Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic - Канал 5

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Амазон објави дека ќе инвестира дополнителни 2,75 милијарди долари во Антропик, со што вкупната инвестиција на компанијата во стартапот за вештачка интелигенција ќе достигне 4 милијарди долари.

Амазон вложува уште 2,75 милијарди долари во развој на АИ стартапот Anthropic

Технолошкиот гигант ќе го задржи малцинскиот удел во Антропик со седиште во Сан Франциско, ривал на OpenAI, кој го произведе ChatGPT.

- Веруваме дека нашата стратешка соработка со Антропик дополнително ќе ги подобри искуствата на нашите корисници и со нетрпение ги очекуваме следните чекори - рече Свами Сивасубраманијан, потпретседател за податоци и вештачка интелигенција во веб сервисите на Amazon (AWS).

Технолошкиот гигант со седиште во Сиетл инвестираше 1,25 милијарди долари во Антропик во септември 2023 година и тогаш посочи дека има планови да инвестира до 4 милијарди долари, пренесува британски Гардијан.

Двете компании соработуваат на развојот на таканаречените основни модели, кои се во основата на генеративните системи за вештачка интелигенција кои го привлекоа глобалното внимание.

Според договорот, Anthropic ќе користи AWS како свој примарен провајдер на „облак“ и ќе ги користи сопствените чипови на Amazon за изградба, обука и распоредување на модели со вештачка интелигенција.

Исто така, ќе им овозможи на клиентите на AWS, кои се претежно бизниси, пристап до моделите на услугата на Amazon наречена Bedrock. Во своето соопштение, Амазон вели дека компаниите како што се Delta Air Lines и Siemens веќе го користат Bedrock за пристап до моделите со вештачка интелигенција на Anthropic.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност

Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици.

Тошковски: К9 капацитетите се еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност

Денеска (26.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на официјалното затворање на Регионалниот специјализиран квалификациски курс за К9 единици, организиран во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Македонија во намалување на ризикот од пролиферација на оружје и злоупотреба на мало и лесно оружје“, што се одржа во Кампот за обука во Лазарополе.

Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека современите безбедносни закани се повеќе ги надминуваат националните граници и дека ниту една држава не може самостојно да се справи со предизвиците поврзани со организираниот криминал, нелегалната трговија со оружје и криумчарењето дрога.

„Безбедноста мора да остане наша заедничка одговорност, а соработката – наш најсилен инструмент. Овој курс претставува јасен пример за обединување на знаењето, искуството и професионалните капацитети на институции и експерти од различни земји“, нагласи министерот Тошковски.

Тој додаде дека проектот за намалување на ризикот од пролиферација и злоупотреба на мало и лесно оружје претставува инвестиција во долгорочна безбедност, институционална зрелост и професионални стандарди, при што Министерството за внатрешни работи не настапува само како корисник на поддршката, туку и како активен и рамноправен партнер во неговата реализација.

Министерот потенцираше дека организацијата на ваков регионален специјализиран курс претставува важен исчекор во остварувањето на долгорочните стратешки цели на Министерството.

„Нашата визија е јасна – континуирано унапредување на капацитетите на К9 единиците и нивно позиционирање како еден од клучните сегменти во регионалниот систем на безбедност. Стратешка определба е Министерството за внатрешни работи да биде препознаено како регионален центар за експертиза, обуки и активности во областа на развој и примена на К9 капацитетите за откривање оружје, експлозиви и други безбедносни закани“, истакна Тошковски.

Тој упати честитки до учесниците за професионалноста, дисциплината и посветеноста, нагласувајќи дека резултатите од обуката уште еднаш ја потврдуваат важноста на специјализираните единици и службените кучиња како незаменлив сегмент во превенцијата и откривањето на нелегални активности.

На крајот, министерот Тошковски изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ, проектниот тим, меѓународните партнери и донаторите – САД, Германија, Франција, Белгија, Норвешка, Словачка и Европската Унија – за нивната континуирана поддршка и доверба.

„Со заокружувањето на овој курс не само што ги унапредивме професионалните капацитети, туку изградивме и посилна доверба, нови партнерства и цврсти темели за идната регионална и меѓународна соработка. Во време на сложени безбедносни предизвици, нашата најсилна одбрана останува партнерството“, порача министерот Тошковски.

Амбасадорот на ОБСЕ, Килиан Вал, истакна: „Овој курс е за практична безбедност за регионот и Европа. Подобро обучени полициски сили значат помалку нелегално оружје на улиците и придонес кон безбедноста на сите луѓе.“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изрази благодарност до Мисијата на ОБСЕ за континуираната поддршка за развој на националните безбедносни капацитети и нагласи дека овој курс претставува пример за градење безбедност во современи услови на сложени геополитички предизвици.

Тој додаде дека здружувањето на знаењето, ресурсите и капацитетите на повеќе институции е повеќе од неопходно, доколку се сака одржлива безбедност.

„Министерството за одбрана и Армијата со задоволство дадоа свој придонес во оваа обука. На курсот учествуваа пет припадници на Армијата, меѓу кои инструктори, водачи на службени кучиња од Воената полиција и специјалисти од Центарот за одгледување и дресура на службени кучиња, заедно со две специјално обучени кучиња за откривање оружје, муниција и минско-експлозивни средства. Нивното учество претставува потврда дека Армијата е не само гарант на одбраната, туку и активен партнер во зајакнувањето на безбедноста преку соработка со сите релевантни институции“, рече Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Вториот протокол со Софија е обичен записник и не создава правни обврски за Македонија

Министерот го посочи токму вториот протокол како „сржта на проблемот“ создадена ,како што вели, од претходната македонска власт кон чие решавање сега се насочуваат дипломатските напори со новата бугарска влада.

Муцунски: Вториот протокол со Софија е обичен записник и не создава правни обврски за Македонија

Вториот протокол кој официјална Софија упорно се обидува да го прикаже како дел од преговарачката рамка со ЕУ е записник од средба кој што не произведува никакви правни обврски за нашата држава, изјави македонскиот шеф на дипломатијата – Тимчо Муцунски во „Само интервју„ на Канал 5. Министерот го посочи токму вториот протокол како „сржта на проблемот“ создадена ,како што вели, од претходната македонска власт кон чие решавање сега се насочуваат дипломатските напори со новата бугарска влада.

-Нејасно е како доаѓаме до називот на тој документ – се работи за записник од средба помеѓу двајца министри за надворешни работи. Но Бугарија вели, тој записник од средба кој што во тој момент еве максимално да го третираме како израз на политичка волја на две актуелни влади, е Бугарија вели тој ве обврзува правно и ви создава обврски кои директно ќе се рефлектираат на вашиот пат кон Европската унија – и тоа отворено ни се кажува. - Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија

И со донесени уставни измени и усвоен акциски план за малцинствата како комплиментарни услови за отпочнување на европските преговори, Софија отворено кажува дека ќе проследи нови билатерални прашања на адресата на Скопје, иако Брисел е на ставот дека тие не се дел од преговарачката рамка, дециден е Муцунски. Тој тврди дека и без отпочнати преговори, Македонија има пристап до истите фондови како и земјите кои веќе се во тој процес.

-Во моментов, Албанија и Црна Гора иако се земји кои преговараат, немаат пристап до никој дополнителен фонд до кој што ние немаме пристап, значи тие се исти фондови во моментов, независно од тоа дали преговарате или не преговарате, во моментов структурираниот фонд до кој што сите имаме пристап е т.н План за раст. Би сакал да нотирам дека има земји кои имаат пристап до дополнителни фондови, тоа се Украина и Молдавија но тоа е заради други вонредни услови.- Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија

Оваа Влада нема обврска да ги имплементира стратешките грешки во евроинтеграциите на претходниците, вели Муцунски, притоа отфрлајќи ја можноста за референдум но како што вели, за европското прашање граѓаните ќе се изјаснат преку следните парламентарни избори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до  31.08.2026 година. 

Целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите - ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

Целосната забрана за движење во шумите започнува од 01.07.2026 година и ќе трае се до 31.08.2026 година. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, соодветно за подрачјето со кои управуваат.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер