ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење
2ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеење
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветАмбасадорот на САД во ЕУ: Сакаме соработка со Европа, промените во европското законодавство ќе бидат од голема корист Сакаме соработка со Европа, им рече денеска на европратениците од Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент постојаниот претставник на САД во институциите на ЕУ во Брисел, амбасадорот Ендру Пуздер.Промените во европското законодавство би биле од голема корист, додаде тој, и повика на олеснување на работењето на технолошките компании од неговата земја во Европа. Според него, економијата наскоро ќе биде водена од вештачка интелигенција, но за таа цел ќе бидат потребни многу енергија, центри за складирање податоци, самите податоци и ретки фосилни минерали. Амбасадорот изрази надеж дека во наредните денови ќе биде потпишан договор меѓу САД и ЕУ за фосилни горива, како и дека Европа наскоро конечно ќе го потврди трговскиот договор со Вашингтон. Најголем интерес на САД е ЕУ да напредува економски, рече Пуздер. Тој истакна дека ЕУ е стратешки и културно витална за Соединетите Американски Држави и столб на економскиот напредок на неговата земја. Силна Европа е посилен трговски партнер и поспособна да ни помогне низ целиот свет каде што се бориме против злите сили, рече тој. Амбасадорот додаде дека откако пристигнал во Брисел пред неколку месеци, бил изненаден кога открил дека ЕУ има многу слична визија со Вашингтон за прашања како што се Кина и имиграцијата. Тој додаде дека Соединетите Американски Држави и ЕУ имаат желба да видат крај на војната во Украина. Тагови: ЕУ САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со врнежи од дождВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15l/m2), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 26 степени. Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 l/m²), проследени со грмежи и засилен северен ветер (над 40 km/h). Дневната температура ќе биде во опаѓање. Потоа следува период на сончево време со мала до умерена облачност. Во вторник и четврток наместа ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ и Фондација „Конрад Аденауер“ со нова иницијатива за стратешко лидерство и добро владеењеВо Маврово се одржува тридневниот семинар на тема „Стратешко лидерство и ефективна комуникација за добро владеење“, организиран од Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“. На настанот се обратија Драган Ковачки, генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, и Светислав Васев, раководител на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“, заедно со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, а свое обраќање имаше и Христијан Мицкоски, претседател на Владата и претседател на ВМРО ДПМНЕ. Семинарот е наменет за членови на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, министри и заменици министри, пратеници, градоначалници и други носители на јавни функции. Во фокусот се стратешкото лидерство, визијата и одговорноста, ефективната јавна и политичка комуникација, како и соработката и заедничката одговорност во процесите на добро владеење. Од Фондацијата Конрад Аденауер порачаа дека во услови на современи политички и општествени предизвици, од особено значење е политичките лидери континуирано да стекнуваат нови знаења, да ги следат актуелните дебати и да бидат во тек со релевантните теми, без оглед на тоа колку долго се наоѓаат на раководни позиции. Токму континуираното надградување и размената на искуства, како што истакнаа од Аденауер, се важен дел од нивната соработка, како во Германија, така и во земјите во кои истите дејствуваат. Во партнерство со политичките партии и организации,оваа фондација работи на препознавање и надминување на новите предизвици, како и на отворање и продлабочување на дискусиите за актуелни и значајни прашања. Присуството на Драган Ковачки и Светислав Васев од Фондацијата Конрад Аденауер го оценија како потврда за постоењето подготвеност и интерес од страна на партијата за активно соочување со современите предизвици и за посветеност на темите од значење за општеството. Од Фондацијата Конрад Аденауер изразија задоволство што и понатаму продолжува долгогодишното партнерство и соработка со нивните партнери во земјата, и посочија дека заедничката размена на искуства и идеи може да придонесе кон креирање успешни политики и кон градење подобра иднина за државата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Вандализам врз автобуска постојка на територијата на Општина КавадарциРегистриран е случај на вандализам врз автобуска постојка на територијата на Општина Кавадарци.Лицето кое го сторило делото е пронајдено, а се очекува надлежните институции да постапат согласно законските прописи. Упатуваме апел до сите граѓани да го чуваме заедничкиот имот и јавните површини. Општината е заедничка на сите нас, а секоја оштетена клупа, автобуска постојка или друг јавен објект е штета за целата заедница. Да ја чуваме нашата општина – затоа што таа е дом на сите нас.- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook