Ова е начин неофицијално да се прослави влезот на земјата во НАТО.
Според шведското Министерство за одбрана, авионите го прелетале главниот град Стокхолм и Упсала. Официјално, тоа е заедничка вежба на шведските и американските воздухопловни сили.
Шведска официјално ќе влезе во НАТО веќе утре, изјавија за Политико двајца функционери кои го познаваат планот, пренесува порталот.
Точното време на влез зависи од темпото на Унгарија да ја регистрира својата потврда за кандидатурата на Шведска во Вашингтон.
Церемонијата на подигнување на знамето е закажана за понеделник напладне во седиштето на алијансата на периферијата на Брисел, по повод одбележувањето на пристапувањето, соопштија официјални лица.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром денеска патуваат за Вашингтон. Документацијата за пристапување на Шведска ќе биде официјално депонирана во Стејт департментот на САД, со што и формално ќе заврши процесот.
Шведска минатата недела ја помина последната пречка за да стане 32-та членка на Алијансата, откако Унгарија, последната од земјите-членки, одржа парламентарно гласање за одобрување на кандидатурата. Новиот претседател Тамас Суљок го потпиша во вторникот, веднаш по инаугурацијата.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој одржуваше контакт со рускиот претседател Владимир Путин и покрај притисокот од Западот, повеќе од 600 дена одбиваше да ја одобри кандидатурата на Шведска.
Турција, исто така, притискаше Шведска да не се приклучи со образложение дека не е доволно строга против курдското малцинство што живее во таа земја.
Пристапувањето на Шведска ќе биде стратешки удар за Москва. Тоа го претвора Балтичкото Море во езеро на НАТО, што го прави многу полесно за Алијансата да ги следи движењата на руската морнарица. Шведска има и добро вооружена војска и напредна воена индустрија.