Американски разузнавачи: Корона вирусот не е развиен како биолошко оружје

Канцеларијата на американскиот директор за национално разузнавање (ODNI) вчера објави нова разузнавачка проценка, која е декласифицирана за потеклото на Ковид-19.

Во извештајот се проценува дека коронавирусот не бил развиен како биолошко оружје.

Тие наведуваат и дека постои можност никогаш со сигурност да не го утврдат потеклото на вирусот.

Природното потекло и истекувањето од лабораторијата се убедливи хипотези за тоа како Ковид-19 прво ги заразил луѓето, но аналитичарите не можат да се договорат за тоа што е поверојатно и дали воопшто може да се направи конечна проценка, се вели во извештајот на ОДНИ.

Извештајот, исто така, ја отфрла сугестијата дека коронавирусот настанал како биолошко оружје и се наведува дека поборниците на оваа теорија „немаат директен пристап до Институтот за вирологија во Вухан“ и се обвинети за ширење дезинформации.

Извештајот е производ на 90-дневна ревизија објавена од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во август, во услови на интензивни политички судири околу тоа дали да се обвини Кина за глобалната пандемија и до кој степен, или владите кои можеби не реагирале доволно брзо за да се заштитат нивните граѓани.

Во извештајот на ОДНИ се наведува дека четири американски разузнавачки агенции и тело кое обединува повеќе агенции имаат „ниско ниво на доверба“ дека „Ковид-19“ потекнува од заразено животно или поврзан вирус.

Но, една агенција смета дека има „умерена доверба“ дека првата човечка инфекција со Ковид-19 најверојатно била резултат на лабораториска несреќа, која најверојатно вклучувала експериментирање врз животни во Институтот за вирологија во Вухан.

Американските разузнавачки агенции веруваат дека нема да можат да дадат попрецизно објаснување за потеклото на ковид-19 без нови информации кои укажуваат дека вирусот поминал специфичен пат од животните до луѓето или дека лабораторија во Вухан работела на вирусот или сроден вирус на ковид-19.

Во извештајот се наведува дека на американските агенции и на глобалната научна заедница им недостигаат „клинички примероци или целосно разбирање на епидемиолошките податоци од најраните случаи на Ковид-19“ и дека овој извештај може да се преиспита доколку се појават повеќе докази.

Кина се соочи со меѓународни критики дека не соработува поактивно во истрагите за потеклото на актуелниот коронавирус.

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер