Американците разнесоа уште еден брод во близина на Венецуела: Ќе ве ловиме и дење и ноќе и ќе ве убиеме (ВИДЕО) - Канал 5

Американците разнесоа уште еден брод во близина на Венецуела: Ќе ве ловиме и дење и ноќе и ќе ве убиеме (ВИДЕО)

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави на платформата X дека САД погодиле глисер во ноќен напад за кој тврди дека работи како дел од венецуелската криминална група Трен де Арагва и транспортира наркотици во Карипското Море.

Американците разнесоа уште еден брод во близина на Венецуела: Ќе ве ловиме и дење и ноќе и ќе ве убиеме (ВИДЕО)

Хегсет напиша дека нападот бил извршен „по наредба на претседателот Трамп“ и дека бродот бил во меѓународни води. Тој прикачи видео од нападот во објавата.

„Ако сте наркотерорист кој шверцува дрога во нашата хемисфера, ќе се однесуваме кон вас како кон Ал Каеда. Дење или ноќе, ќе ги мапираме вашите мрежи, ќе ги следиме вашите луѓе, ќе ве ловиме и ќе ве убиеме“, рече Хегсет.

Не објавуваат докази дека се шверцери

Пентагон и Хегсет наведуваат дека сите шест мажи на бродот биле убиени во нападот и дека во операцијата не биле убиени американски војници. Ројтерс наведува дека ова е прва ваква ноќна операција во серијата напади што американската администрација ги спроведе од септември во Карипското Море и Пацификот, а АП и Ројтерс забележуваат дека властите сè уште не објавиле детални докази што директно би ги поврзале нападнатите бродови со шверцот.

Венецуела и некои јужноамерикански земји остро ги критикуваа претходните американски напади, обвинувајќи го Вашингтон за кршење на меѓународното право и суверенитет. АП забележува дека критичарите, исто така, изразија загриженост за недостатокот на јавно достапни докази за тоа кој точно бил на нападнатите бродови и дали имало други опции за апсење или гонење на осомничените. Правните аналитичари повикуваат на поголема транспарентност во врска со разузнавачките наоди врз кои се темелат ваквите операции, според АП.

Белата куќа досега изјави дека администрацијата ги смета дејствијата за неопходни за „заштита на американската територија“ и прекинување на протокот на дрога во Соединетите Држави, а американските претставници исто така објавија дека претседателот Трамп ќе поднесе извештај за операциите до Конгресот. Ројтерс додава дека во Вашингтон се појавија внатрешни и надворешни дебати за правната основа врз која се спроведуваат ваквите операции и колку се одржливи како долгорочна стратегија против шверцот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.

Општина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“

Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината.

Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

На сцената на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово вчеравечер одекна силен и долг аплауз за екипата на НУ Народен театар Битола, која со својата изведба повторно ја воодушеви и ја насмеа до солзи публиката која ја исполни салата до последното столче.

Смеење до солзи со „Секстет“ на НУ Народен театар Битола на годинешното издание на фестивалот „Денови на комедијата“

„Секстет“ и овојпат покажа дека добрата комедија не познава граници – се игра, се чувствува и се споделува со публиката.

„Од срце му благодариме на организаторот на фестивалот „Денови на комедијата“ за поканата, прекрасното добредојде и гостопримството. До следната средба – со уште многу смеа, аплаузи и театарски моменти“, истакнуваат од Битолскиот театар.

Претставата „Секстет“ секогаш го полни гледалиштето до последното место, комедијата од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски, па така и овојпат салата беше исполнета со публика која ги награди актерите на Битолскиот театар со долготрајни аплаузи.

Недоразбирања, тајни, љубовни заплети и урнебесни пресврти секогаш ја тераат публиката да се смее од почеток до крај.

Зошто комедија? Затоа што премногу долго сме сериозни.

Живееме во време на прегласни информации и постојани кризи.

Научивме како да бидеме загрижени, заборавивме да се смееме. Во претставата играат: Бернар -Николче Пројчевски, Жаклина-Катерина Аневска Дранговска, Роберт -Александар Димитровски, Сузан-Сандра Грибовска Илиевска, Сузет -Анастасија Чипуровска, Џорџ-Борче Ѓаковски.

Костимографијата е на Андреј Георгиевски, сценографијата на Влатко Чачоровски, музика -Александар Димовски.

29.издание на Фестивалот оваа година се одржува од 23 септември до 5 октомври. Во текот на фестивалските денови, публиката има можност да проследи театарски претстави исполнети со хумор, квалитетна актерска игра и препознатлива фестивалска атмосфера преку изведба на театрите од Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе биде затворен со претстава надвор од конкуренција, посветена на годинашниот лауреат Игор Џамбазов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам и од Општина Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. 

Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска

На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир.

Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните.

„Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев.

Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации.

„Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски.

На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер