1Спасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
ЖивотАмериканка им се одмазди крадците , кои и ги краделе пакетите од пред врата Американка од Колорадо постојано имала проблем со крадци на пакети пред влезната врата, па решила да се одмазди на необичен начин - наполнила празни кутии со смет.Кристина Хајат од Колорадо Спрингс изјави за ККТВ дека крадците и украле најмалку 20 пакети од нејзиниот трем, а откако се налутила успеала да ги излаже крадците и да добие бесплатно чистење на ѓубрето од дома. „Заборавивме да го исфрлиме ѓубрето од Денот на благодарноста, па бевме преплавени од него“, изјави таа за медиумите и додаде дека се зинервирала зашто и краделе вредни пакети . Потоа се сетила дека има вишок кутии: „Да видиме дали некој ќе ни го исчисти ѓубрето“. You’re looking at two decoy packages left out for porch pirates. This Colorado Springs mom says she’s had it with packages being swiped from her home, so she set out boxes filled with used kitty litter. It’s her third round of fakes. She expects they will be gone in hours. pic.twitter.com/s2pmTYvOMc — Spencer Wilson (@Spencer_WNews) December 12, 2019 Хајат рече дека крадците и украле, меѓу другото, и лек за дијабетес на нејзината ќерка. "Не може да си дозволи да и го крадат лекот , само затоа што има кретени. Ова е мојот начин на одмазда", вели таа. Хајт планира да стави опушоци од цигари и измет од мачка во следниот пакет. „Ќерка ми ми рече дека е одвратно“, вели Хајат. „Но, тие го заслужуваат тоа“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ЖивотРозов дијамант е продаден за 13,1 милиони евра- „Мона Лиза“ меѓу дијамантите (ФОТО)Реткиот 24-каратен дијамант „Булгари Пинк“ е продаден во „Кристи“ во Женева за 12,1 милиони швајцарски франци, или околу 13,1 милиони евра.Дијамантот бил во приватна сопственост околу 70 години, а наводно го купило семејството на продавачот во Индија во 1950-тите, по што бил однесен во ателјето на модната куќа „Булгари“ во Рим. Се верува дека скапоцениот камен потекнува од рудниците Голконда во јужна Индија, познати по дијамантите од кои се добиени некои од најпознатите скапоцени камења во светот, вклучувајќи ги Ко-и-Нур и дијамантот „Надеж“. „Кристи“ го опиша „Булгари Пинк“ како „Мона Лиза на розовите дијаманти“, истакнувајќи ја неговата исклучителна чистота и транспарентност. Каменот е класифициран како дијамант од тип IIa, категорија која сочинува помалку од два проценти од дијамантите со квалитет на скапоцен камен. 1950年代のRomeでBulgariによってリングに仕立てられ、その後70年以上にわたり個人の手に守られてきた24カラットのピンクダイヤモンドが、初めてオークションに姿を現す。Bulgari Pinkは24.00カラットのエメラルドカット・ダイヤモンドで、カラーグレードはFancy Intense Pink。Christie’sによれば、 https://t.co/LZshgv6rRD — 社畜ミが強い。 (@dokodemoikiru) November 9, 2026 Пред аукцијата, се очекуваше дијамантот да се продаде за цена помеѓу 10 и 15 милиони швајцарски франци. На истата аукција беше понудена и приватна колекција од речиси 300 парчиња накит од 20 век, вклучувајќи дела од Булгари, Картие и Граф.Тагови: дијамант Мона Лиза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаСпасовски до Финансиското разузнавање: Што му кажавте на Славески за парите и луѓето зад Алта банка?Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград.Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието побара од директорот на Управата за финансиско разузнавање да објасни кога Народната банка побарала проверки за Алта банка Белград, што утврдиле тие проверки и какво мислење било доставено за потеклото на капиталот и за лицата кои управуваат со него. Спасовски посочи дека гувернерот Трајко Славески во своето сведочење се повикал на добиени позитивни мислења од надлежните институции, меѓу кои ја навел и Управата за финансиско разузнавање. Токму затоа, нагласи тој, јавноста треба да знае врз кои информации и податоци се темелело постапувањето на институциите. „При постапката за лиценцирање на Алта банка за мене беше логично и нужно да имате соработка со Народна банка, но таа моја логика е потврдена после исказот на гувернерот Трајко Славески којшто рече дека ги собрал сите мислења во однос на постапката за Алта банка, меѓу кои ја посочи и Управата за финансиско разузнавање и дека од таму се добиени сите потребни позитивни мислења во однос на работењето со Алта банка“, рече Спасовски. Тој ја истакна одговорноста на Управата во следењето на финансиските текови, проверката на сомнителните трансакции и утврдувањето на потеклото на средствата на инвеститорите кои влегуваат во државата. „Многу е важно инвеститорите во државата коишто влегуваат да видиме со какви финансиски средства располагаат и кое е практично нивното потекло“, нагласи Спасовски. Во обраќањето тој го отвори и прашањето за разликата меѓу постапувањето на институциите во Македонија и во Австрија. Според него, Финансиското разузнавање треба да објасни кои информации ги прибрало и како тие влијаеле врз мислењето што го користела Народната банка во постапката за преземање. „Практично финансиското разузнавање е тоа коешто ги прибира сите тие информации и податоци и на основа на тој склоп на информации и податоци вие практично можете да доставите одредено мислење коешто треба да го искористи гувернерот, односно Советот на Народна банка“, посочи Спасовски. Тој нагласи дека утврдувањето на улогата на секоја институција е важно за граѓаните и побара конкретен одговор за времето, содржината и резултатите од проверките. „Затоа моето конкретно прашање: кога беше побарано од гувернерот Трајко Славески, односно од Народната банка, да извршите проверки во однос на Алта банка Белград за купувањето на Стопанска банка Битола и на основа на тоа што укажавте на Народната банка во однос на капиталот и на лицата коишто го управуваат тој капитал во Алта банка Белград“, праша пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаШасивари - Крихбаум: Европската иднина се гради со реформи и силни партнерстваМинистерот за правда, Јетон Шасивари, во рамки на работната посета на Берлин, оствари средба со германскиот државен министер за Европа при Сојузното министерство за надворешни работи, Гинтер Крихбаум.Средбата претставува значаен дипломатски контакт во период кога земјата интензивно работи на исполнување на обврските од европската агенда, а реформите во правосудството остануваат еден од клучните показатели за подготвеноста за членство во Европската Унија. Министерот Шасивари ги претстави актуелните реформски активности на Министерството за правда, со посебен акцент на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка, кои веќе се доставени до Европската комисија за мислење. Станува збор за две значајни законски решенија со кои се настојува да се надминат постојните слабости и да се постават основите за посовремен и поефикасен систем на кривична правда. Во разговорот беа разгледани предизвиците на европската интеграција, динамиката на реформските процеси и значењето на германската поддршка за европската перспектива на земјата. Посебно беше истакната потребата реформските обврски да не останат само на ниво на законски измени, туку да резултираат со конкретни подобрувања во функционирањето на институциите и примената на правото. Германија, како еден од најзначајните европски партнери, има важна улога во поддршката на демократските процеси и институционалниот развој. Продлабочувањето на ова партнерство е особено значајно во период кога земјата се соочува со важни задачи во исполнувањето на европските критериуми. Средбата во Берлин е дел од напорите за зајакнување на политичката и институционалната соработка со Германија, како и за обезбедување континуирана поддршка на реформите што треба да донесат долгорочни резултати во правосудството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook