Промовиран проектот „Учи,играј,расти“- ќе се реконструираат и изградат училишни сали за физичко образование
Речиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини
1Промовиран проектот „Учи,играј,расти“- ќе се реконструираат и изградат училишни сали за физичко образование
2Речиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини
33.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
СветАмериканската федерална полиција го претресува станот на поранешниот личен адвокат на Трамп Федералната полиција на САД изврши претрес во њујоршкиот стан на Руди Џулијани, поранешен личен адвокат на Доналд Трамп и поранешен градоначалник на Њујорк, како дел од истрагата за неговите работи во Украина, објавија повеќе американски медиуми.Според Њујорк Тајмс, што се повикува на анонимни извори, налогот за претрес им бил даден на федералните обвинители во Менхетен и биле запленети „електронски уреди“, што е многу редок случај за адвокат. На барање, ниту главните обвинители на Менхетен ниту ФБИ не ја потврдиле таа информација. Федералните обвинители со месеци го истражувале лобирањето на Џулијани во Украина, особено можноста поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп и самиот поранешен федерален обвинител на Менхетен да посредувале со владата на Трамп во 2019 година во име на украински официјални лица и претприемачи. Против Џулијани (76) не е покренато обвинение, а главните обвинители никогаш не зборувале официјално за истрагата. Но, есента 2019 година тој се најде во центарот на украинската афера што го потресе мандатот на Трамп. Тогаш било откриено дека Руди Џулијани се обидува да го убеди Киев да објави непријатни информации за Џо Бајден, што придонело за започнување на постапката за отповикување на американскиот претседател. Две лица кои работеле за него во Украина, Лев Парнас и Игор Фруман, се обвинети кон крајот на 2019 година во Њујорк за кршење на законите за финансирање на кампањи. Руди Џулијани беше меѓу најжестоките бранители на Доналд Трамп во последните месеци и неговите тврдења дека претседателските избори во 2020 година биле наместени во корист на Џо Бајден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПромовиран проектот „Учи,играј,расти“- ќе се реконструираат и изградат училишни сали за физичко образованиеПромовиран проектот „Учи, играј, расти“, со кој ќе бидат реконструирани и изградени 60 сали за физичко образование во основните и средните училишта.Меѓу училиштата опфатени со проектот е и основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел, каде се одржа презентацијата на проектот, со кој освен активностите за рехабилитација на салите за физичко образование во основните и средни училишта, ке биде опфатена и набавка на спортска опрема.. Проектот е кофинансиран преку инвестициската рамка за Западен Балкан и Развојната банка на Советот на Европа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРечиси еднакво застапени во избирачкиот список, но жените гласаат помалку од мажите, главно во малите општини Иако се речиси еднакво застапени во избирачкиот систем, на локалните избори минатата година, жените сепак помалку излегле на гласање од мажите, особено во помалите општини.Овие податоци беа изнесени на конференцијата посветена на можностите за унапредување на учеството на жените во изборните процеси , на која учествваа претставници од Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, швајцарската амбасада и Мегународната фондација за изборни системи- ИФЕС, но и претставнци на собранието, граѓанскиот сектор и меѓународни експерти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија3.300 евра за квадрат во Центар, куќа во Карпош 1,5 милиони евра, пазарот на недвижнини порасна за 21,3%Стан од 50 метри квадратни во скопски центар продаден за 168.000 евра, додека куќа од 575 квадратни метри во Карпош е купена за 1,5 милион евра, покажуваат податоците на Катастар за најскапо продадени недвижности во првата половина од 2026 година.&nЕксперти од градежниот сектор признаваат дека трендот на пораст на цените на становите и куќите продолжува и годинава - Образложуваат дека таков е примерот и со земјите во регионот, иако признаваат и оти е факт дека куповната моќ на граѓаните дома сепак е намалена. – Секоја цена која пазарот ја плаќа или населението ја плаќа за одреден деловен или станбен простор е цена која е реална и е пазарна. Мене ми е жал што стандардот не ја следи инфлацијата со која се подигаат цените на становите, но верувајте дека тоа не е само случај кај нас. Ако видите и во околината, а и пошироко ќе сфатите дека, еве во Белрад на пример цените за недвижнини се исто во атрактивни централни градски подрачја и до 5.000 евра, во Софија исто, во Ниш имаме во централното градско подрачје, во град што не е главен град на наша соседна држава, се нудат станови по 2.500 евра. изјави Андреа Серафимовски , претседател на здружението на градежната индустрија, градежните материјали и неметали при Стопанската комора. Иако во првата половина од 2026-та година пазарот за недвижности бележи пораст од над 21 процент во однос на лани, агенциите кои ги контактиравме, велат дека во моментот понудата е поголема од побарувачката, иако потенцираат и дека тоа може бргу да се промени во пракса. - Во овие попатрактивни локации кои се за купување, факт е дека има хиперпродукција на станбени единици и едноставно во моментот реално самиот град не може толку да продаде, затоа што заинтересираноста кај самите клиенти во моментот не е толкава. Да речеме ако имаме 1.000 станови, немаме и 1.000 купци, туку едноставно имаме 1.000 станови, а имаме 100 до 200 купци во моментот коишто се актуелни. Да се гради, но можеби ќе се смени ситуацијата. Еве сега ова го збориме, но за неколку месеци можеби ќе има и дефицит на станбени единици на пазарот, затоа што сме го виделе тоа во минатото. - изјави Александар Гиноски, сопственик на Агенција за недвижности. Покрај во Скопје, каде просечната цена на новите станови достигнува и до над 1.700 евра за метар квадратен, скапо е и во Охрид, каде стари станови се продаваат за сума од 1.299 евра за метар квадратен. Најниски просечни цени се евидентирани во Струмица и тоа 719 евра за квадратен метар кај старата градба и 689 евра кај становите од инвеститори. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00