Амбер Хард го замени Џони Деп со милијардер!

Убавата актерка ја потврди врската со пребогатиот Елон Маск со фотогрфаија која ја објави на Инстаграм, од нивната заедничка вечера во Австралија. 45 годишниот коосновач на „Тесла“ на образот има впечатлив отпечаток од усните на Амбер.

Шпекулации за врската на Амбер и Елон за прв пат се појавија минатото лето, кога тие беа забележани заедно во Мајами и во Лондон.

Амбер во 2014 се омажи со Џони Деп а по 15 месеци се разведе.

И Елон е разведен повеќе пати, а со првата сопруга со која беше во брак од 2 000 до 2 008, Џастин Вилсон, има 6 сина!

Во текот на престојот во Австралија оваа пролет, Елон и Амбер повеќе не ја кријат својата врска.

PDA: They were even spotted walking hand-in-hand around the park

Според Форбс, богатството на Елон се проценува на 14,9 милијарди долари.

Man with the plan: Musk is worth a reported $14.9 billion according to Forbes

Според таблоидите, Елон „фрлил око“ на Амбер уште во 2013 година, додека таа била во врска со Џони Деп....

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер