Американската амбасада во Турција ги повика американските државјани да бидат претпазливи

Американската амбасада во Турција примила веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирање на американски и странски државјани во Истанбул.

Американската амбасада во Анкара соопшти денес дека привремено ќе го суспендира издавањето на визи за сите американски државјани заради веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски државјани во Истанбул.

-Американската амбасада во турција прими веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски и странски државјани во Истамбул, вклучувајќи го американскиот Генерален конзулат и други потенцијални локации во Турција, соопшти амбасадата.

Амбасадата во Анкара исто така го повика американските државјани да бидат претпазливи, посебно при престој во големи деловни згради, трговски центри и други локации на ки се собираат странци, јавува „Еј-Би-Си Њуз“.

Османи на заедничкиот видео-брифинг со Филипче

Координирана акција и солидарност е клучот за надминување на кризата предизвиката од КОВИД-19, вели Османи.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, организираше заеднички видео-брифинг со Министерот за здравство Венко Филипче со претставниците на сите дипломатско-конзуларни претставништва и мисииакредитирани во Скопје.

Целта на брифингот беше да се информираат Амбасадорите за здравствено-епидемиолошката состојба во државата, но истовремено и заразличните сетови на мерки коиги презема Владата за справување со пандемијата.

„Министерството за надворешни работи е во постојана комуникација со владите од сите земји и со нивните акредитирани претставници во земјата и остануваме на располагање како главен столб со цел навремени и точно информирање за состојбата во земјата во контекст на Ковид-19", истакна Османи.

„Особено сме благодарни до земјите и демонстирањето на заедништвото како чин на солидарност имеѓудржавната соработка бидејќи пандемијата не научи дека во ова време ни е потребна многу повеќе интеграција отколку изолација и само преку координирана акција ќе излеземе многу посилини и отпорни на оваа глобална закана", нагласи Османи.

Министерот за здравство Филипче ги информираше Амбасадорите подетално за последните случувања во однос на справувањето со КОВИД-19, мерките преземени од страна на Владата за здравствена заштита на граѓаните како и понатамошните планови за справување со предизвиците предизвикани од пандемијата.

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Шекеринска- Галовеј: Обединетото Кралство стои покрај Македонија

Обединетото Кралство стои покрај Република Македонија како една членка на НАТО до друга.

Македонија и Обединетото Кралство се две сојузнички земји, члеки на НАТО кои врз заеднички вредности што ги споделуваат изградија многу цврста и активна соработка.

Ова го истакнаа министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј денеска по одржаниот состанок на кој што дискутираа за заедничките вредности што ги споделуваат двете држави како членки на НАТО.

-Врз тие вредности навистина изгрдивме многу цврста и многу активна соработка заснована на фактот дека Македонија и Обединетото Кралство се две сојузнички земји, членки на НАТО. Како новопримена членка на НАТО се наоѓаме во процес на интеграција на воен, политички, организиран и тактички план. Нашата армија сега е НАТО армија. Огромното искуство на нашите пријатели од Обединетото Кралство за нас е од огромна помош во тој процес. Тука се сега со нас помагајќи и на нашата армија со обуки и тренинзи. Додека денеска разговараме во Скопје, два британски тима за обука се на Криволак заедно со нашите војници пренесувајќи им ги вештинитите на современи воено одбранбени техники, истакна Шеќеринска.

Таа додаде дека кога започна оваа засилена соработка во одбраната во 2018 година заедно со Обединетото Кралство биле оптимисти кон заедничката соработка, но не очекувале вака засилено темпо на соработка што се однесува на школување, заеднички тренинг, создавање искуство и користење опрема, развој на декларираните единици, на родовата перспектива, што резултираше со потпишување договорот за одбранбена соработка.

Амбасадорката Галовеј најави дека Обединетото Кралство ќе донира значителна нова опрема, во вредност од 230 илјади британски фунти, на Армијата на Република Македонија, што ќе биде наменета за претстојната способност на армијата за „блиска борба на пешадија без возила" и конкретно во единиците назначени за НАТО.

-Односите помеѓу Обединетото Кралство и Република Македонија се посебни. Тие не се само односи помеѓу сојузници, туку се поблиски и наликуваат на роднински, засновани на заеднички вредности и демократски принципи. Како една членка на НАТО до друга, Обединетото Кралство стои покрај Република Македонија. Природата на овој однос е особено очигледна во одбранбените и безбедносните прашања, изјави амбасадорката.

Галовеј истакна дека во моментов има два тима од британската армија кои се обучуваат заедно со армијата на полигонот Криволак, а намерата на Обединетото Кралство е да продолжи со оваа поддршка, зголемувајќи го притоа и интензитетот и зачестеноста во наредната година.

Таа додаде дека еден од тимовите кои се обучуваат заедно со армијата на полигонот Криволак реализира обука за помлади лидери, додека вториот тим ја поддржува обуката на Лесната пешадиска баталјонска група назначена за НАТО. /МИА

Онлајн состанок со германски стопанственици заинтересирани за инвестиции

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. 

Инвестиции во областите на дигитализација, енергетска ефикасност, третман на отпадни води, градење на општинска инфраструктурата, како и зајакнување на здравствените системи, кои ќе креираат понатамошен економски раст, беа тема на дискусија на онлајн состанокот со делегацијата од над 20 германски стопанственици од повеќе сектори кои покажаа интерес за инвестиции во земјава, на кој воведни обраќања имаа премиерот Зоран Заев, вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи, германската амбасадорка Анка Холштајн и Михаел Хармс, директор на Комитетот на источна Европа на германското стопанство.

Премиерот Заев, информираат од владината прес-служба, истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. Сојузна Република Германија е најважен трговски партнер на Македонија од осамостојувањето до денес. Премиерот нагласи дека повеќето од германските инвеститори работат со голем успех во нашата земја и Германија е најголемиот надворешно-трговски партнер, со вкупна трговска размена во периодот јануари-септември 2020 година од 2,4 милијарди евра.

Вицепремиерот Битиќи дополни дека Владата е посветена на креирање на предвидлива бизнис клима за инвеститорите во земјава. За таа цел е отпочнат процес на долгорочен стратешки Национален развоен план и Централна единица за следење на ефективноста и ефикасноста на економските политики, борба со сивата економија и елиминација на корупцијата на сите нивоа.

На состанокот со германските стопанствениците дискутираа и министерот за здравство, Венко Филипче, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врска Благоја Бочварски, како и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање околу спецификите и можностите за инвестирање во соодветните области.

Во таа насока и на годишниот самит на Берлинскиот процес што се одржа во Софија, а ко-претседаваше Бугарија, Македонија се приклучи на потпишување на две важни политички декларации што ќе го забрзаат идниот економски раст. Првиот е имплементација на заеднички регионален пазар меѓу шесте земји од Западен Балкан, додека втората е за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, подготвена од Европската комисија. И двата процеси ќе доведат до понатамошно зајакнување на регионалните економска интеграција, што дополнително ќе го забрза економскиот раст на Македонија.

Заедно со Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, што издвојува до 9 милијарди евра за целиот регион во следните неколку години, тие регионални иницијативи создаваат солидна основа за идните перспективи на регионот. /МИА

притисни ентер