Алжирецот Атал идниот месец на суд поради антисемитизам - Канал 5

Алжирецот Атал идниот месец на суд поради антисемитизам

Фудбалерот на францускиот прволигаш Ница, Јусеф Атал, ќе се појави идниот месец на суд под обвинение за поттикнување омраза, откако објави антисемитска порака на социјалните мрежи.

Алжирецот Атал идниот месец на суд поради антисемитизам

Француската лига минатиот месец го суспендираше Атал на седум натпревари, а алжирскиот репрезентативец беше суспендиран и од неговиот клуб.

Француските медиуми објавија дека Атал претходно неделава бил приведен на сослушување, а ќе се појави на суд на 18 декември поради поттикнување омраза од верски причини.

Атал во петокот беше пуштен со кауција од 80.000 евра и е под судски надзор до почеток на судењето.

Изречена му е забрана да ја напушти Франција, освен за меѓународни фудбалски натпревари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува вербалната војна меѓу Филипче и Платформата „Разговори за иднината во 12:05“

Опозицискиот лидер Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ на платформата „Разговори за иднината во 12:05“ уште пред офцијално да биде доставен до партијата. 

Продолжува вербалната војна меѓу Филипче и Платформата „Разговори за иднината во 12:05“

На поранешните партиски функционери кои сега се дел од Иницијативата им порача дека требало да предлагаат промени кога биле дел од раководството на СДСМ, а не сега. Ги повика доколку вистински сакале да и помогнат на СДСМ да се приклучат во партиските активнисти за воонредните локални избори во Брвеница, во спротивно им порача да не и попречуваат на партијата. Тврди дека СДСМ е консолидирана, а пратеничката група единствена.

„Ќе ми носеле план, каков план ќе ми носат таков каков што направија они, ич не треба да го носат, еве видовме што направија. Ако знаеа поинаку, зошто не направија поинаку. Тежеле 150 илјади галсови, ни домашните не ги гласаат. Славјанка Петровска пратеничката се прашувам која е причина за ова, да не е изјавата на Мисајловски дека потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери откако комсијата донела друга одлука. Ако сакаат еве сега имаме локални избори во Брвеница, ќе ги ставиме во распоредот па нека помогнат ако сакаат вистински да помогант, ако не нека ми се тргнат од патот зошто ќе ги згазам како шлепер жаба, да ги потсетам нешто од нивното време“-- Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Од Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ пак возвратија дека примитивниот речник на Филипче бил доказ дека тој е во паника и го обвинија за политички дил со Мицкоски. Според нив Филипче бил залутан во партијата и не припаѓал на онаа СДСМ која била пример за како што велат, демократска, интелектуална и државничка организација.

- Предлозите за структурни реформи на партијата Филипче ги одбива на невидено. За него сите се виновни за најслабиот резултат на СДСМ во историјата, само тој не е. За него сите се криминалци само тој е чесен. Што се однесува до неговите закани, добронамерно му порачуваме да не се срами на јавна сцена, бидејќи се повеќе личи на лоша копија на неговиот политички гуру и идол.

Од иницијативата најавија и дека не се откажуваат од намерата за структурни реформи на партијата и дека ќе го достават нивнте предлози содржани во таканаречениот План за консолидација до архивата на СДСМ. Платформата на последната дебата доби пооддржка и од опозициската Левица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судењето за „Пулс“ продолжи со сведоци и вештаци на одбраната

По речиси една година откако започна судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, предметот влезе во нова фаза.

Судењето за „Пулс“ продолжи со сведоци и вештаци на одбраната

Од денеска одбраната започна со изведување на своите вербални и материјални докази со предложени 244 сведоци. Градежен вештак кој го ангажирал првообвинетиот Дејан Јованов Деко, тврдеше дека во објектот биле изведувани лесни занаетчиски работи а не реконструкција.

-Објектот на лице место е поделен на две нивоа и приземен дел. Закупецот не преземал градежни активности во уредување на просторот кој го имал под закуп туку презел градежни зафати како ентериерно уредување на закупениот простор за потребите на стопанската дејност. Овие зафати не може да се именуваат како рекунструкција туку само градежно занатски работи,- -Петре Русески – Вештак.

Уште на смиот старт на исказот на вештакот во судницата стана тензично. Семејствата на загинатите бурно реагираа на неговите тврдења на што кон нив се сврте Дејан Јованов што дополнително ги вознемири. Судијката Диана Груевска Илиевска побара да ја напуштат судницата по што судската полиција ги спроведе надвор.

Пред да започне судењето семејствата порачаа дека иако одбраната започнува со изведување на своите докази тоа нема да ги промени утврдените факти за објектот. Јавно поставија повеќе прашања за кои очекуваат одговор во текот на доказната постапка на одбраната – за пренамената на објектот, паркингот, минимално-техничките услови и лиценцата со која работел објектот.

-Јавно прашуваме – кој од нив ќе докаже дека објектот имал законска пренамена, сопствен паркинг и исполнети минимално-технички услови? Кој ќе докаже дека лиценца за салон за теписи важела за дискотека? И кој ќе го оправда непостапувањето на Општината и институциите што го зави Кочани во црно? Обвинетите од обезбедувањето не се на обвинителна клупа затоа што по избувнувањето на пожарот спасувале или не спасувале, тука се поради сомнението дека не ги исполниле обврските пред трагедијата – кога таа требало да се спречи. Херојство откако сè било во пламен не ја брише одговорноста за она што не било направено претходно. Правдата можат да ја одолжуваат. Вистината – не! изјави – Александар Наунов – Татко на загинат во пожарот во Пулс.

Инаку денешното судско рочиште е последно на кое првообвинетиот сопственик на Пулс, Дејан Јованов Деко, е спроведен од притвор. Од 3 октомври тој ќе се брани од слобода со оглед на тоа што истекува законскиот рок од една година за определување притвор, а обвинителството може да побара поблаги мерки за да го обезбеди неговото присуство. Во меѓувреме неговата одбрана понуди 200 илјади евра гаранција а обвинителството се уште не дало мислење.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарот кој се жалеше на дискриминација започна протест со глад пред Медицинскиот факултет

Докторот кој неодамна се жалеше дека во нетранспарентна постапка три пати бил одбиен на оглас за вработување, го започна најавениот штрајк со глад.

Лекарот кој се жалеше на дискриминација започна протест со глад пред Медицинскиот факултет

45-годишниот Дарко Василевски, општ лекар и специјализант на Институтот за физиологија, сега кампува пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје додека како што вели, надлежните институции не направат увид во начинот на кој се вршела сеелкцијата. Василевски тврди дека е дискриминиран и поради возраста, условите вели ги исполнувал, а најавува и дека ќе штрајкува до крај. Во текот на денот ќе се сместел и во шатор пред факултетот.

– Бидејќи не е првпат да се случува истиот начин на селекција и вработување на кандидати, туку е ова мое трето учество на конкурсот. Се решив на овој радикален чекор откако претходно во отворено писмо ги повикав Деканатот, Министерството за образование и за здравство да се изјаснат и да ги проверат начините на којшто се врши селекцијата на кандидати, меѓутоа веќе 15 дена од никого не добив никаков одговор и тоа што го најавив го започнувам од денес. До кога планирате да штрајкувате? До крај, а крајот што ќе значи не знам,- - изјави Дарко Василевски, општ лекар и специјализант .

Министерот за здравство Сашо Клековски за случајот со Василевски објаснува дека не е надлежно министерството со кое тој раководи, бидејќи дека Василевски бара работа на медиционскиот факултет и вели дека тоа е надлежност на министерството за орбазование. Клековски го повика и докторот доколку навистина ги исполнува условите , да аплицира на друг активен оглас за специјализанти.

– Во моментот ние работиме на втората група од листата специјализанти кои треба да бидат вработени во јавното здравство и доколку докторот се пријави за таа група и ги исполнува условите ќе биде примен во делот на јавно-здравствените установи, меѓутоа медицинскиот факултет е во надлежност на Министерството за образование. изјави Сашо Клековски, министер за здравство.

Од Министерството за образование исто така се прогласија за ненадлежни. Оттаму велат дека процесот за вработување на медицинскиот факултет оди преку самата установа. Од Деканатот на медицински пак ги негираат обвинувањата на Василевски за нетранспарентност и дискриминација во однос на години – велат дека целиот конкурс поминал транспарентно и дека на крај биле избрани најдобрите кандидати кои ги исполнувале сите услови.

Василевски е доктор по општа медицина, кој се уште ја завршува специјализацијата по спортска медицина, а кој за Канал 5 вели дека долги години работел во приватното здравство и дека поседува работно искуство. Василевски најави дека вечерва ќе го постави и шаторот, а додека не се реши неговиот проблем, вели дека нема да престане со штрајкот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер