3Мицкоски: Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен ја оцени како инспиративна работата на Владата во реформите и патот за ЕУ
Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
2Саудиска Арабија се откажува од плановите за градење на стадион за Светското првенство вреден 2,5 милијарди долари
ЖивотАмериканец се излекувал од корона, па му стигнала сметка од 1,1 милиони долари (ВИДЕО)70-годишен Американец кој скоро починал од ковид-19 добил изненадувачки висока сметка од 1,1 милиони долари за трошоците за лекување во болница, пишува „Сиетл Тајмс“.Мајкл Флор бил примен во болницата во Сиетл на 4 март и останал таму 62 дена. Во еден момент, тој бил толку близу до смртта што медицинските сестри му го држеле телефонот за да може да се збогува со сопругата и децата. Но, тој се опоравил и е отпуштен од болницата на 5 мај, на задоволство на лекарите и медицинските сестри кои се грижеле за него – за на крајот да добие сметка на 181 страници од 1,122,501,04 долари. Неговото срце скоро запрело кога ја видел сметката,вели Флор. Во сметката е пресметано: 9.736 долари за одделението за интензивна нега дневно, близу 409,000 долари за 42- дневно претворање на просторијата во стерилен простор, 82.000 долари за употреба на респиратор за 29 дена и скоро 100 000 долари за негата за двата дена кога му бил загрозен животот. Флор го покрива Медикер, програмата на Владата за осигурување за стари лица и нема да има потреба од вадење на паричникот, објави вчера „Тајмс“. Но, во земја каде здравствениот систем е еден од најскапите во светот - и помислата да се направи достапен за секого останува многу контроверзна - тој рече дека се чувствува „виновен“, знаејќи дека даночните обврзници ќе ги сносат повеќето од трошоците. „Мојата животна заштеда чинеше милион долари и секако дека се добро потрошени пари ... Но, знам дека можеби сум единствениот што ќе го кажам тоа“, наведува „Тајмс“. Конгрес го одобри гигантскиот план за одржување на американската економија за време на коронавирусот, кој вклучува буџет од 100 милиони американски долари за обештетување на болниците и приватните осигурителни компании кои лекуваат пациенти со ковид-19.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваБројот четири ја одбележа најуспешната година на Влатко и Златко МиладиноскиЧетири турнеи на 4 континенти, четири големи солистички концерти, четири значајни награди и признанија, а наскоро и четврти солистички албум – бројот четири на необичен начин ја одбележа изминатата година во кариерата на Влатко и Златко МиладиноскиВо изминатиот период, македонската музика ја претставија пред публиката во Америка и Канада, Европа, Азија и Австралија. Четирите меѓународни турнеи ја потврдија нивната сè поголема популарност меѓу македонската дијаспора, но и посветеноста со која ја промовираат македонската песна надвор од границите на земјата. Истовремено, зад нив се и четири солистички концерти одржани на некои од најзначајните концертни сцени во Македонија – Македонската опера и балет во Скопје, Античкиот театар во Охрид, арената „Борис Трајковски“ во Скопје и античкиот локалитет Хераклеа во Битола. Секој од концертите понуди различно музичко и сценско доживување, но сите ги обединија препознатливиот звук на Миладиноски, македонската традиција и силната поврзаност со публиката. Успешната година беше заокружена и со четири награди и признанија. Влатко Миладиноски ја доби наградата „Фолк концерт на годината“ на „Златна бубамара на популарноста“, како и признанието „Фолк пејач на годината“ на „Лазаров Awards“. Од Општина Кисела Вода му беше доделен „Златен клуч“ и признанието „Заслужен граѓанин“, додека македонскиот бренд RVR му подари специјално уметнички изработени патики, создадени во само еден примерок, како признание за неговиот досегашен труд и придонес. Симболиката на бројот четири продолжува и во приватниот и во професионалниот живот на пејачот. Влатко се наоѓа во четвртата деценија од својот живот, а во подготовка е и неговиот четврти солистички албум. До неговото целосно комплетирање недостасуваат уште само четири песни. „Дури сега, кога ги сумиравме сите активности и успеси од изминатата година, забележавме колку често се повторува бројот четири. Не знаеме дали е случајност, симболика или предзнак, но сакаме да веруваме дека најголемите успеси допрва доаѓаат. Благодарни сме ѝ на публиката што постојано е со нас и заедно со нас го живее ова музичко движење“, велат Влатко и Златко Миладиноски. Дали „четворката“ е само интересна случајност или најава за ново големо поглавје во нивната кариера, ќе покаже времето. Засега е сигурно дека подготовките за новиот албум продолжуваат, а публиката наскоро може да очекува нови песни и музички проекти од Влатко и Златко Миладиноски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЕвропаШпанскиот премиер Санчез ги распиша предвремени избори за 29 ноемвриПремиерот на Шпанија, Педро Санчез распиша предвремени парламентарни избори за 29 ноември, објави тој утрово во вонредно свикана институционална изјава од палатата Монклоа.Одлуката доаѓа само три дена по големиот пораз на неговата малцинска влада во парламентот, каде што пратениците отфрлија два клучни декрети со кои владата на Санчез се обиде да одговори на продлабочувањето на кризата со домувањето. Ова ќе го заврши сегашниот шпански законодавен дом околу девет месеци пред предвиденото. Непосредната причина за одлуката беше гласањето одржано во петокот. Конгресот на пратениците ги отфрли двата владини декрети за домувањето. Првиот пакет не успеа со 172 гласа „за“ и 178 „против“, додека вториот доби 166 гласа „за“ и 184 „против“. Конзервативната ПП, крајно десничарската Вокс и каталонските Хунтс гласаа против двата пакета. ПНВ и Коалисион Канарија беа исто така против вториот декрет. Особено важен за малцинската влада на Санчез беше потегот на Хунтс, партијата на Карлес Пуџдемон, чии гласови од почетокот на овој мандат беа клучни за усвојувањето на голем број закони. објавува Журнал.мкКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаЈПКХС: Во текот на септември подигнати и транспортирани 14 320 тони комунален отпадВо текот на месецот септември, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 320 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети и 3040 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини. Најголемо количество отпад од диви депонии -545 кубни метри- е подигнато во општината Чаир. Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 24 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува и јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода" и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГоривата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08