Амазон ги прекина испораките кон Русија и го укина Prime Video - Канал 5

Амазон ги прекина испораките кон Русија и го укина Prime Video

Амазон го укина пристапот до Prime Video во Русија, а гигантот за е-трговија повеќе не испраќа нарачки на мало до клиентите и во Русија и во Белорусија, соопшти компанијата.

Амазон ги прекина испораките кон Русија и го укина Prime Video

Дополнително, додаде Амазон, веќе не го продава New World во Русија, неодамна објавената онлајн видео игра со повеќе играчи на компанијата.

Одлуките ги означуваат најновите чекори на Амазон да се повлече од Русија и се совпаѓаат со потегот кој претходно беше објавен од CNN за стопирање на новите пријавувања за веб-услугите на Амазон, масовно профитабилната компјутерска платформа на Амазон.

„Со оглед на тековната ситуација во Русија и Украина, презедовме дополнителни активности во регионот“, се вели во блогот на Amazon. „Ја суспендиравме испораката на малопродажни производи на клиенти со седиште во Русија и Белорусија и повеќе нема да прифаќаме нови клиенти AWS со седиште во Русија и Белорусија и продавачи од трети страни на Amazon. Исто така, го суспендираме пристапот до Prime Video за клиенти базирани во Русија и повеќе нема да примаме нарачки за New World , која што е единствената видео игра што ја продаваме директно во Русија“.

Соопштението следи по претходна изјава на Амазон дека обезбедува помош за сајбер безбедноста на Украина и дека забележала злонамерни државни и недржавни актери кои се обидуваат да хакираат „добротворни, невладини и други хуманитарни организации со цел да шират конфузија и да предизвикаат нарушување“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“

Мајката на милијардерот Илон Маск, Меј Маск откри дека, додека е во посета на својот син Илон во Тексас, ѝ дека и одговара живот без луксуз, па затоа ноќите ги поминува на кауч или на душек на подот.

Мајката на најбогатиот човек во светот спие во гаража: „Мене ми е добро“

Мајката на Илон Маск, 78-годишната Меј Маск, откри дека понекогаш спие во гаражата кога го посетува својот син во Тексас.

За жена која со децении е присутна во јавноста и која го одгледала еден од најпознатите светски милијардери, ваквиот начин на живот можеби изгледа необично, но за неа тој е сосема нормален.

Меј Маск вели дека луксузот никогаш не ѝ бил приоритет. Таа израснала кампувајќи во пустината Калахари, па скромните услови за живот не се ништо ново за неа.

„Ако имам кауч или душек на подот, сосема ми е добро“, изјави таа во интервју за „Њујорк пост“.

При посетите на „Старбејс“ во Тексас – комплекс поврзан со развојот на ракети и операциите за лансирање на компанијата „Спејс-икс“ (Space Exploration Technologies Corp.) – гаражата станува местото каде што таа спие.

Меј претходно изјави дека поседувањето конвенционален луксузен дом во непосредна близина на ракетната база не е практично.

Нејзината животна приказна е далеку од едноставна. По разводот од Ерол Маск, таа сама ги одгледала трите деца – Илон, Кимбал Маск и Тоска Маск – додека истовремено работела на повеќе работни места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Пентагон објави уште 71 документ за НЛО

Американскиот Пентагон објави шеста серија документи поврзани со неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи десетици досиеја со детали за воена програма во чии рамки биле нарачани студии за „ворп“ погони – системи за движење со брзина поголема од брзината на светлината – како и за црвоточини и за повреди што истражувачите ги поврзувале со можни средби со непознати летала.

Пентагон објави вкупно 71 документ; 67 од нив беа обезбедени од Министерството за одбрана, додека четири потекнуваат од локални органи за спроведување на законот во Колорадо, пренесува CBS.

Објавениот материјал вклучува 55 PDF-датотеки, 15 видео-датотеки и една аудио-датотека, а документите датираат од периодот меѓу 1952 и 2025 година, според агенцијата Танјуг.

Новообјавените документи за НЛО се однесуваат на тајна американска воена иницијатива позната како „Програма за примена на напредни системи за воздушно-вселенско оружје“ (Advanced Aerospace Weapon System Applications Program), која била формирана од Агенцијата за одбранбено разузнавање (DIA) во 2008 година и била активна до 2012 година.

Иако повеќето референтни документи на одбранбеното разузнавање разгледуваат идеи што граничат со научна фантастика, еден документ претставува високотехничка студија од 38 страници, изработена во 2010 година, во која се анализираат „докази за ненамерни повреди кај човечки набљудувачи, предизвикани од аномални напредни воздушно-вселенски системи“.

Во тој документ, истражувачите наведуваат дека „тројца претходно здрави и активни поединци доживеале аномален (нерегуларен, невообичаен и неконзистентен со нивната област на работа) настан поврзан со воздушно-вселенски системи“, по што развиле низа медицински симптоми, вклучувајќи чувство на топлина на кожата, црвенило и опаѓање на косата.

Кај еден од поединците се појавиле „знаци на радијациона болест“ и, „во текот на неколку години, се развиле знаци на малигна трансформација“.

Во извештајот се наведува дека е „прецизно евидентиран доволен број инциденти/несреќи“ и дека се „собрани медицински податоци што ја поткрепуваат хипотезата дека веќе се распоредени одредени напредни системи“, чиј начин на функционирање останува нејасен за Соединетите Држави.

Повеќето од видеата во објавените документи наликуваат на оние од претходните соопштенија, прикажувајќи нејасни снимки од необјаснети објекти забележани од воени камери; еден необјаснет инцидент од 2022 година прикажува беспилотно летало што се движи со променливи брзини, меѓу 130 и 290 километри на час.

Придружниот извештај за средбата наведува дека операторите биле на мисија на Блискиот Исток кога забележале разни објекти на непознати височини; екипажот пријавил дека објектите имале големина од еден до два метра и „летале спорадично во рамките на целната област“.

Друго видео, снимено над Блискиот Исток, прикажува „шест мали сферични објекти“ кои делувале „агилно“ и често ја менувале насоката на движење.

Четири видеа потекнуваат од локални служби за спроведување на законот во Колорадо, кои доставиле извештаи до канцеларијата на Пентагон; една делумно заматена снимка била направена со камера од мобилен телефон во октомври 2023 година.

„Службеникот што го поднел извештајот го опишал феноменот како ‚тивок‘ и како ‚црвени, сини и зелени трепкачки светла‘“, наведува американската војска во белешките што ја придружуваат една од снимките.

Објавените документи вклучуваат едночасовна аудиоснимка и транскрипт од изјавите дадени во 1952 година од страна на офицерот на Военото воздухопловство, Едвард Рупелт; во нив тој ја објаснува истрагата на службата за инциденти поврзани со НЛО и истакнува дека околу 20 проценти од 800-те пријави за НЛО, истражени од Военото воздухопловство, остануваат мистерија.

На 14 септември, Пентагон објави воведување правен исклучок што ќе им овозможи на сегашните и поранешните вработени – кои претходно биле обврзани со договори за доверливост – да споделуваат информации поврзани со истражувањето на НЛО со владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Раното откривање може да спаси живот. Со оваа порака денеска од Драчево започна кампањата „Розев октомври“ посветена на подигнување на свеста за ракот на дојка. 

Едукативна трибина за превенција од малигни заболувања „Заедно за рано откривање, заедно за живот“

Во „Паркот на бранителите“ се одржа едукативна трибина под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, на која лекари, пациенти и граѓани разговараа за превенцијата, навремените прегледи и лекувањето.

Наташа Бабулова, членка на здружението „ХЕМА-ОНКО“, пред присутните ја сподели личната борба со ракот на дојка. Нејзината порака е дека стравот не треба да биде причина за одложување на прегледот, бидејќи токму навременото откривање на болеста може да биде пресудно за понатамошното лекување.

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија посочија дека раната дијагноза е еден од најважните фактори во борбата со болестадека навременото јавување кај лекар овозможува болеста да се открие во порана фаза и пациентките навреме да го започнат потребниот третман.

Трибината ја организираа Општина Кисела Вода и здружението „ХЕМА-ОНКО“, а градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска истакна дека целта е преку вакви настани информациите за превенцијата и раната дијагностика да стигнат до што поголем број граѓани.

Денешната трибина во Драчево е почеток на активностите на кампањата која ќе трае до 4-ти октомври и ќе се заокружи со „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер