Американец ги распарчил родителите и ги варел во киселина,зашто не му дале пари(ВИДЕО) - Канал 5

Американец ги распарчил родителите и ги варел во киселина,зашто не му дале пари(ВИДЕО)

Американец кој наводно ги распарчил своите родители и ја варел главата на својата мајка во тенџере полно со киселина, побарал да биде погубен во случај да биде прогласен за виновен.

Американец ги распарчил родителите и ги варел во киселина,зашто не му дале пари(ВИДЕО)

32-годишниот Џоел Гај Џуниор го направил ова барање во вторникот пред судот во Ноксвил во американската држава Тенеси, пишува The Sun.

Гај Џуниор наводно ги убил неговите родители Џоел Гај Постариот (61) и Лиза Гај (55) во нивниот дом во 2016 година. Кривичниот суд во округот Нокс оваа недела доби два предлога од обвинетиот во кои се бара судијата да му изрече смртна казна.

„Во случај да бидам прогласен за виновен за убиство од прв степен, му давам слобода на судот да ме осуди на смрт или на доживотен затвор без можност за помилување“, наводно, напишал Гај Џуниор.

И покрај барањето за извршување, Гај Џуниор сè уште не признал дека ги убил неговите родители.

„Ова барање не е наменето како признание за вина, ниту, пак, треба неговата содржина да се толкува како доказ за вина“, додаде тој.

Полицијата во округот Нокс верува дека Џоел Гај и неговата сопруга биле убиени некаде помеѓу 25 и 26 ноември 2016 година. Нивните тела биле пронајдени распарчени, а некои делови биле чувани во пластични контејнери.

Гај Џуниор е обвинет дека се обидел да се ослободи од доказите за убиството потопувајќи делови од телото на неговите родители во киселина. Полицијата ја пронашла главата на неговата мајка во тенџере на шпоретот.

Детективот Џереми МекКорд, кој ја водел истрагата за ова двојно убиство, во 2018 година изјави дека тоа е неговото „најужасно искуство во полициските сили, односно во целиот негов живот“. Тој рече дека „имало крв насекаде, на ѕидовите и на подот“.

Според обвинителите, родителите на Гај Џуниор неколку дена пред убиството му рекле дека повеќе нема да го поддржуваат финансиски. Обвинетиот тогаш живеел во Батон Руж, Луизијана, но престојувал со неговите родители за време на Денот на благодарноста, за тие да бидат убиени ден-два по празниците.

Судењето на Гај Џуниор треба да започне на 28 септември.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Од денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.

НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено

Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства.

Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за Скопје

- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.

Трамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“

Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор.

Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби.

„Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина.

Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор.

Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба.

„Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп.

Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор.

Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор.

„Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател.

На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна.

„Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер