Каква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позиции
2Каква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позиции
3Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во „Талир 2″, ВМРО-ДПМНЕ си го врати имотот
3Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
1Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница
ФудбалАлонсо не планира да ја напушти БарселонаДефанзивецот на Барселона, Маркос Алонсо, е уверен дека неговиот договор ќе биде регистриран во Ла Лига во сезоната 2023/2024, објави „Мундо Депортиво“.Иднината на Шпанецот зависи од раководството на клубот насочено кон усогласување со финансискиот ферплеј. Забележано е дека Алонсо е целосно задоволен од тренерот на Барселона Чави. Самиот фудбалер има доверба во клубот и не сака да бара нов тим. Барселона сè уште го нема пријавено Алонсо за новата сезона во Ла Лига, поради што не е дефинирана иднината на играчот. Триесет и двегодишниот Шпанец премина во Барселона минатото лето на слободен трансфер од Челзи. Неговиот важечки договор е до летото 2024 година. Алонсо минатата сезона одигра 24 натпревари во Ла Лига, постигнувајќи еден гол. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоставен камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, треба да биде готов за 4 години По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце.По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце, стратешката делница која треба да ја зајакне инфраструктурната врска и сообраќајната безбедност кон и од Косово, граничен премин кој годишно го минуваат 54.000 камиони. Ваквите проекти се владин приоритет, и ќе донесат сериозен бенефит за граѓаните, како и иднина за младите, порача премиерот Христијан Мицкоски. Неговиот колега, косовскиот премиер Албин Курти, кој беше присутен на поставување на камен темелникот пак посочи инвестицијата ќе влијае врз економскиот развој и животот на граѓаните од двете земји. -После нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Ветување кое што беше дадено на почетокот на оваа Влада, беше дел од клучните приоритети на работата на оваа Влада и очекувам многу скоро од денеска да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време да биде овој проект реализиран. Од особено значење ќе биде за нашите две земји, Косово и Македонија, за граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобра размена, нешто што претставува со исклучително важен атрибут, особено во 21 век. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада -Ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка, за граѓаните и економиите на нашите две земји, ние сме две држави кои имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Семејствата, студентите, работниците, професионалците и нашиот бизнис се движат секој ден помеѓу Косово и Македонија.- Албин Курти – Премиер на Косово Механизацијата е веќе на терен, а изградбата на автопатот ќе биде сложен процес оти теренот е ридско-планински. Предвидени се виадукти, бројни мостови, галерии, потпорни ѕидови и тунели. Во двата правци ќе има по две коловозни ленти и по една помошна, а целосната ширина ќе биде околу 27 метри. Повеќе од половина од експропријацијата е завршена, а процесот се очекува да се заокружи за еден месец. Целта е Македонија да стане инфраструктурно срце на Балканот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски. -Автопатската делница од 10,5 километри, исклучително тежок терен, ќе имаме пет тунели, четири галерии, 11 моста. Иако делницата во километри делницата е кратка, доста е комплицирана, но со завршувањето на оваа делница ќе имаме целосно автопатско поврзување помеѓу Скопје и Приштина, но исто така го отвораме Скопје и Македонија кон најмалце две пристаништа, ова е алтернативно поврзување со пристаништето Драч, но исто така и со поврзување со пристаништето Бар. - Александар Николоски – Вицепремиер/ Министер за транспорт На поставувањето на камен темелникот беше присутен речиси целиот државен врв, како и европски делегации. Проектот се финансира од ЕБОР со 167 милиони евра, а земен е и грант од околу 30 милиони евра од рамката на Западен Балкан. Со изградбата, овој пат ќе се поврзе директно со автопатот до Приштина, кој е веќе направен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКаква ќе биде судбината на дата-центрите во Македонија? Власта и опозицијата со дијаметрално спротивставени позицииСе затвори ли случајот со дата центар во Пехчево или сепак ќе оживее идејата за изградба?По вчерашната одлука на општинскиот совет кој едногласно ја отфрли иницијативата за проектот, градоначалникот Александар Китански во телефонски разговор за утре најави дека ќе има повеќе детали и појаснување дали е можно овој проект планиран во Панчарево повторно да се најде на дневен ред. Во меѓувреме лидерот на СДСМ Венко Филипче обвинува дека власта имала план под маса да протне изградба на повеќе дата центри кои според него ќе ги доведат во опасност струјата, водата, земјоделските површини и живиот свет во реките. Филипче стигнал и до документ за кој тврди дека е доказ оти некоја компанија добила дозвола од владата за изградба на дата центар со пристап до реката Вардар. -Дали тоа значи дека огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Што Македонија ќе прави со струјата која што во еден дел целосно ќе биде искористена од тие дата-центри, затоа што тие трошат многу струја? Понатаму, што ќе се случи со цената на струјата? - Венко Филипче – претседател на СДСМ Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски за Канал 5 тврди дека струјата и водата нема да бидат загрозени со било каков дата центар изграден во земјава. Тој уверува дека е предвидено сите големи инвестиции да се снабдуваат со електрична енергија од обновливи извори, без да ја трошат постојната струја, а во однос на водата уште при одобрувањето на проектот ќе се барало технологија за минимална потрошувачка. -Најважно е граѓаните да знаат едно: нема да дозволиме инвестиција во било кој центар за податоци да значи помалку вода или помалку струја за домаќинствата. Овие центри трошат електрична енергија како било кој индустриски капацитет, а зависно од технологијата можат да користат и вода за ладење, која не се троши туку циркулира и потекнува најчесто од подземни води а не од постоечки реки или водоводи. Затоа, пред да се одобри ваков проект, точно ќе се знае од каде ќе доаѓа енергијата, колкава ќе биде потрошувачката и каков систем за ладење ќе се користи. - Стефан Андоновски - министер за дигитална трансформација Поддршка за изградбата на дата центри низ саркастична објава даде поранешниот премиер Димитар Ковачевски... „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска долина, а богами и Кина што Пехчево не е во Шангај... што би правеле денес со вишокот вода..“ – напиша тој на фејсбук. Спротивниот став од партискиот според Филипче не значи раскол, туку демократија во партијата. -Го читав постот. Раскол на тоа ниво со Димитар Ковачевски никогаш немало на ниту една тема. Што е заклучокот од ова што го говорите.. Не е раскол, туку доказ дека ние сме вистинска демократска партија и сечие мислење се цени и може да се каже во јавноста.- Венко Филипче – претседател на СДСМ Вчера премиерот Мицкоски за иницијативата во Пехчево рече дека се работи за приватна инвестиција, но дека Владата генерално ги поддржува тие кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Според него дата центрите се новата нафта и треба да се градат без да се наруши животната средина. Од неговата партија пак обвинија дека зад иницијативата во Пехчево стоел Драги Ѓорѓиев, поранешен пратеник од СДСМ, кој се појавува како косопственик на парцелите со вкупна површина од 30 декари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАпелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во „Талир 2″, ВМРО-ДПМНЕ си го врати имототПо осум години судска постапка, случајот „Талир 2“ кој се однесува на финансирањето на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ доби правосилна завршница.По осум години судска постапка, случајот „Талир 2“ кој се однесува на финансирањето на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ доби правосилна завршница откако апелацискиот суд ја одби како неоснована жалбата на обвинителството и ја потврди ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски. Со одлуката се враќа и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, имот кој беше замрзнат во рамки на судската постапка. Во образложението на одлуката, Апелација оценува дека не било докажано надвор од разумно сомнение дека Груевски постапувал спротивно на законот за финансирање на политичките партии. -При постапувањето и одлучувањето, Судот оцени дека преземените дејствија од страна на обвинетиот Н.Г. како одговорно лице во правното лице, се во рамките на неговите овластувања и не се изведени докази од страна на Основното јавно обвинителство Скопје дека постапувањето на обвинетиот е спротивно на Законот за финансирање на политичките партии.- Скопска апелација Претходно, од опозициската СДСМ денеска побараа скопска Апелација да ја преиначи одлуката на првостепениот суд и случајот да биде вратен на повторно одлучување. Од партијата обвинија и дека првостепената ослободителна пресуда била поради како што наведоа, партизираност на судството. -Партизираното судство под контрола на Мицкоски го ослободи Никола Груевски со првостепената одлука и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ОКГ. Претходно предметот „Талир 2“ беше одземен од поранешниот обвинител како класичен пример на политичко влијание врз текот на истрагите.- Александар Саша Димитријевиќ - СДСМ Случајот го отвори сега згаснатото СЈО во 2018 година а потоа го презеде скопското обвинителство. Во првичната постапка Груевски беше осуден на шест години затвор, а на партијата и беше изречена конфскација на имотот. На тоа следеа измените на КЗ од 2023 година, како резултат на кои за Груевски имаше промена на обвинението, а ослободителната пресуда која беше донесена пред еден месец, Кривичниот суд ја образложи, токму поради тие измени. Груевски е инаку, осуден за случајот со „Плацевите на Водно“ и „Насилство во центар“, а двегодишната казна за случајот „Тенк“ застаре пред две години. Со тоа, во моментов го чекаат 10 години и шест месеци казна затвор. За него се уште активен е предметот „Титаник“ кој е првиот отворен од поранешното СЈО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter