Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
ТехнологијаАмазон минатата година блокирал 10 милијарди сомнителни огласиМултинационалната технолошка компанија со седиште во Сиетл соопшти дека се зголемил бројот на фалсификатори кои се обидуваат да продадат на страницата.Компанијата Амазон, која се најде под притисок на клиенти, брендови и законодавци да сузбие фалсификати на својата веб-платформа за трговија, денеска соопшти дека минатата година блокирала повеќе од 10 милијарди сомнителни лажни огласи за да спречи продажба на нивните производи. Во првиот извештај на Амазон за борба против фалсификување од воведувањето на нови алатки и технологии во 2019 година, се вели дека бројот на блокирани лажни огласи се зголемил за приближно 67 проценти во однос на претходната година. Мултинационалната технолошка компанија со седиште во Сиетл соопшти дека се зголемил бројот на фалсификатори кои се обидуваат да продадат на страницата, затоа што измамниците се обиделе да ги искористат корисниците кои за време на пандемијата повеќе купувале преку Интернет. Амазон со години се бори против фалсификати, но од 2019 година ги предупредува инвеститорите дека продажбата на фалсификувана стока претставува ризик за компанијата и нејзиниот имиџ. Некои потрошувачи не купуваат на Амазон поради фалсификати, а некои брендови одбиваат да ги понудат своите производи на таа страница. Фалсификаторите се обидуваат да ги пласираат своите производи на Амазон преку независен пазар, каде продавачите можат своите производи да ги стават директно на веб-страницата. Компанијата минатата година уништи два милиони фалсификувани производи кои пристигнале во нејзините магацини и соопшти дека добиле поплаки од клиенти за фалсификати на помалку од 0,01 процент од сите производи купени преку таа платформа. Амазон соопшти дека може да ги запре фалсификаторите пред да продадат нешто, благодарение на технологијата што автоматски ги скенира списоците за да отстрани сомневањата за фалсификати. Компанијата исто така им дава можност на брендовите да ги отстранат лажните предмети од самата страница, наместо да ги пријавуваат во Амазон и да чекаат да направи нешто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМбапе во 2016 бил многу блиску до Ливерпул, но сепак не ја послушал својата мајка!!Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец Килијан Мбапе откри дека бил многу блиску до премин во Ливерпул во 2016 година, но сепак одлучил да се послуша себеси, а не советите на својата мајка, која била воодушевена од клубот од „Енфилд“.Во тоа време, Мбапе имал 18 години и настапувал за Монако, а Ливерпул се обидувал да го убеди да ја продолжи кариерата на „Енфилд“. „Бев блиску до Ливерпул. Омилената дестинација на мајка ми беше Ливерпул. Таа сакаше да одам таму“, изјави Мбапе за „Атлетик“, а пренесе Би-би-си. Сепак, Французинот одлучи да остане во татковината и да ја прифати понудата од Пари Сен Жермен. „Не ја послушав бидејќи сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто“, објасни Мбапе. Според него, мајка му била голем обожавател на тогашниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, и сакала да го види својот син во дресот на англискиот клуб. „Постојано ми велеше: 'Ливерпул – ќе бидеш таму, ќе играш на „Енфилд“, тоа ќе биде одлично за тебе'“, додаде Мбапе. Мбапе исто така откри дека неговата мајка лично отишла во Ливерпул за да ги види клубот и стадионот за време на првата фаза од преговорите. „Таа отиде во градот, на стадионот, се запозна со луѓето. Рече: 'Тоа е прекрасен клуб, сите се многу пријателски настроени, тоа е семеен клуб, голем клуб'. Отиде на 'Енфилд' и се вљуби во него“, изјави Мбапе. Неговата мајка дури и сама гледала неколку натпревари за да ја почувствува атмосферата и да замисли како нејзиниот син игра на тој познат стадион. Клоп претходно откри дека Ливерпул направил сè за да се реализира трансферот. Меѓу другото, клубот обезбедил приватен авион за семејството Мбапе да патува од Блекпул до Ница. „Навистина направивме сè. Потоа летавме, разговаравме со семејството и јадевме добра храна“, рече Клоп. Германскиот експерт додаде дека се обиделе да избегнат јавно внимание, но дека преговорите на крајот не вродиле со плод. Потоа, Мбапе премина во Париз Сен Жермен како позајмен играч од Монако, со опција за траен трансфер вреден 180 милиони евра. Тој помина седум години во Париз и стана најдобар стрелец во историјата на клубот, пред да замине во Реал Мадрид во 2024 година. „На крајот, одлучив да одам во ПСЖ бидејќи за мене – како некој што е роден и израснат во Париз – немаше подобро чувство од тоа да покажам дека можам да бидам ѕвезда во мојот град“, заклучи Мбапе.Тагови: Килијан Мбапе Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска: Инклузијата ја градиме сите, да научиме по нешто од знаковниот јазикВо „Партенија Зографски“ државното средно училиште со ресурсен центар, наставниците покажуваат дека може да се најде соодветен начин и средства за комуникација со секое дете, согласно неговите можности.Затоа што сите наши деца имаат право да учат, да знаат и да стекнуваат вештини кои ќе им користат во животот и работата. Децата со посебни образовни потреби имаат потенцијал да постигнат многу, доколку добијат поголема поддршка од семејството, училиштето и средината во која растат и се развиваат. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на одбележувањето на Меѓународниот ден на знаковниот јазик, додавајќи дека тоа е добра можност за подигнување на свесноста за децата и лицата со оштетен слух. „Знаковниот јазик им помага да се ‘слушнат’ меѓу себе и нив да ги ‘чујат’ другите. Тој им го олеснува образованието. Како министерство, работиме на отстранување на бариерите и соработуваме со училиштата со ресурсни центри во обезбедувањето дидактички материјали, асистивна технологија и поддршка во употребата на знаковниот јазик. Обезбедуваме континуирани обуки за наставниците за изучување на знаковниот јазик. Зашто, од тоа зависи квалитетот на образованието што ќе го добијат учениците“, посочи министерката Јаневска. Македонија, како држава, е потписничка на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, што обврзува на почитување на принципите на инклузија и недискриминација, и вклучување на децата и младите со попреченост во образовниот систем, прилагодувајќи го кон индивидуалните потреби. „Дозволете ми да забележам дека како општество треба уште да работиме на промена на ставовите кон лицата со попреченост. Подигнувањето на свеста за нивните права, едукативните активности и комуникација се начини на борба против стигмата и дискриминацијата, кои не се наша обврска само поради потпишаните документи, туку се наша човечка должност кон секого“, рече Јаневска, додавајќи дека секој од нас може да направи чекор за приближување кон лицата со оштетен слух така што ќе научи по нешто од знаковниот јазик. Така лицата со оштетен слух ќе се чувствуваат попријатно во секоја средина каде што се движат и работат. Подобрување на инклузивноста и пристапноста не е само работа на институциите, туку и индивидуална одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПадна снег на ПелистерПрвиот ден од есента освен пониски темепратури донесе и вистинска зимска слика на Пелистер. Денеска на повисоките делови од планината заврна снег и врвовите за кратко време биле покриени со тенка снежна покривка. Фотогграфиите беа објавени на официјалната страница на Националниот парк „Пелистер“ на фејсбук со појаснување дека на првиот ден на есента паднал снег на повисоките планински врвови. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook