Амбасада на САД доставила до ЈО информација дека 83 осудувани лица се предизборно вооружени - Канал 5

Амбасада на САД доставила до ЈО информација дека 83 осудувани лица се предизборно вооружени

На 17.10.2021 година во 09:04 часот по лотус добиено е известување од страна на Оперативниот штаб, доставено од страна на Амбасада на САД во кое известуваат дека едно лице од политичка партија, на 16.10.2021 година се обратило до нив .

Амбасада на САД доставила до ЈО информација дека 83 осудувани лица се предизборно вооружени

Лицето споделило информација дека 83 лица кои биле повеќекратно осудени сторители на кривични дела и се на слобода, добиле огнено оружје со цел попречување на изборниот процес, како и дека друго лице – познат сторител на кривични дела поседува оружје и дека на денот на гласањето ќе изврши кривични дела со кои ќе го загрози животот и телото на лица – членови на политичка партија.

По приемот на известувањето преку МВР СВР Скопје се проверуваат наводите од пријавата и се преземаат оперативни мерки за проверка на лицата и разговор со подносителот на пријавата, а заради утврдување евентуални основи на сомнение за сторено кривично дело, за кое гонењето се презема по службена должност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia скокнаа во раното тргување денес по веста дека Џенсен Хуанг е вратен на функцијата извршен директор.

Вртоглаво растат акциите на „Нвидија“ по враќањето на Хуанг

Акциите на Nvidia се отворија за околу 30%, објави Би-Би-Си.

Цената на акциите на компанијата претрпе удар - затвори со пад од речиси 14% во петокот откако Ројтерс објави дека компанијата е под истрага од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC) поради нејзините сметководствени практики.

Пазарите, исто така, се отворија во голема мера на позитивна територија - иако вреди да се напомене дека американските индекси веќе беа во пораст во претпазарното тргување по падот на пазарот во петокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат најновите податоци на Евростат за структурата на домаќинствата.

Евростат: Две од три домаќинства во Македонија немаат деца

Според статистиката, во земјава минатата година биле регистрирани вкупно 595.600 домаќинства. Од нив, 393.400 биле без деца, додека 202.200 имале издржувани деца.

Интересно е што македонија отстапува од европскиот просек. Во Европската унија дури 76,6 проценти од домаќинствата немаат деца, а само 23,3 проценти имаат издржувани деца.

Дополнително, просечниот број деца по домаќинство во македонија изнесувал 0,60, што е за една четвртина помалку во споредба со 2015 година, кога просекот бил 0,80.

Македонските домаќинства се поголеми и според бројот на членови. Просечната големина се движи меѓу 3,1 и 3,2 лица, наспроти европскиот просек од околу 2,3 члена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер