Американецот Лоџески ќе игра за Белгија на ЕП

Американскиот кошаркар Мет Лоџески годинава ќе игра на Европското првенство за репрезентацијата на Белгија.

Оваа информација е потврдена од таборот на белгискиот тим.

- Лоџески дефинитивно летово на Европското првенство ќе игра за Белгија. Ова е одлична вест за нашиот национален тим, изјави директорот на белгиската селекција Жак Ледур.

Лоџески е член на Олимпијакос, а претходно ги бранеше боите на белгиските клубови Алстар и Остенде.

Белгија третпат по ред ќе настапува на шампионатот на Стариот континент.

Од полноќ стапи во сила молкот, денеска гласаат болните и изнемоштените, затворениците

Од полноќ стапи во сила молкот во пресрет на вториот круг од претседателски избори и парламентарните избори кој завршува со затворањето на гласачките места на 8 мај во 19 часот.

На 8 мај, на вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Идентификацијата на гласачите ќе се врши со фингерпринт апарати. Денеска, ден пред изборите, први гласаат болните и изнемоштените, затворениците, лицата во старските домови и, пријавените од дијаспората, но само за претседателските избори.

Пулицеровата награда за новинарство ги добија „Pro Publica“ и Асошиетед прес

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Престижната Пулицерова награда за новинарство му е доделена на истражувачкиот медиум „ProPublica“ за „иновативното“ известување за тоа како милијардерите ги „придобивале“судиите на Врховниот суд на САД со подароци и обезбедување патувања. Агенцијата Асошиетед прес е награден во категоријата фото-репортажа за известување за имиграцијата во САД преку Латинска Америка.

Наградата за известување од јавен интерес ја добија Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери на „Про паблик“.

Фотографиите на АП се направени низ Латинска Америка и долж границата меѓу САД и Мексико, во Тексас и Калифорнија, во годината кога миграцијата беше една од најголемите теми во светот.

Со оваа престижна награда се овековечени 15 фотографии од вработени во агенцијата АП и тоа Грег Бул, Ерик Геј, Фернанд Лано, Марко Угарте и Едуардо Вердуго, како и долгогодишните вработени во АП Кристијан Чавез, Феликс Маркез и Иван Валенсија.

Пулицеровата комисија доделува и награди за извонредна работа во области како што се литературата, музиката и театарот.

Наградите се воведени со последната волја на издавачот Џозеф Пулицер.

За наградите одлучува Универзитетот Колумбија во Њујорк, кој и самиот беше во вестите за студентските демонстрации против војната во Газа.

Претседателот на Кина Си Џинпинг е во посета на Србија

Претседателот на  Кина, Си Џинпинг, денеска  е  во дводневна посета на Србија, на покана на претседателот Александар Вучиќ.

Двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

Во интервју за кинеската CCTV пред посетата на Кси, Александар Вучиќ рече дека Србија е целосно посветена на посетата на кинескиот претседател. „Верувам дека тоа ќе донесе придобивки и ќе биде во интерес и на кинескиот и на српскиот народ“, рече Вучиќ во интервјуто србија е втората станица на европската турнеја на Си Џинпинг.

Глобалните настани, но и локални проблеми се очекува да бидат на врвот на агендата на средбата меѓу двајцата претседатели.

Во пресрет на пораките по него, експертите немаат дилема, нема да изостане меѓусебната поддршка за најважните политички прашања.за време на дводневната посета на кинеската делегација која брои околу 400 членови, треба да бидат потпишани повеќе од 30 договори од различни области. За безбедноста на средбата ќе се грижат повеќе од 3.000 полицајци.

притисни ентер