3Превентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отворено
ЗдравјеАлиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом КумановоИнвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работнициАлиу во посета на реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово: Инвестициите во примарното здравство значат подобри услови за пациентите и за здравствените работници Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се вложени 5 милиони денари од буџетот, со што значително се подобрени просторните услови за работа и за престој на пациентите. Во рамки на активностите е извршено и уредување на дворот на објектот, при што се изградени и паркинг-места за потребите на пациентите. За оваа намена се инвестирани дополнителни еден милион денари. „Со оваа инвестиција обезбедуваме подобри услови за спроведување на имунизацијата, поефикасна организација на работниот процес и поквалитетна услуга за граѓаните, особено за децата и нивните семејства. Токму инвестициите во примарната здравствена заштита се инвестиции во здравјето на идните генерации. Наш приоритет е да создаваме современи, функционални и достапни здравствени установи во сите општини, затоа што секој граѓанин заслужува квалитетна здравствена услуга поблиску до местото на живеење, изјави министерот Алиу. Министерството за здравство останува посветено на унапредување на инфраструктурните услови во здравствените установи низ државата, со цел обезбедување поквалитетна, подостапна и поефикасна здравствена заштита за сите граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Париз: Постара жена влегла во црква со бомбиПостара Парижанка денес донела во својата црква две гранати што ги пронашла во зградата каде што живее, што предизвика итна евакуација на околу стотина верници од црквата и повик за полицијата, објавија француските медиуми.Утрово, една жена отишла во црквата Нотр Дам де ла Гар во 13-от арондисман во Париз за да му го покаже своето откритие на парохискиот свештеник, објави Ле Фигаро, повикувајќи се на исказите на очевидци. Свештеникот веднаш ги отстранил двете експлозивни направи, а потоа ги известил властите. Полицијата брзо реагирала, евакуирала околу стотина луѓе и поставила безбедносен периметар околу црквата. Во 11:20 часот пристигнале експерти за деактивирање бомби, ги идентификувале предметите како „маневрска и чадна бомба“, кои не претставуваат закана за човечкиот живот и ги укинале безбедносните мерки за да може да продолжи црковната служба. Исто така, бил извршен претрес во домот на една постара жена, но не биле пронајдени други бомби, а свештеникот рекол дека не сака да поднесе формална тужба. Извор: Б92Тагови: Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 22, а максималната ќе достигне до 40 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности на РЦ за ГР Запад и СВР Тетово за безбедност при патување на подолги релации и заштита од пожари на отвореноНа возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина.Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки Ќафасан“ и полициски службеници од превенција при Регионалниот центар за гранични работи Запад, денеска (09.08.2026) на Граничен премин Ќафасан“ спроведоа превентивни активности насочени кон заштита и безбедност на граѓаните и патниците кои ја преминуваат државната граница. Во рамки на активностите, полициските службеници упатуваа совети и препораки за безбедно патување и однесување во услови на високи температури, особено за време на подолги патувања и чекање на граничните премини. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од топлотен удар и последиците од изложеност на високи температури, при што на патниците им беа поделени шишиња со вода. Исто така, на патниците им беа поделени летоци со едукативн содржина, преку кои беа информирани и за начините на заштита од топлотен удар, внимателното и безбедно управување со возилата. како и за потребата од зголемена внимателност при патување во услови на високи температури. Денеска (09.08.2025), Отсекот за превенција при СВР Тетово во соработка со полициски службеници од Полициското одделение Галате и ЈП „Национални шуми“ на неколку локации во селата Врапчиште, Градец, Неготино, Добридол, Сенокос, Топлица, Зубовце и Галате спроведе превентивно - едукативна кампања под мотото „Лето без пожари - пламените јазици се незапирливи“. За време на активностите беше посочено на зачестено палење на шумите, стрништа, фрлање на отпушоци и воопшто ризиците од предизвикување пожари од невнимание. Притоа, на возачите им беа поделени летоци со едукативна содржина и препораки со цел подигнување на свеста и информирање за законската регулатива, како и за санкциите.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:03
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05