемо количество радиоактивен изотоп доаѓаат од региони на САД кои не се меѓу оние со најмногу врнежи. Наместо тоа, се покажало дека оние примероци на мед со највисоко ниво на цезиум-137 доаѓаат од области на САД со ниско ниво на калиум во почвата, кои растенијата ги апсорбираат како извор на хранливи материи. Калиумот и цезиумот имаат голем број атомски сличности и кога растенијата во почвата, сиромашна со калиум не успеваат да добијат доволно ниво на посакуваната хранлива материја, наместо тоа ќе апсорбираат цезиум, дури и ако е нестабилен, радиоактивен по природа. На крајот, радиоактивниот изотоп завршува во растителниот нектар, што потоа го собираат пчелите и се зголемува неговата концентрација за време на производството на мед. Позитивната работа во врска со ова истражување е дека ниту едно ниво на цезиум-137 во храната, регистрирано денес, не е штетна за луѓето. Сепак, пред неколку децении, овој токсичен отпад бил посвеж и потенцијално поопасен за здравјето на луѓето, како и за здравјето на другите организми. „Она што го откриваме денес е мал дел од зрачењето кое беше присутно во текот на 60-тите и 70-тите години на минатиот век и не можеме со сигурност да кажеме дали цезиум-137 има врска со падот на бројот на пчелни колонии“, рече Касте. Студијата наречена Bomb 137Cs in modern honey reveals a regional soil control on pollutant cycling by plants , е објавена во списанието „Nature Communications“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваВидео: Дали ова е најбизарниот спорт во светот? Натпреварувачки се удираат по задникот Натпреварувачки се удираат по задникот, дали е ова најбизарниот спорт?.Ако мислевте дека сте ги виделе сите можни боречки спортови, Романците најдоа начин да ги изненадат сите. Промоцијата RXF организира натпревар наречен „Booty Slap“, во кој жените се удираат со дланка по задникот. Форматот е прилично едноставен. Две натпреварувачки стојат една спроти друга и наизменично упатуваат силни шлаканици со отворена дланка по задникот на противничката. Според тековните правила на RXF, дуелот се состои од вкупно десет шлаканици, а победничката се одредува врз основа на силината на ударот – односно штетата што ја предизвикуваат ударите. 🍑 Romania has butt-slapping competitions Romanian promotion RXF even has a separate discipline called Booty Slap: contestants take turns slapping each other on the butt, with the winner decided by the force and effect of the hits. So… where do you sign up to be a judge? — NEXTA (@nexta_tv) September 16, 2026 Натпреварувачките мора да имаат најмалку 18 години, а пред мечот нанесуваат специјална супстанца на рацете за да го максимизираат ефектот на шлаканиците. За разлика од класичниот „Power Slap“, целта овде не е да се нокаутира противничката со удар во главата. Наместо тоа, натпреварувачките се стремат да зададат што е можно посилна шлаканица, принудувајќи ја ривалката да изгуби рамнотежа или едноставно оневозможувајќи ја да ја издржи болката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБред Пит ја „загубил“ девојката на свадбата на Тејлор СвифтЕден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон.Еден од најголемите заводници во Холивуд, актерската ѕвезда Бред Пит откри дека за време на спектакуларната свадба на Тејлор Свифт и Тревис Келси – настан одржан на 3 јули во њујоршкиот „Медисон Сквер Гарден“, кој тој го опиша како „свадба на векот“ – накратко ја изгубил од вид својата девојка, Инес де Рамон, на преполниот подиум за танцување. „Тоа беше неверојатна ноќ“ . Говорејќи на премиерата на филмот *Heart of the Beast*, актерот раскажа дека тој и Инес поминале „10, можеби 12 часа“ на свадбата, на која присуствувале околу 1.000 гости, истакнувајќи дека тоа била „неверојатна ноќ“. Поради правилото што им забранувало на гостите да ги користат своите телефони, Пит рече дека накратко ја изгубил Инес од вид во гужвата на подиумот, но брзо ја пронашол со помош на другите гости, додавајќи дека целата прослава била внимателно испланирана, емотивна и многу забавна. Двојката, која е заедно од 2022 година, ја официјализираше својата врска на Инстаграм за време на свадбата. Инаку на свадбата на векот меѓу истакнатите гости беа Џиџи Хадид, Бредли Купер, Ед Ширан, Сабрина Карпентер, Хју Грант, групата „Хаим“ и Том Хенкс. Во меѓувреме, новиот филм на Пит, *Heart of the Beast*, пристигнува во кината на 23 септември, според „Филм-њуз“ (Film-News).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter