СкијањеАмериканска скијачка победила во чест на починатиот татко, се расплака на финишот (ВИДЕО)Американката Микаела Шифрин победи вчера во женскиот слалом за Светскиот куп во австрискиот скијачки центар Флачау.Шифрин, која сè уште водеше по првото возење, стигна до 44-та победа во слаломот на Светскиот куп и четврта во Флахау, со 19 стотинки предност пред Австријката Катрин Линсбергер, додека третото место го освои Швајцарката Венди Холденер со 43 стотинки послабо време. MIKAELA SHIFFRIN HAS HER FIRST SLALOM WIN OF THE SEASON!!! It's her fourth win in Flachau and her 68th World Cup win overall! Look at what it means to her. The champ is back 🥇 pic.twitter.com/YL2u0yQ0Kk — Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 12, 2021 Таа победа ја чекала 13 месеци, а кога дојде до неа, плачеше пред камерите на финишот. Причината била смртта на нејзиниот татко Џеф кој починал на 2 февруари минатата година во Колорадо. По несреќата дома и тешката повреда на главата, тој бил пренесен во болница, но таму им подлегнал на повредите неколку часа подоцна пред неговата сопруга Ајлин, ќерката Микаела и синот Тејлор. "Чувствувам дека ова е нов почеток. Повеќето од моите победи и најдобри трки се веќе зад мене. Сепак, имам 25 години и е чудно да мислам дека завршија моите најдобри трки", изјави Микаела за ОРФ по трката во Флачау, додавајќи: "Не можете да одите напред додека не престанете да се враќате назад, а јас не сум најдобра во тоа. Сакам живот како што беше пред 2 февруари. Веројатно ќе ми пречи некое време, но денес направив голем чекор напред". View this post on Instagram A post shared by Mikaela Shiffrin ⛷💨 (@mikaelashiffrin) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРанче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина БутелОпштина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите. Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче. Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30