Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
1Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото
31.400 квадратни метри чист луксуз, месечна кирија од 20.000 евра, тоа е рајот на Жозе Мурињо во Мадрид
БалканАмбасадорите на ЕУ согласни да испратат писмо до Србија како чекор кон отворање на Кластер 3РТС: Амбасадорите на ЕУ согласни да испратат писмо до Србија, како прв чекор кон отворање на Кластерот 3Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ постигнаа договор да испратат писмо до Србија за отворање на Кластерот 3, што е прв чекор во таа процедура, јави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел. Таквата одлука е донесена како дел од поширокиот договор за усвојување заклучоци за политиката на проширување, што беше постигнат синоќа на средбата на амбасадорите, пренесе Бета. Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ синоќа повторно разговараа за писмото на Србија за отворање на Кластерот 3, по четири средби без постигнат договор, а разговараа и за Нацрт-заклучоците на Советот за општи работи на Унијата за проширување. Како што дознава РТС, одлуката за испраќање писмо до Србија формално ќе биде усвоена денеска, на почетокот на состанокот на Советот на министри за општи и европски прашања, на кој проширувањето ќе биде една од главните теми. „Амбасадорите усвоија заклучоци за проширувањето. Тоа е голем успех што ќе даде силен поттик за проширувањето кон Западен Балкан и пошироко во годините што доаѓаат“, објави на Х, Унгарија, актуелен претседавач со ЕУ. Испраќањето на писмото е првиот чекор во процедурата за отворање на Кластерот 3 и воедно најмногу за што земјите-членки би можеле да се договорат во овој момент. Од Белград се бара да ја достави својата преговарачка позиција за поглавјата што треба да се отворат во Кластерот 3. Според дипломатските избори, писмото треба да содржи и листа на чекори што Србија треба да ги спроведе во наредниот период, пред се во областа на владеењето на правото, со цел ЕУ да се врати на темата за отворање на Кластерот 3. Според некои најави, ова би можело да биде веќе во јануари или февруари, но во текстот на заклучоците не се наведени рокови, туку напротив се наведува дека ЕУ ќе го преиспита ова прашање „врз основа на значителниот напредок на Србија, пред се во клучните области на владеење на правото и нормализација на односите со „Приштина“, пренесе Бета. Пред самитот на лидерите ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи на 18 декември, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта за РТС изјави дека Србија наскоро би можела да постигне напредок во преговорите, со оглед на некои позитивни оценки на Европската комисија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местотоГолем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување. Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот. Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМанчестер Сити купува голем бразилски талент Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити е пред финализирање на трансферот на Алан од Палмеирас, а бразилскиот клуб ќе добие најмалку 40 милиони евра за својот 22-годишен фудбалер.Како што пренесува бразилскиот „ESPN“, двата клуба практично го финализираа договорот во понеделникот, а точно 40 милиони евра беше минималниот износ што Палмеирас го бараше уште од почетокот на преговорите. Покрај фиксниот износ, Сити ќе исплати и дополнителни бонуси во зависност од резултатите на Алан, за чија висина сè уште се преговара. Бразилецот веќе има подготвено долгорочен договор со Манчестер Сити, каде што се смета за идеална замена за својот сонародник Савињо, кој е пред заминување од клубот и преговара за трансфер во Тотенхем. Алан ги мина претходните две сезони во првиот тим на Палмеирас и стана еден од играчите во кои тренерот Абел Фереира имаше најголема доверба. Тој одигра 96 официјални натпревари за бразилскиот клуб, постигна девет гола и забележа 12 асистенции. Во претходните месеци интерес за него покажаа и Наполи, Њукасл и Астон Вила, но ниту еден од тие клубови не успеа да постигне конкретен договор.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16
ЖивотКосопственикот на „Лидс“ и „Фортинерс“ уапсен за проституција Милијардерот Џед Јорк, косопственик на „Лидс“ и „Сан Франциско Фортинерс“, е уапсен минатиот викенд во Охајо поради плаќање за проституција.Според судските документи до кои во понеделникот дојде „Калифорнија пост“ (The California Post), Јорк стапил во контакт со жената преку веб-страница за проституција и се договорил да плати 140 долари во замена за сексуални услуги. Согласно договорот, тој се упатил кон кампот за мобилни куќи „Вит Хил“ (Weat Hill), каде што бил уапсен. Обвинителството го преиначило првичниот обвинителски акт за вршење проституција во поблаго обвинение за нарушување на јавниот ред и мир, а тој бил обвинет и за поседување оружје. Според американските медиуми, Јорк бил осуден на еден ден затвор за секоја точка од обвинението, при што казните се извршувале истовремено. Тој бил пуштен на слобода откако платил кауција од 5.000 долари, како и парични казни од 150 долари за недолично однесување и 1.000 долари за поседување огнено оружје. Јорк е мнозински сопственик на НФЛ-франшизата „Сан Франциско Фортинајтерс“ (San Francisco Fortnighters), а поседува и сопственички удели во фудбалските клубови „Лидс“ и „Глазгов Ренџерс“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОпштина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16