ЖивотАмериканец се обидел да отсече врв од палма,не помина добро(ВИДЕО)Сечењето врв на висока палма може да биде крајно опасно, за што сведочат снимките од Калифорнија кои привлекоа внимание на социјалните мрежи.Видеото, снимено во Сан Бернардино покажува како работник се качува на палма, а потоа со моторна пила го сече нејзиниот врв. Но, она што се случи потоа ги изненади многумина. Имено, штом паднал врвот на палмата, дрвото започнало да се ниша, заедно со работникот. Сепак, работникот како да не знаеше што го чека со оглед на тоа што во еден момент врескаше од возбуда, но многумина признаа дека во тој момент не би сакале да му бидат во кожата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49
Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски 13:20
Македонија Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан Мицкоски Прес-конференција на претседателката на ЕK, Урсула фон дер Лајен и премиерот Христијан МицкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп ќе побара од европските земји да ослободат дел од своите резерви на дизелДоналд Трамп изјави дека можеби ќе побара од европските земји да ги ослободат дел од своите резерви на дизел, додека размислува за забрана на извозот на ова гориво од САД пренесува Би-Би-Си.Коментарот на американскиот претседател уследи откако министерот за финансии Скот Бесент ја повика Европа да се подготви за итно ослободување на залихите на дизел, тврдејќи дека американските земјоделци, возачи на камиони и бизниси „Не треба да го носат товарот“ додека цените вртоглаво растат. САД се заканија дека ќе го ограничат извозот на дизел откако војната во Иран предизвика нагло зголемување на цените за американските гласачи пред ноемвриските избори. Вчера Обединетото Кралство одржа разговори со европските партнери за можното ослободување на резервите на дизел како одговор на евентуалната забрана. Забраната за извоз би го преплавила американскиот пазар со дизел и би можела значително да ги намали цените за американските возачи. Сепак, експертите предупредуваат дека таквата забрана би извршила дополнителен притисок врз цените на дизелот во другите земји, освен ако тие не можат да обезбедат дополнителни залихи. Цените на бензинот и дизелот на глобално ниво вртоглаво пораснаа по избувнувањето на конфликтот меѓу САД и Иран во февруари. Затворањето на виталниот Ормутски теснец преку кој вообичаено се транспортира околу една петтина од светската нафта и гас, доведе до поскапување на производите добиени од нафта.Забраната за извоз од Русија, која исто така е голем снабдувач на дизел, дополнително придонесе за притисокот врз цените.Тагови: Дизел Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Стигна програмата на Платформа - ЗНАМ 2.0Стигна писмо од платформата ЗНАМ 2.0. Во заглавието ставиле: доверливо.Не стигнавме ниту да го прочитаме писмото, а тие веќе се сликаа и го објавија на своите (ВМРО-ОКГ) медиуми. Толку за „доверливоста“. И нас би ни било срам да го напишеме ова од декември, со сите ветувања. Така што за нив подобро било да биде доверливо, за да не го видат другите. Нема потреба да биде доверливо. За разлика од нив, кај нас сè е транспарентно. Нека читаат граѓаните. Во оној друг дел, по стилот, ќе ја препознаете Ивона Талевска. Нема врска. Писмо е писмо. Или е програма? Од декември објавуваат по телевизии приказна за некаква нова платформа, дека решаваат проблеми. Длабинска анализа. Нова стратегија. Визуелен идентитет. Млади. Општини. Дисконтинуитет од сите досегашни раководства - вклучувајќи ги себеси. Во документот, преведено на народен речник: -Венко, препушти ја партијата. План немаме. Не знаеме ни како. Мораме да ја растуриме, зашто ја крена од мртвите. А и рејтингот и на тебе и на партијата сериозно ви порасна. Ги читавме резултатите на Мицкоски. -Секој ден сè повеќе луѓе сфаќаат дека Мицкоски лаже и дека тој и ВМРО се банда што го пљачка народот. -Мораме да пробаме да бидеме како ЗНАМ. Да ги исечеме опозициските гласови. Како што Максо го направи тоа. -Мораме, зашто Андреј му должи на Орце. Шема - го знаете, има свои шеми. Славјанка се заглиби со Леонардо. Куркчиев веќе се знае, 1,6 милиони евра. -Извини, Венко. Нас нè има дури 17. За тебе гласаа повеќе од 18.000 членови. Ама биди другар. Покажи волја. -Мицкоски не е толку лош. Навикнал на луксуз. Сака скапо. Сам вели дека го болат колената. Му фалат уште саати, уште одела, и авион. Тоа е програмата. Нема бројки. Нема антикорупција. Нема ЕУ. Нема Лаура Ковеши и европско обвинителство. Има оставка, конгрес и нов лого. И закана: ако не прифатиш, писмото нема да остане доверливо. СДСМ ја објавува програмата на Платформата ЗНАМ 2.0. Нека чита народот. Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ. Кафеана против Статут. Шема против партија. ЗНАМ 1.0 или прва верзија ја продаде партијата. Втората бара клучеви. Нема да ги добие. Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда. Слободата на говорот, слободата на медиумите, демократијата, европскиот пат и иднината на нашата Македонија немаат цена! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook