3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
СветАмериканскиот државен секретар Марко Рубио од Минхен повика на обнова на трансатлантското партнерствоВниманието на светската јавност беше насочено кон обраќањето на американскиот државен секретар Марко Рубио кој порача дека Соединетите држави не се оддалечуваат од Европа, туку се обидуваат да го обноват старото пријателство... Пленарна сала со светски лидери кои воздивнаа од олеснување – вака претседавачот на Минхенската безбедносна конференција го оцени говорот на американскиот државен секретар Марко Рубио кој порача дека САД и Европа припаѓаат заедно, а старото пријателство не смее да се растури туку мора да се ревитализира. Говорот на Рубио беше долгоочекуван после серија на кризи во трансатлантските односи, почнувајќи од тет-а-тет средбите САД-Русија каде тема беше и војната во Украина, како и намерите за присвојување на Гренланд. „САД и Европа припаѓаат заедно. Америка беше создадена пред 250 години но корените започнаа на овој континент многу претходно. Претседателот Трамп бара сериозност и реципроцитет од нашите пријатели овде во Европа, причината зошто, мои пријатели, е бидејќи се грижиме длабоко за вашата и наша иднина. Денес сум овде за да појаснам – Америка го трасира патот на нов век на просперитет и уште еднаш, сакаме тоа да го направиме заедно со вас, нашите сојузници и најстари пријатели.“ Рубио и порача на Европа дека мора да стане одбранбено посилна, но и ја советуваше да престане со како што рече уништувачките политики на масовна имиграција и зелена енергетска трансформација. Пораките на Рубио во Минхен, позитивно ги оцени и премиерот Христијан Мицкоски кој на социјалните мрежи напиша дека станува збор за јасен сигнал до сите сојузници дека светот веќе не функционира по старите правила. Со забелешките на Рубио за зајакнување на одбранбениот капацитет на Унијата се согласи и шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен која и најави активирање на ЕУ клаузата за заедничка одбрана. „Европа мора да стане повеќе независна, едноставно нема друг избор. Верувам дека дојде време да се оживее клаузулата за заемна одбрана на Европа. Заемна одбрана не е опционална задача за ЕУ, туку обврска. Нова доктрина (за безбедност) има едноставна задача – да осигури дека ЕУ може да ја брани својата територија, својата економија, демократија и начин на живот во секое време. Бидејќи ова е, во крајна линија, вистинското значење на независноста.“ За критиката дека САД е премногу блага кон Русија, на еден од панелите на конференцијата, Генсекот на НАТО- Марк Руте, уште еднаш застана во одбрана на американското лидерство во решавањето на Украинската војна и посочи дека голем дел од гаранциите за безбедност кои ги бара Киев, се речиси подготвени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТехеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на ИранИран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.Тагови: Техеран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
СветПутин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористиПутин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски. Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter