Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
ЗабаваАматерски хуманитарен велеслалом во Маврово од 21 до 23 февруари На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом.Од 21-ви до 23-ти февруари, на хуманитарниот велеслалом ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот „PAWSITIVE IMPACT" се грижи за бездомни животни. Организатор на настанот е ресорт „Маврово", чиј сопственик Огњан Циговски потенцира дека ова не е новина за компаниите, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност. – Во изминатите 17 години, компаниите преку учеството на хуманитарниот велеслалом, поддржаа бројни хуманитарни активности. Како организатор обезбедуваме и видливост за секоја компанија – учесник во хуманитарниот настан, односно, учесниците имаат можност на целната рамнина да постават свој банер, реклама или брендирано знаме со лого. Покрај можноста да бидат лесно препознатливи, ќе можат и да навиваат за своите натпреварувачи. Ова не е новина за компаниите со професионални скијачи и скијачи аматери, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност, со која годинава ќе помогнеме на група немоќни, но воедно и најдобри пријатели на човекот", вели организаторот Циговски. Според него, оваа донација ќе обезбеди заштита од студот и оброци за бездомните кучиња преку „PAWSITIVE IMPACT", проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондација Импакт, непрофитна организација АМОС Шелтер и Општина Маврово и Ростуша. – Собраните пари ќе се искористат за конкретни активности, како што се формирање тим за волонтирање и помош во Маврово, подигнување на свесноста за одговорност кон уличните животни, подготовка на информација и на организација на систем за одделување, селектирање, пакување и доставување храна од хотелите на Ресорт„ Маврово" до стационарот за бездомни кучиња Амос Шелтер и на познати локации во село Маврово, стерилизација на бездомните кучиња во Маврово, вакцинирање и прочистување од паразити, акција за вдомување на бездомните животни од Маврово и Амос Шелтер, создавање тим билдинг програма каде општествено одговорни компании може да помогнат во изградба на живеалишта и засолниште за бездомни животни, како и изградба на топли еко-куќарки на различни локации во Маврово каде привремено ќе можат да се стоплат кутрињата, информира тој. Според правилата, секој тим мора да е составен од тројца учесници во две категории – машка и женска и тимот може да биде составен само од скијачи, само бордери или мешано, скијачи и бордери. Во машка категорија има поделба на јуниори – ученици на возраст до 40 години и ветерани кои се на возраст над 40 години. Пријавувањето за учество е преку електронската адреса: [email protected] со назнака „ПРИЈАВУВАЊЕ за 18-ти АХВМ", а повеќе детали за правилата и пријавувањето може да најдете на http://skimavrovo.com/node/24. Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се одржа од 7-ми до 9-ти март 2003 година на ски- лифтот „Галички", во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Тогаш учествуваа 35 тимови со повеќе од 100 учесници. Годинава, котизацијата за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Шоу бизФото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикиниТаа е жена од соништата, во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година. Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи. Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања. Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикиниМладата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекцијаСексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи. Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење. „Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата Тагови: кајли џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook