Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари
1Јаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревари
3Претседатeлката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно прими талентирани ученици добитници на медали и награди
ЖивотАмериканец четири пати добил милиони на лото, па ги советува луѓето да не играат Мајк Лусијано победил на лотарија по четврти пат од 1999 година наваму.Последната награда ја добил на 6 јануари 2022 година, кога купил лоз од 20 долари и освоил 1 милион долари, пишува The Sun. Лозот го купил откако играл на машина за видео игри во која некогаш уживала неговата покојна мајка. „Играв за мајка ми“, вели Мајк. Кога го изгребал лозот и сфатил дека ги добил парите, отишол во државната лотарија да им го предаде лозот. Првата победа ја остварил во 1999 година, кога добил 100.000 долари. Тој освоил три милиони долари во 2016 година, а потоа и половина милион долари на лотаријата во Пенсилванија минатата година. Така, вкупно освоил околу 4,6 милиони долари. Вели дека продажбата на лозови во Пенсилванија се зголемила по неговите добивки, но ги предупредил луѓето да не трошат премногу пари на тоа. Тој признава дека е зависник од коцкање и игри на среќа. „Луѓето не треба да го прават тоа што јас го правам. Не сакам луѓето да мислат дека сум неблагодарен, ова е неверојатно и не можам да бидам поблагодарен за она што ми се случува, но не сакам луѓето да мислат дека и на нив ќе им се случи“, забележува среќникот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаЈаневска: зголемена е поддршката за талентираните ученици, поттикнуваме поголемо учество на меѓународни олимпијади и натпревариВо последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици.Претседателката на Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес остварија средба со 100тина талентирани ученици кои преку здруженија на наставници или индивидуално, годинава учествуваа на меѓународни научни олимпијади и престижни ученички натпреварувања. На средбата, им порачаа дека се гордост на државата и дека институционалната грижа кон талентираните, како и кон сите ученици и млади ќе продолжи да се зголемува. „Се радувам што од година во година евидентираме сé поголем талентирани млади со желба за натпревар, кои сакаат да ја претставуваат државата надвор и со гордост го прават тоа. За мене тоа е вистински патриотизам и затоа продолжете да бидете репрезенти на татковината. Ви честитам на сите кои оваа година учествувавте на врвни натпревари, а дел од вас освоија и високи награди и признанија“, рече Јаневска пред учениците. Во последните три години државата ја зголеми поддршката за талентираните ученици. Нивните семејства повеќе немаат грижи како ќе обезбедат средства за учество на меѓународни натпревари, затоа што Министерството за образование и наука во целост ги покрива трошоците за пат и котизација. Минатата година беа исплатени 5, а годинава досега 3 милиони денари за оваа намена. Министерката рече дека сите деца се важни и должност на институциите е да им се посветуваат подеднакво, да имаат поквалитетно образование и еднаков пристап до образовните можности. Но, талентираните ученици бараат посебно внимание за да можат целосно да ги реализираат личните аспирации и потенцијали, па оттука и значителната промена на политиките за нивна поддршка. Потсети дека министерството редовно објавува повици за доделување на парични средства за освоени високи места и медали на меѓународни натпревари, парични средства за освоени први места на државни натпревари, конкурси за доделување стипендии за талентирани средношколци, како и дека во тек е изработка на Концепција за детектирање и работа со талентирани деца.Тагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 31.08.2026 до 04.09.2026 зема 205 примероци за физичко-хемиска и 205 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Град Скопје вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамОфицијално претставен „Tesla Cybercab“, возење само за избранитеИлон Маск официјално претстави спортски двосед без волан во Тексас – „Tesla Cybercab“.„Cybercab“, кој беше претставен на голем број фанови и влијателни лица на роботски такси, беше додаден на постојните роботски такси на „Tesla“, кои досега се состоеја од теренски возила и „Model Y“, објавува Ројтерс. Златниот „Cybercab“, со врати што се отвораат нагоре, ја симболизира стратегијата на Илон Маск, кој ја фокусираше иднината на целата компанија на софтвер за автономно возење и роботика. Неговиот пристап ја зголеми вредноста на акциите на компанијата на 1,4 трилиони долари (1,20 трилиони евра), што е повеќе од вкупната вредност на неколку од водечките светски производители на автомобили. Само неколку часа по презентацијата во Остин, Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата на САД (NHTSA) објави дека ќе започне ревизија на околу 1.000 вакви возила, така што не секој ќе може да се вози на почетокот. Целта е да се утврди како „Tesla“ заклучила дека возилата се во согласност со федералните безбедносни прописи. Извор: Б92Тагови: Tesla Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12