Американска професорка снимена како извикува расистички коментари (ВИДЕО)

Наставничка од средно училиште во американската држава Пенсилванија е снимена додека извиклува расистички коментари , а ја снимил афроамерикански родител , кого таа го нарекла ,,црнeц”.

Инцидентот се случил во четвртокот пред средното училиште Дрексел Хил , а наставничката , која работела во училиштето од 2008 , е суспендирана , јавуваат денеска американските медиуми.

Во видеото објавено на Фејсбук, наставничката се гледа како го навредува родителот на нејзин ученик, лута затоа што тој и го оштетил браникот. Даниел Мек Гари, надзорник на средните училишта во округот Горн Дарби, рече дека имал средба со родителот и со наставничката по инцидентот. Тој рече дека однесувањето на наставничката е „длабоко вознемирувачко“ и додаде дека таа може да биде отпуштена.

„Мислам дека вакво однесување не треба да се толерира во нашето училиште или во нашата област“, рече Мекгари.

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот

СДСМ секогаш била на страната на работниците.

„СДСМ како единствена авентична социјалдемократска партија секогаш била на страната на работниците, а нашите социјалдемократските политики ги заштитија граѓаните и ја спасија земјата од колапс за време на кризите во изминатите години“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот Првомајски пикник што се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој потенцираше дека за време на владеењето на СДСМ значително се унапредиле работничките права и се подобрил животниот стандард на граѓаните.

„СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Нешто што беше незамисливо до пред само седум години. Незамисливо беше затоа што претходната власт на ДПМНЕ ги третираше и продаваше нашите работници низ светот како евтина работна сила. Верувале или не, со тоа привлекуваа инвестиции“, рече Ковачевски.

Ковачевски потсети дека токму СДСМ е партијата која обезбеди недела да биде неработен ден и ги зголеми пензиите и платите во суштинските сектори како здравство, образование и безбедност. Никого не оставивме сам да се бори со последиците од кризата, водејќи се од принципите на солидарност и правда, истакна Ковачевски.

„Кога ги носевме антикризните мерки, ние решивме да се однесуваме одговорно. Правилно го распределивме ограничениот буџет и ги вративме парите кај граѓаните кога беше најпотребно. Обезбедивме 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што го заштитивме животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и ги зачувавме работните места.“

Лидерот на СДСМ на сите граѓани на Македонија им го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и најави дека партијата останува верен сојузник и поддржувач на работниците.

Зградата на Еврокомисијата осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок. 

Палатата „Берлемон“ во Брисел во која се наоѓа седиштето на Европската комисија минатата ноќ беше осветлена во чест на 20-годишнината од т.н. големо проширување на ЕУ, кога на 1 мај 2004 година во членство во Унијата беа примени 10 земји од Источна Европа.

- Со проширувањето во 2004 година, ЕУ стана поголем политички, економски и културен ентитет, создавајќи повеќе можности за граѓаните низ нашата Унија, наведе Европската комисија во објава на Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок.

- Историското проширување во 2004 година донесе нови можности и поголем просперитет за граѓаните низ нашата Унија, објави Фон дер Лајен на Икс.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел пак оцени дека со проширувањето во 2004 година го означи и повторното обединување на поделениот континент.

На 1 мај 2004 година во членство во ЕУ беа примени Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка, со што Унијата од дотогашните 15 се зголеми на 25 члена, поради што приемот на овие 10 членки уште се нарекува и големо проширување. /МИА

Првомајски штрајк и протести во Грција

Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата на новинарите.

Најголемите грчки синдикати денеска закажаа штрајк и протести за одбележување на Денот на трудот, иако официјално со министерска одлука првомајскиот празник е поместен за следниот вторник поради Велигден, јави дописничката на МИА од Атина.

Денешниот штрајк го организираат синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор и синдикатот на Комунистичката партија, а учествуваат и Здруженијата на новинарите, со што Грција од пет часот утрово ќе биде без вести и информативни емисии.

Штрајкот ќе создаде проблеми и во поморскиот сообраќај во земјата, со оглед на тоа што бродовите 24 часа ќе останат закотвени на пристаништата.

Возовите ќе сообраќаат со намален возен ред, а проблеми ќе има и во јавниот превоз во Атина, бидејќи автобусите, тролејбусите, трамвајот и метрото ќе имаат неколкучасовни прекини на работата.

Паралелно, синдикатите закажаа и протести во Атина, традиционално, како и секоја година за одбележување на Денот на трудот. /МИА

притисни ентер