Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ
1Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
ЗдравјеАмериканец доби модифициран бубрег од свиња, прво вакво пресадување во историјатаСвински бубрег првпат е успешно пресаден на жив човек, во американската Општа болница во Масачусетс. Според соопштението, генетски преуредениот орган од свиња бил трансплантиран на 62-годишен маж од САД кој живеел со бубрежна болест во краен стадиум. Инаку, во случајов се работи за ксенотрансплантацијата - пресадување органи или ткива од еден вид на друг. На тоа науката гледа како на можно решение во случај на недостиг на органи. Хирурзи од Центарот за општа трансплантација ја спроведоа операцијата во саботата и таа траела четири часа. Извршната директорка на установата, Ен Клибански изјави дека истражувачите и лекарите со ова ги поместуваат границите на медицината и науката. - Минаа речиси 70 години по првата успешна трансплантација на бубрег, а нашите лекари уште еднаш си ја покажаа посветеноста да обезбедиме иновативни третмани и да помогнеме во олеснување на товарот на болеста за нашите, и другите пациенти во светот, нагласи Клибански. Свинскиот бубрег, инаку, бил генетски преуреден за да се отстранат штетните свински гени и да се додадат човечки гени за да се подобри неговата компатибилност со човекот. Пациентот добро закрепнува и се очекува наскоро да биде пуштен дома, соопштија од болницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕЛиберално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и тајно гласање меѓу повеќе кандидати, без автоматизам или однапред утврдени квоти, оставајќи ги зад себе претставниците на Полска, Франција и Словенија. Победата во ваква силна конкуренција е крунски доказ за меѓународниот углед и високиот рејтинг што Зајкова го ужива меѓу светските парламентарци. Овој триумф покажа дека кога македонската парламентарна делегација настапува со единство и сплотеност надвор од границите, Македонија може да понуди квалитет и да застане рамо до рамо со најмоќните европски и светски демократии. „Потпретседателството на ПС на ОБСЕ е огромно меѓународно признание, но не само за мене лично или за ЛДП, туку за сите мои сограѓани во Македонија. Ова е успех за секој наш човек, не само од мојата изборна единица и не само за оние кои ме гласале на изборите дома. Со оваа голема победа во Хаг докажуваме дека можеме рамноправно да се носиме на отворени избори со претставниците на највисоките и најмоќните демократии во светот. Мораме конечно да почнеме цврсто да веруваме во себе, во нашиот капацитет и во она што ние од Македонија ѝ го нудиме на Европа и на светот – денес, но и во иднината! Благодарна сум за покажаното единство на македонската делегација и за големата доверба од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ, со кои заедно ќе продолжиме интензивно да работиме на воспоставување механизми за поголем степен на демократско учество и брзо решавање на евентуалните конфликти“, вели Зајкова во својата изјава по изборот. Потпретседателите на ПС на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и го сочинуваат највисокото раководство на организацијата која обединува над 300 пратеници, со што земјава добива директен глас во креирањето на глобалните безбедносни политики. ЛДП преку овој историски изборен пробив ја потврдува својата лидерска улога во спроведувањето на ефикасна парламентарна дипломатија која носи реален престиж, достоинство и видливи резултати за македонската држава на светската политичка сцена. Либерално-демократска партијаТагови: Моника Зајкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформиГаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос.Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Африм Гаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Претседателот Гаши изрази благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион. Во текот на средбата беше потврден напредокот на Република Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Исто така, беше нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција. Соговорниците ја оценија посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Република Македонија, како и дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес и спроведувањето на клучните реформи. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на властПанче Тошковски е последниот човек кој имa кредибилитет да зборува за намалување на криминалот во државата- тој служи како заштитник на криминалната организација на власт. Две години со ВМРО на власт во државата владее селективна правда, криминал, неказнивост, партизирана полиција и институции ставени во служба на власта. Тошковски зборува за успешна борба против криминалот, а пет тони дрога му поминаа преку македонската граница. До ден денес нема одговорност ниту за тоа кој дозволил, ниту кој ќе одговара? Зборува за владеење на правото кога никој од власта не одговара. Бодигарди на Мицкоски, лица блиски до ВМРО и партиски функционери остануваат недопирливи за законот. Зборува за безбедност кога граѓаните сведочеа на убиства, вооружени пресметки, фрлени бомби, запалени автомобили, растечко семејно и врсничко насилство, а МВР не ги заштити жртвите. Тошковски зборува за борба против корупцијата а неговиот шеф Мицкоски со неговата криминална организација ВМРО, вртат милионски тендери. 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, 74 тендери за Ленди груп фрима, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Полицијата е претворена во партиски инструмент додека јавно се признава дека има систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор. Тошковски велеше „Брат да ми е, ќе одговара“- по две години, никој за ниту еден криминал не одговара - затоа што криминалците се во власта. Тошковски може какви сака статистики да презентира. Реалноста е дека државата е затруена од криминал и корупција, а граѓаните не се чувствуваат безбедно ниту дома, ниту на улица. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter