Американски хибриден болид со 1250 КС , за 1,9 сек. стигнува до 100км/час (ВИДЕО) - Канал 5

Американски хибриден болид со 1250 КС , за 1,9 сек. стигнува до 100км/час (ВИДЕО)

Овој хибрид доаѓа од Калифорнија, a забрзува како најдобрите болиди на светот.

Американски хибриден болид со 1250 КС , за 1,9 сек. стигнува до 100км/час (ВИДЕО)

Малку познатата компанија Czinger Vehicles доаѓа од Калифорнија и ќе ја претстави својата нова креациија на саемот во Женева, за да се обиде да привлече потенцијални купувачи, како и инвеститори за својот проект.

Станува збор за хиперспортски автомобил со хибриден погон од 1250 КС. Во официјалното соопштение, компанијата откри само дека хибридниот погон е нивно дело, но и дека автомобилот ќе може да забрза до 100 км на час за 1,9 секунди. Автомобилот се вика 21С.

YouTube video

Сè уште не е прикажан ентериерот, а се знае само дека Мекларен Ф1 беше модел за опремата. и секако дека цената нема да биде конкурентна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјата

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски.

Мицкоски: До крајот на годината нема да има поскапување на струјата

Цената на електричната енергија до крајот на годината ќе остане иста, а владата ќе се бори таа да остане иста и од 1 јануари – изјави денеска премиерот Мицкоски, според кој приоритет на владата била одржување на енергетската стабилност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 години

Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков.

Осми конгрес на СОНК и повлекување на Неделков по 16 години

Ќе се заложам за подобри услови и плати, почитување на стекнатите права, но и за враќање на достоинството на просветниот работник, порача на осмиот конгрес на СОНК Стојко Рамов кој како единствен кандидат го заменува Јаким Неделков, кој по 16 години минати на претседателското место се повлекува од челната синдикална позиција.

-Приоритет ќе ми биде склучување на колективниот договор за основно и средно образование, но и да се потпише колективен договор за детска заштита, нов колективен договор за култура. Сметам дека во идниот период следува доста работа, се надевам дека ќе наидеме на разбирање од социјалните партнери и дека ќе успееме да го подобриме економскиот и социјалниот статус на просветните и културните работници во Република Македонија,- -Стојко Рамов.

Го скршивме мразот на замрзнатите плати, а трасираниот пат кон успехот треба да продолжи бидејќи навистина има уште многу работи што треба да се завршат, порача Неделков истакнувајќи дека за најголемо достигнување и гордост сепак го смета тоа што не дозволил разни струи од надвор да влезат во редовите на Синдикатот.

-Во овој мандатен период најмалото зголемување во дејностите детска заштита и образование е над 70 %, а највисокото зголемување на платите во високото образование и наука е околу 100 %. Мојата најголема гордост е што не дозволив разни „струи“ од надвор кои имаат интерес го ослабнат СОНК, да влезат во нашите редови и да го ослабнат или растурат Синдикатот. Највистина сум горд што нашето членство остана единствено,- - Јаким Неделков.

Министерката за образование и наука Весна Јавска која присуствуваше на Конгресот порача дека очекува да продолжи партнерскиот дијалог и подвлече дека тешката реформа, што инаку вклучува затворање на голем број на училишта ширум земјава, или „оптимизацијата во образованието“ нема да остави ниту еден наставник без работа.

„Оптимизација“ значи подобрување на образовниот процес. Во принцип, генерално, најголемата корист ќе биде за учениците, но тоа не значи дека и наставниците нема да се чувствуваат подобро кога работат во подобри услови и поголеми групи. Овој процес, кажав, би требало да трае најмногу 4 години, во кои ниту еден наставник нема да го загуби работното место, но нови вработувања во овој период нема да има. - Весна Јаневска.

По 16 години, СОНК добива нов претседател, Рамов го презема претседателското место како единствен кандидат на осмиот конгрес, а до изборот беше еден од двајцата потпретседатели на СОНК и претседател на регионален огранок на синдикатот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓаните

Шест кандидати од четири политички коалиции и двајца независни ќе ги одмерат силите во недела во трката за нов градоначалник на општина Брвеница.

Шест кандидати во трка за Брвеница: Програми, визии и пораки до граѓаните

Вонредните избори доаѓаат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава.

Владејачките коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ настапуваат со посебни кандидати, а ЗНАМ дава поддршка на кандидатот на најголемата владејачката партија. На митинзите во Брвеница кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски најави посветена и транспарентна работа за развој на општината, а поддршка доби и од премиерот и партиски лидер Мицкоски, кој кажа дека очекува убедлива победа во недела.

Со одделни кандидати ќе настапат и опозициските партии СДСМ и ДУИ. Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Јовица Радевски на синоќешниот митинг во Брвеница вети нов инфраструктурен развој и економски раст за општината. Партискиот лидер Филипче, пак, со поддршка и порака до Мицкоски и власта дека време е за промени, а СДСМ, како што рече е неуништлив.

Во кампањата и кандидатите Јакуп Хусеини од ВРЕДИ и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција пред жителите на Брвеница ветија проекти за развој на општината, поддршка за младите и за локалната економија.

Со сопствени програми, приоритети и визија за Брвеница настапија и двајцата независни кандидати Душан Богдановски и Арифе Идризи. Поради поголемиот број кандидати проценките се дека можен е и втор круг гласање кој треба да се одржи за две недели, на 1 ноември.

Според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат вкупно 16.256 запишани избирачи, кои ќе гласааат на 24 избирачки места..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер