Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
3Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЖивотАмериканец го убил љубовникот на сопругата,а потоа ја натерал да направи нешто ужасноАмериканец од Њу Хемпшир, САД, се решил на грозоморно злосторство откако дознал дека сопругата го изневерила со колега од работа.Тој го убил нејзиниот љубовник, а потоа ја принудил сопругата да го обезглави, објави полицијата. 30-годишниот Армандо Барон Џефри е уапсен и осомничен за убиството на Џонатан Амеролт (25) од Кин, чие тело било пронајдено во шума во Њу Хемпшир на 22 септември, изјавија јавниот обвинител Гордон Mac Мекдоналд и началникот на полицијата Нејтан А. Нојес. Барон е осомничен за тешко убиство бидејќи тој свесно ја предизвикал смртта на Џонатан Амеролт нанесувајќи му смртни рани од огнено оружје откако наводно го киднапирал. Тој е обвинет и за семејно насилство, задушување и закана со смртоносно оружје, насочено кон малтретирање на неговата сопруга Британи Барон, откако наводно ја прободел во устата. 31-годишната Британи била уапсена вчера и обвинета за три точки за фалсификување на физички докази поврзани со убиството на Амеролт. Бруталното убиство, наводно, се случило откако Армандо, ноќта на 19 септември, проверувајќи го мобилниот телефон на неговата сопруга, открил дека таа е во љубовна врска со Амеролт, со кого работел во ОЕМ Медицински Телефлекс, се вели во полицискиот извештај. View this post on Instagram I don't know if there's a definition for perfect hike, but yesterday was probably it. Can never pass up an opportunity to hike the Bonds with some great company @brebeebeans Last time I hiked to Mt. Bond I felt like death, but this time couldn't have felt better! Now a firm believer in zucchini muffins and chocolate pumpkin bread for breakfast 💪🏃 . . . . #thegreatoutdoors #whitemountains #wmmf #getoutside #hikenh #nh #whyihike #hike #outdooradventures #whitemountainsnh #keepitwild #simplyadventure #wildernessculture #lifeofadventure #liveoutdoors #roamtheplanet #discoverearth #beautifuldestinations #exploremore #stayandwander #goexplore #mountains #welltravelled #lovelifeoutside #amc #wanderlust #hikethewhites #optoutside #weekendwarrior #views A post shared by Jon Amerault (@jleo.amerault) on Aug 4, 2019 at 7:55am PDT Лутиот Армандо ја претепал, и ја прободел устата и ја врзал за кревет, по што таа се онесвестила, се вели во соопштението. Истата вечер, Армандо, наводно, му испратил порака на Амералт преку мобилниот телефон на неговата сопруга и го намамил да дојде во паркот Анет Вејсајд. Таму тој наводно го претепал Амеролт, а потоа ја замолил сопругата да пука во него, изјавила Британи во полиција.Таа, сепак, не сакала да го стави прстот на чкрапалото. Бретани подоцна тврдела дека Армандо пукал во Амералт три пати. Потоа, Армандо и наредил на Бретани да му ја отсече главата на својот љубовник, така што полицијата да не може да го идентификува според забниот запис , на што Бретани се согласила. Кога Армандо сфатил дека властите трагаат по него и неговата сопруга, тој се вратил дома, но и наредил на сопругата да го погреба телото на љубовникот. Отсечената глава на Амералт е пронајдена на друга локација. Сопружниците Армандо и Бретани изјавиле дека не се чувствуваат виновни за злосторствата. Тие се во затвор без кауција. Нејзиниот адвокат Ричард Гериеро пред судот изјавил дека неговиот клиент постапил под присила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаПриведен братот на Виктор Орбан, се огласи Петер Маѓар, позната причината Арон Орбан, братот на Виктор Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, потврди премиерот Петер Маѓар.Братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе, објави денеска на Фејсбук унгарскиот премиер Петер Маѓар. „Според медиумските извештаи, братот на Виктор Орбан, Арон Орбан, е приведен под сомнение за трговија со луѓе. NVVH и Националното биро за истраги продолжуваат со истрагата“, напиша Маѓар на својот профил на социјалните мрежи. Според информациите објавени од порталот „Портфолио“ (Portfolio), утрово Националната канцеларија за реституција и заштита на имотот (NVVH) и Националната агенција за истраги (NNI) спроведеле заедничка операција во Будимпешта и на неколку локации во округот Пешта, во случај поврзан со трговија со луѓе, пренесува „Тачно“. Според официјалното соопштение, неколку лица се уапсени во рамките на две паралелни кривични постапки, а извршени се и претреси во нивните домови. Според достапните информации, меѓу уапсените би можел да биде и Арон Орбан, помладиот брат на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, а неговиот случај е предмет на истрага од страна на NVVH. Порталот пренесува дека надлежните најавиле оти попладнево ќе објават дополнителни информации за деталите од истрагата. NVVH беше меѓу првите што започна истрага за случајот поврзан со Арон Орбан. Според претходните информации во медиумите, компанијата на помладиот брат на поранешниот премиер запишувала виетнамски државјани на дводневен курс за спасување животи на Универзитетот во Печ, што би можело да им го олесни добивањето шенген-виза. Според порталот, Арон Орбан исто така интервенирал во еден случај за да го забрза процесирањето на барањата за визи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter