Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
МакедонијаАлиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали имало дозволи за извоз на биолошки материјал во САД-Министерот за здравство, Азир Алиу побарал да се анализираат податоците, кои се поврзани со случајот со испраќање на дел од мозоците на македонски пациенти на американскиот Универзитет „Колумбија“ за научно истражување. Тој истакна дека како ресорно Министерство не се надлежни за истрагата, бидејќи станува збор за истражувачки проект, кој почнал во 1996 година. -За секој проект да биде почнат знаете дека има меморандум потпишан од двете страни, најверојатно меѓу институциите, коишто ги чуваат тие документи, или Универзитетот или МАНУ, или Институтот. Ние не сме надлежни за ниту една од овие три институции, надлежно е Министерство за образование и наука. Ние сме надлежни за давање лиценца или дозвола за да увезе материјал или да извезе материјал некоја од институциите и ние се фокусиравме во тој дел, појасни Алиу. Министерот за здравство, вели дека работната група анализира дали протоколите се запазени согласно стариот Закон, кој бил важечки пред 30 години, бидејќи какошто објаснува, тогаш имало други процедури и МАЛМЕД не постоел посебно, туку бил дел од структурата на Министерството за здравство. -Мислам дека не треба да брзаме со информации од типот на можни злоупотреби, бидејќи лично ако ме прашувате како човек не како министер и како Министерство ценам дека многу малку има можност за злоупотреби во овој случај, бидејќи се работи за истражувачки проект помеѓу две земји, а втората земја е САД, којашто има многу јасно дефинирани протоколи, кога се работи за биолошки материјал. Прво овој факт треба да го имаме предвид. Вториот факт што треба да го имаме предвид, што мене лично ми дава комодитет е дека можеби би имал малку дилеми за злоупотреби, бидејќи се работи за Универзитет, којшто е престижен, вели Алиу. Министерот за здравство додава дека и научникот кој ги вршел истражувањата е човек којшто е познат како светски научник. -И лично тргнувајќи од себе си, не би дозволил таа држава, тој Универзитет, таа лабараторија да би имала злоупотреби за импорт на биолошки материјал без да има јасно дефинирани протоколи. Но, лично ова е мое мислење, рече Алиу. Тој истакна дека од групата бара одговори на прашања и информации како билошкиот материјал е испратен во САД. Алиу вели дека и според стариот Закон до 2018 година сите материјали, админстративни документи треба да се чуваат 15 години, а од 2018 година, според ЕУ директивите, сите документи се чуваат 25 години. Министерот за здравство Алиу вели дека токму поради тој смета дека некоја од институциите може да ги немаат овие документи во архивите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВенецијанската комисија ќе го оценува новиот модел за полагање на правосудниот испит Владата ќе побара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел за полагање на Правосудниот испит.Со овој чекор, како што соопштуваат од Министерството за правда, се обезбедува независна меѓународна експертска оцена за усогласеноста на предложеното решение со Уставот, меѓународните правни инструменти и европските стандарди.За време на престојот на експертите предвидени се и практични демонстрации на писмениот дел од испитот во Апелациониот суд во Скопје, како и на усниот дел во просториите на Министерството за правда.. Предложениот модел предвидува воведување единствен систем на полагање, со еднакви услови и исти професионални критериуми за сите кандидати, без посебни испити или различни стандарди, велат од правда..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter