Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
2Не се намалува поддршката за крајната десница во Франција- Марин ле Пен во голема предност во првиот круг претседателски избори
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
2Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
3 Четири масла кои делуваат како природен ботокс за зрелата кожа – го затегнуваат, смируваат и хидрираат лицето
ЖивотАмериканка до смрт си го претепала 20-месечното синче ,зашто го турнало телевизорот Малото детенце било претепано до смрт од неговата мајка поради наводно соборување на телевизорот.Во четвртокот, 20-месечниот Вистон Стивенсон бил донесен во болница. Имал скршеница на черепот, оток на мозокот, скршена клучна коска, скршена карлица и внатрешно крварење. Починал неколку часа откако бил примен во болницата. Мајката на момчето Риона Николс (20) е уапсена и обвинета за убиство на нејзиниот син, пренесува The Sun. Според роднините, Николс фатално го претепала своето дете бидејќи случајно се срушила и телевизорот со рамен екран. Полицискиот оддел во Детроит одби да ги коментира наводните околности на трагичната смрт на Вистон. Братучетката на малиот Вистон објави на Фејсбук фотографија од него од болницата, непосредно пред да им подлегне на фаталните повреди. Baby boy 'tortured to death by his own mum after accidentally pulling TV off dresser' https://t.co/tygYhs01Lk — The Sun (@TheSun) December 10, 2019 "Ова не е во ред, па тој има само една година. Сите овие цевки не треба да се лепат", напиша таа. Кенија Стивенсон, сестра на таткото на Вистон, изјави за локалниот весник WXYZ News дека се надева дека Николс никогаш нема да излезе од затвор. Boy, 1, ‘tortured to death by his mum after he accidentally smashed TV’ https://t.co/3GMLy0muMG — Daily Star (@dailystar) December 10, 2019 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 14. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 14. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денеска ќе се чувствувате стабилно ,а од вас ќе зрачи токлаво колилчество на самодоверба , што ќе оставате впечаток како се можете да постигнете. Кариера Кај некои ќе дојде до окрупнување на имотот или заработката што ќе ви изгледа како вистинско мало богатство. Здравје и совет Здрави сте и инвентивни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови ќе дојде до поголема отвореност меѓу вас и саканата личност. Доколку се додворувате , ќе станете дрдорливи. Кариера Ќе анализирате можни опцииза влоувања и развој на работата врз добри финансиски темели. Здравје и совет Вашите идеи се сѐ подобри и подобри. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот партнер денеска ќе биде особено емотивен и инспириран за љубов. Оние кои сеуште се сами, ќе ги измачува копнеж. Кариера Во соработката со другите ќе покажете исклучителна способност за дипломатија , па дури и да не ви се допаѓа. Здравје и совет Проблеми со исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето работи ќе се одвиваат според желбите на вашиот партнер , а на вас ќе остане само да ги следите. Кариера Некои ќе сонуваат за подобри деловни партнери , иако оние кои сега ги иамте не се толку лоши. Треба дас е разбудите и самите дасе уверите во тоа. Здравје и совет Разбистрете ги мислите во тишина. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе веводи силна плима на чувства , ќе блескате и ќе имате потреба за љубов повеќе од порано. Ќе ви биде возвратена. Кариера Пред вас е ден одличен за секаков вид пријатни , естетски и уметнички проекти. Здравје и совет Изразете се слободно . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Доколку сте во тајна љубовна врска , денеска вонеа би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза. Кариера Уметниците денеска ќе бидат посебно инспирирани за големи и квалитетни дела. За сите се однесува дека треба подобра организација. Здравје и совет Обрнете внимание на соништата. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можело да дојде до искрени изливи на емоции од страна или кон личност од работното место. Другите во личниот живот ќе бидат успешни. Кариера На работното место денеска ќе ви биде пријатно. Можни за ангажмани поврзани со убавина или со уметност , односно со работи што го прават животот посреќен. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на ситници. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете расположени за шеги и забава , а ќе ви недостига јасна цел поврзана со трезвенсот и емотивност. Кариера Се чини дека колегите толку ве сакаат што се подготвени се да направат за вас. Немојте тоа да го злоупотребувате. Здравје и совет Барате пријатна диета за себе. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Засилени од претходните љубовни успеси , вашата самодоварба ќе порасне , а вие ќе тргнете во нови подвизи. Кариера Ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку чудни идеи , што уште не сте ги испробале. Здравје и совет Некои размислуваат за диета. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува денот , вие ќе бидете се понежни и поемотивни. плимата на чувства ќе направи да блескате. Кариера Во ситните деловни задачи ќе има мал хаос , што ќе треба да го надминете со добар план и подобра организација. Здравје и совет Преминете од зборови на дела. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашиот главен адут во љубовните теми ќе биде сензуалноста и смилосот за еротика. Многумина ќе заведуваат , без оглед на резултатот. Кариера Влијанијата се многу различни. Од една страна убаво напредувате и имате поддршка од другите , а од друга , некого иритирате. Здравје и совет Ќе има мали неровози. Девица 23.8.-23.9. Љубов денеска во личните прашања ќе успеете да ја поврзете еротиката со идеалите. Се ќе стане појасно , а вие ќе бидете помирни. Кариера Се чини како да нема ниедна нејаснотија , што сега не би можеле да ја решите.Затоа многумина ќе ве прашаат за совет. Здравје и совет Излезете им во пресрет на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУмејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Умејр Мухамеди и Сеад Ризвановиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Како пожолтените перници повторно да бидат бели? Трик што ја враќа нивната свежинаСо правилно одржување може да се врати свежиот изглед, но важно е да се провери упатството на производителот.Перниците ги користиме секоја ноќ, но не ги переме често како постелнината. Со тек на време на нив се собира пот, маснотија од кожата и косата, траги од крема, шминка, па белата ткаенина добива жолта нијанса. Проверка на декларацијата пред перење Не сите перници се направени од ист материјал, ниту имаат исто полнење, па не можат сите да се перат на ист начин. Пред да ја ставите во машина за перење, проверете дали таквото перење е дозволено и која температура се препорачува. Доколку е предвидено машинско перење, држете се до програмата и видот на детергент наведени на декларацијата. Кај белите перници може, евентуално, да се користи средство за избелување, но само ако е безбедно за материјалот од кој е направена перницата. Посебно внимание е потребно со средствата што содржат хлор. Варикината никогаш не треба да се меша со оцет, амонијак или други средства за чистење, бидејќи таквата комбинација може да доведе до ослободување на опасни гасови. Задолжително е целосно сушење Перењето е само дел од одржувањето. Перницата мора да биде целосно сува пред повторно да се користи, бидејќи влагата во внатрешноста на полнењето може да предизвика непријатен мирис и да поттикне развој на мувла. Ако декларацијата дозволува сушење во машина, користете соодветна програма. Во текот на сушењето корисно е повремено да се протресе перницата за полнењето да се распредели рамномерно. Кај природното сушење, перницата треба да се остави на место со добар провев и повремено да се врти за влагата подобро да се исуши. Навлаката за перница може да ја продолжи свежината на перницата Редовното перење на навлаките за перници е еден од наједноставните начини да се намали количината пот, маснотија и други нечистотии што доаѓаат до самата перница. Заштитните навлаки дополнително го намалуваат валкањето, но треба да се перат според препораките на производителот. Така и перењето на перниците може да се сведе на поретки интервали.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook