Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
1Герасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрога
Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
1Бела ноќ 2026 во Скопје: Игор Џамбазов и „Гуру Харе Бенд“, „Допамин“, електронска музика и уметност низ Скопје
МакедонијаАлиу со отчет за сработеното како министер за здравствоАлиу на заминување кажа дека успеал да реализира многу за кратки 13 месеци.Отворени 15 закони поврзани со здравство, вкучувајќи ги и донесените измени за секој што сака да може да стане потенцијален органодарител, медицински факултет да овозможи студии за парамедицинари и тие лекари да бидат постојано вработени во Итната медицинска помош, старт за дигитализација, а и здравството да има пристап до пари и искуство од ЕУ. Ова е само дел од тоа што, Азир Алиу, министерот во заминување вели дека го остава зад себе за 13 месеци работа, по најавената реконструкција на владата со која го отстапува секторот на Сашо Клековски. Еден од законите кој формално се уште ги нема минато сите „филтри“ за да стапи на сила е оној за заштита од пушење, и не е донесен поради 8 амандмани или забелешки. Во однос на проблемот со недостатокот на кадар за Итната медицинска помош, Алиу вели дека она што било до него, завршил во однос на процесот за да има студии за парамедици, а околу два месеци чекал сенатот на УКИМ да се произнесе. Со ова на долг рок би се решиле проблемите недостаток на кадар во оваа служба. Во однос на тоа што сакал, а не успеал да направи како Министер тој посочи дека жали што немал време како фукционер да издејствува „парите да го следат пациентот“, односно секој граѓанин да може да си ги искористи финансиите што ги плаќа секој месец за здравствено и во приватна болницва, односно каде што сака. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Навреме да препознаеме, навреме да помогнеме, поддршка и помош за младите во ризик од дрогаОпштина Центар, во соработка со Здружението ХОПС, обезбедува бесплатна психосоцијална поддршка за младите во ризик од употреба на дроги и за нивните семејства.Во Дневниот центар за рехабилитација и реинтеграција на ХОПС, младите и нивните семејства добиваат стручна помош, советување и третман во безбедна средина, без осуда и стигматизација. Достапни се психолошка и психијатриска поддршка, помош од социјален работник, советување за пристап до здравствена заштита и остварување на социјалните права, како и информации за намалување на ризиците поврзани со употребата на дроги. „Им порачувам на младите дека не се сами и дека имаат каде да се обратат. Понекогаш првиот и најважен чекор е разговорот и довербата во човек кој знае како да помогне. Тоа е и целта на овој проект – да дадеме стручна поддршка навреме, но и да делуваме превентивно, затоа што зависноста може да остави сериозни последици врз животот на младите и нивните најблиски“, порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Од мај до август 2026 година, Дневниот центар го посетиле 71 корисник, при што се реализирани 274 посети и обезбедени 481 услуга. Фокусот е ставен врз младите и нивните семејства, со цел ризикот да се препознае навреме и да се спречи продлабочување на проблемот. Покрај директната поддршка, преку овој проект се реализираат и активности за информирање и активно вклучување на младите во креирањето информативни и едукативни содржини за злоупотреба на психоактивни супстанции и штетните последици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОколу 30.000 граѓани учествуваа во големата еко-акција за чисто СкопјеОколу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје.Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град. Акцијата ја обедини граѓанската заедница околу заедничката цел – подобрување на животната средина и создавање почисти и побезбедни простори за сите жители на Скопје. Со засукани ракави и личен пример, учесниците чистеа јавни површини, паркови, населби и други локации низ градот, испраќајќи порака дека грижата за животната средина е заедничка одговорност. „Околу 30.000 вредни и посветени луѓе денеска покажаа колкава сила има градот кога се обединува околу заедничкото добро“, беше истакнато во рамки на акцијата. Посебен акцент беше ставен на потребата од создавање трајни навики за одржување на јавните простори. Како што беше посочено, секоја исчистена површина значи поздрав простор за живот, побезбедно место за игра на децата и поквалитетно секојдневие за граѓаните. Воедно, беше упатен апел до граѓаните да го почитуваат вложениот труд и да придонесуваат кон зачувување на чистотата на јавните површини. Најавено е дека вакви акции ќе продолжат да се организираат двапати месечно, со цел граѓанската одговорност и грижата за животната средина да прераснат во трајна навика. „Чистиот град започнува од нас – од грижата за сопствената улица, парк и маало. Денешната акција покажа дека кога граѓаните се обединуваат, може да се направи значаен чекор за почисто и поубаво Скопје“, беше порачано. Организаторите упатија благодарност до сите граѓани, волонтери, институции, јавни личности и претставници на дипломатскиот кор кои се приклучија на акцијата и со својот ангажман дадоа придонес кон заедничкиот градски простор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРКЕ: Грејната сезона започнува на 15 октомври Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека грејната сезона започнува на 15 октомври 2026 и завршува на 15 април 2027 година.Грејната сезона може да почне и порано, од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, во случај кога прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 ºС. Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 º C. РКЕ ги потсетува заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter