Американска вселенска сонда се враќа на Земјата, носи примероци од астероид (ВИДЕО) - Канал 5

Американска вселенска сонда се враќа на Земјата, носи примероци од астероид (ВИДЕО)

Американското вселенско летало Osiris-Rex  вчера ја напушти орбитата на астероидот Бенну, од кој минатата година собра примероци прашина, и го започна долгото патување кон Земјата.

Американска вселенска сонда се враќа на Земјата, носи примероци од астероид (ВИДЕО)

Вселенското летало вчера извршило успешен маневар, активирајќи ги придвижувачите за да може сондата да ја однесе на точната траекторија кон Земјата. Инженерите од Центарот Локид Мартин во Литлтон, Колорадо, потврдија дека поттикнувачите работеле седум минути.

Пред неа е голема оддалеченост што мора да ја помине пред да слета во пустината во Јута на 24 септември 2023 година, каде ќе испушти капсула полна со примероци од астероидот Бенну. Така, сондата ја очекува двегодишно патување за време на кое ќе помине растојание од 2,3 милијарди километри.

„Озирис-Рекс“ се оддалечува од Бенну со брзина поголема од 600 милји на час на пат кон дома”, рече Данте Лаурета, шефот на мисијата, во видео преносот на НАСА. Сондата од астероидот носи повеќе од 60 грама примероци.

Вселенското летало било лансирано кон астероидот Бенну од Флорида во 2016 година, а за да ја постигне поставената цел, влезе во неговата орбита во октомври 2020 година, со што стана првото вселенско летало што кружело околу астероидот. Потоа започнала операција со висок ризик.

Сондата постепено се приближуваше до астероидот и ја прошири својата роботска рака со уред за земање мостри. Неколку секунди стапи во контакт со астероидот кога уредот ја допре неговата површина и предизвика експлозија на компримиран азот, доволно силен за да крене прашина од површината, која потоа беше заробена во посебен резервоар.

Научниците од НАСА биле изненадени кога откриле дека роботската рака потонала неколку инчи во површината на астероидот, што сугерира дека „површините на таквите астероиди можат да бидат прилично меки“, рече Лаурета.

Токму поради ова, се собрани повеќе примероци отколку што првично било планирано, па капакот на резервоарот се заглавил. Мисијата речиси не успеала.

Но, инженерите на крајот успешно го затвориле и ги сместиле скапоцените примероци во капсулата прикачена во центарот на леталото.

Озирис-Рекс неколку месеци останал со астероидот Бенну, каде што го проучувал кратерот на површината и сега конечно се враќа на Земјата.

Откако ќе ја испушти капсулата во атмосферата на Земјата и ќе слета во областа Јута, леталото ќе остане во вселената, а доколку му остане доволно гориво, НАСА би можела да го испрати во нова мисија.

Откако ќе се најдат на Земјата, примероците ќе бидат пренесени во вселенскиот центар на НАСА, Џонсон во Хјустон, но научниците ќе анализираат само 25 проценти, а останатите 75 проценти ќе останат недопрени, така што идните генерации експерти од целиот свет ќе можат да ги проучуваат со помош на понапредна технологија, соопшти агенцијата.

YouTube video

Анализата треба да им помогне на научниците подобро да го разберат потеклото на Сончевиот систем и развојот на Земјата како планета на која што може да се живее.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ.

„Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ.

Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“.

Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска.

Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче.

„Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

Според излезните анкети Илина Јотова ќе биде прва жена претседател на Бугарија.

Јотова во водство на претседателските избори во Бугарија

По вториот ккруг избори денеска неколку анкети за испитување на јавното мислење и даваат на јотова околу 52 проценти од гласовите .

Поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, кој има поддршка од прозападните опозициски партии, имал околу 44 % од гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер