ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
1ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
СветАмерикански новинар, заробен во 2012 е уште жив- Бајден вети дека ќе биде ослободен Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе се обидат да го ослободат еден од најдолго држените американски заложници по ненадејниот пад на сириската влада и режимот на Башар ал Асад.Говорејќи во Белата куќа, Бајден рече дека САД веруваат дека Остин Тајс се уште е жив, но дека неговата локација во земјата разурната од војната треба прецизно да се утврди, пренесе Би-Би-Си. Остин Тајс, слободен новинар, бил уапсен во близина на Дамаск на 14 август 2012 година додека известувал за сириската граѓанска војна. Во неделата, бунтовничките борци го зазедоа сирискиот главен град, што беше кулминација на молскавична офанзива започната пред две недели. Сирискиот претседател Башар ал Асад избега од земјата и подоцна беше потврдено дека со семејството добил азил во Русија. Biden says US hostage Austin Tice is alive in Syria https://t.co/qnTzYZEjrW — BBC News (World) (@BBCWorld) December 8, 2024 Американскиот претседател Бајден рече дека заминувањето на Асад е „фундаментален чин на правдата“ по децениска репресија, но и „момент на ризик и неизвесност“ за Блискиот Исток. „Свесни сме дека има Американци во Сирија. Вклучувајќи ги и оние што живеат таму, како и Остин Тајс, кој беше заробен пред повеќе од 12 години“, рече Бајден и продолжи: „Решени сме да го вратиме кај неговото семејство. На излегување од собата, Бајден одговори на прашање од медиумите за Тајс. „Веруваме дека е жив. Мислиме дека можеме да го вратиме, но сè уште немаме директни докази за тоа. Треба да утврдиме каде се наоѓа.“ Остин Тајс, кој сега има 43 години, последен пат бил виден со врзани очи на видеото, кое било објавено на интернет неколку недели по неговото апсење. Иако ниту една влада или група не ја презеде одговорноста за неговото исчезнување, американските власти набрзо изјавија дека веруваат дека сириската влада го држи како заложник. Неговата сестра Абигејл Едабурн рече дека веруваат дека тој се уште е во Сирија. „Не ги знаеме точните околности каде се наоѓа, но знаеме дека е во Сирија и дека е здрав“, рече таа и додаде: „Не знам колку можам да кажам, но има независни, сигурни извори кои можеа да ја потврдат оваа информација.“ ФБИ во неделата соопшти дека сè уште нуди награда од 1 милион долари за информации што ќе доведат до „безбедна локација, спасување и враќање“ на Тајс. САД во моментов имаат околу 900 војници во Сирија, а Бајден во неделата рече дека планира да ги задржи тие сили во земјата. Претседателот, исто така, рече дека американските сили извршиле „десетици“ таканаречени „прецизни воздушни напади“ во неделата против камповите и операциите на Исламската држава во источна Сирија. Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави во саботата дека САД не треба воено да интервенираат во Сирија. „Ова не е наша борба“, напиша Трамп на социјалните мрежи. Сириската опозиција која го собори Асад е предводена од групата поврзана со Ал Каеда Хајат Тахрир ал-Шам, која администрацијата на Бајден ја означи како терористичка група.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook