Американски полицајци во акција за спасување грабнато 8- годишно девојче (ВИДЕО) - Канал 5

Американски полицајци во акција за спасување грабнато 8- годишно девојче (ВИДЕО)

На видеоснимката направена со бодикам ,што е дел од стабндардната полициаска опрема во САД асе гледа спасувањето на киднапирано 8- годишно девојче.

Американски полицајци во акција за спасување грабнато 8- годишно девојче (ВИДЕО)

Салем Сабатку била киднапирана на 18 мај годинава од 51-годишниот Мајкл Веб. Ја грабнал додека шетала со нејзината мајка во Форт Ворт, Тексас. Мајката се обидела да го запре, но не успеала, пренесува Скај њуз.

Полицијата наскоро го пронашла грабнувачот и упаднала во неговата хотелска соба во Тексас следниот ден. Го нашле девојчето во корпа со валкани алишта и ја извадиле од хотелот.

YouTube video

Веб е обвинет за киднапирање и сексуален напад. На поротата и биле потребни помалку од 10 минути за да го прогласи за виновен во септември годинава. Тој минатата недела е осуден на доживотен затвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Винисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитени

Ѕвездата на Реал Мадрид, Бразилецот, Винисиус Жуниор, оваа недела повторно јавно им се обрати на судиите и на надлежните органи кои ги регулираат правилата на играта, повикувајќи на подобра заштита на фудбалерите. 

Винисиус: Играчите кои прават разлика на теренот, како мене и Јамал, мора да бидат заштитени

Во изјава за новинарите по победата на Реал Мадрид над Рома во Лигата на шампионите, одиграна на стадионот „Олимпико“во Рим, популарниот Вини ја искористи можноста да го изрази своето незадоволство, како од противничките одбранбени играчи, така и од судиите.

„Имам чувство дека одбранбените фудбалери можат да ме удираат кога и да посакаат, а сепак, на крајот јас сум тој што добива жолт картон. Сметам дека треба да ги заштитиме играчите кои прават разлика на теренот – како мене, Ламин Јамал и Хулијан Алварез“, изјави Винисиус.

Винисиус имаше големи потешкотии на теренот против Рома и беше заменет по еден час игра, откако не успеа да оствари значително влијание во нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Болсонаро или Лула?

Сенаторот Флавио Болсонаро продолжува да води пред бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва пред вториот круг од претседателските избори.

Болсонаро или Лула?

За потсетување, вториот круг е закажан за 25 октомври, сепак, според медиумските извештаи, разликата меѓу двајцата кандидати се намалила.

Како што пренесува Ројтерс, анкетата на институтот „Датафоља“, објавена во четвртокот, покажува дека Болсонаро – најстариот син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро – би добил 47 отсто од гласовите, додека Лула би добил 45 отсто.

Во анкетата на „Датафоља“ објавена минатата недела, Болсонаро имаше поддршка од 49 отсто од испитаниците, наспроти 45 отсто за Лула.

Во првиот круг од претседателските избори, одржан на 4 октомври, Болсонаро освои 47,03 отсто од гласовите, додека Лула доби 45,16 отсто.

Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, тие ќе се соочат еден против друг во вториот круг на 25 октомври.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја потресе Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на Камчатка, а во некои области се почувствувани потреси со интензитет до пет степени, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации. 

Силен земјотрес ја потресе Камчатка

Во одредени делови на Петропавловск-Камчатски, како и во Уст-Камчатскиот и Алеутскиот округ, се почувствувани потреси со интензитет до четири степени, додека во окрузите Виључинск и Јелизово интензитетот достигнал пет степени, се наведува во соопштението објавено на платформата „Макс“.

Според податоците на огранокот на Камчатка при Геофизичката служба на Руската академија на науките, епицентарот на земјотресот бил на копно, во округот Јелизово, на 138 километри југоисточно од селото Уст-Болшерецк, на длабочина од 128 километри.

Службите за итни случаи не добиле никакви повици поврзани со земјотресот, а не е издадено ниту предупредување за цунами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер