МакедонијаАлиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување- Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно ги засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Министерството за здравство соопшти дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите заинтересирани граѓани и организации може да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување. - Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно ги засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неоспорни - тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и опние што не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите. Затоа Министерството за здравство изготви нов закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани - оценува министерот за здравство, Азир Алиу. Целта на новите законски измени, се посочува, е воспоставување контрола врз појавата и ширењето на новите тутунски и никотински производи, особено нивната агресивна промоција и лесна достапност. Истовремено, се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста и, конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории. - Со овој закон испраќаме јасна порака дека здравјето е повисока вредност од кој било комерцијален интерес, дека здравјето на децата не може да биде предмет на профит, дека јавниот простор мора да биде безбеден простор. Воедно, законското решение е усогласено со европската регулатива и со меѓународните обврски што државата ги има преземено, принципите на рамковната конвенција на Светската здравствена организација - се наведува во соопштението од Министерството за здравство.Тагови: пушење цигари закон за пушење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТрамп потпиша уредба против „породилниот туризам“Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање.Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша две извршни наредби во нов, обид да го ограничи правото на државјанство по раѓање, обновувајќи го своето оспорување на одредбите од Уставот на САД откако Врховниот суд го отфрли неговиот претходен обид. Новите регулативи главно ги заоструваат постојните регулативи и ги стеснуваат исклучоците. Ограничувањето на правото на државјанство по раѓање е еден од главните приоритети на репресивните мерки на републиканскиот претседател против имиграцијата, при што Белата куќа особено се фокусира на она што го нарекува „туризам за раѓање“, во кој странски бремени жени патуваат во САД за да се породат таму. По неуспехот на Врховниот суд на 30 јуни, Трамп го повика Конгресот да дејствува, но вчера наместо тоа се одлучи за извршни наредби што ја утврдуваат политиката, но не се правно обврзувачки. Судот претходно пресуди дека претходниот обид на Трамп да го ограничи правото на државјанство по раѓање е неуставен. Администрацијата тврди дека новата директива не ги надминува границите на одлуката на Врховниот суд, која наводно ѝ дозволува да ги прошири категориите на луѓе кои не би имале право на државјанство по раѓање, вклучително и оние што доаѓаат за „туризам за раѓање“. Тие категории, наведува наредбата на Трамп, „не спаѓаат под правилото за право на државјанство по раѓање, како што го објави Врховниот суд“. „Со оваа наредба се забранува практиката на „породувачки туризам“, а забраната стапува на сила веднаш по нејзиното потпишување. Тоа значи дека никој во светот повеќе не може да добие виза за оваа измамничка цел“, изјави Стивен Милер, соработник во Белата куќа, за време на церемонијата на потпишување во Овалната соба. Центарот за студии за имиграција, кој се залага за намалување на нивото на имиграција, во анализа од 2020 година процени дека меѓу 20.000 и 25.000 мајки дошле во САД заради породувачки туризам во текот на една година во периодот меѓу 2016 и 2017 година. Во 2025 година, во Соединетите Држави се родени 3,6 милиони деца.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МетеоСончево и многу топло со мала до умерена локална облачностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСончево и многу топло со мала до умерена локална облачност08:20Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ХороскопДневен хороскоп за 7. август 2026 година Дневен хороскоп за петок, 7. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Борбениот дух не ве напушта и подготвени сте да урнете некои пречки за да стигнете до нечие срце. Кариера Некогаш ви е тешко , а и самите не знаете зошто.Потпрете се на интуицијата за да дојдете до одговорот. Здравје и совет Играте на сигурно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите заслуги во запознавање на саканата личност се поголми отколку оние на другата страна. Затоа ќе го диктирате темпото. Кариера Ќе помислите како сега работата ви оди полесно и колку тоа е добро. Уживајте во опуштеноста. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве водат чувствата и интуицијата.Нема да згрешите.Ќе знаете на време што треба да правите. Кариера Продолжува конструктивниот период во кој воспоставувате се подобри контакти и ја зацврстувате деловната соработка. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете распнати меѓу желбата да излезете на весело и бучно место и потребата да уживате во тишината и интимноста на домот. Кариера Во се што ќе работите ќе има момент на таинственост, дискреција или фина креативност.Тоа ќе ви биде важно. Здравје и совет Применете ги теориите во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува благо подобрување во вашиот приватен живот, а најмногу ќе ве израдува засилувањето на довербата. Кариера Вработените во мали приватни фирми ќе најдат начин како да работат поквалитетно и ќе ја подобрат соработката со партнерите. Здравје и совет Прошетајте на воздух и разбистрете ги мислите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете послободно да ги изразувате вашите чувства, но тоа не е гаранција дека другата страна ќе ве разбере. Кариера Пред вас е интересен деловен ден м во кој ќе мислите дека може да направите се што ќе посакате. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Потребата за доминација во односот ќе биде силна, но ќе знаете на време да ја спуштите топката. Тоа ќе биде паметно. Кариера Понекогаш мислите дека сте тркачки коњ , па од време на време ќе се обидете да ги занемарите помалку важните работи. Здравје и совет Се задоволувате само со најдоброто. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ѕвездите ќе ве водат кон љубов , среќа и мир. Многумина ќе увидат дека токму тоа им е потребно. Кариера Вашиот труд дава резултаи , што нема да ве спречи секој слободен момент денеска да го поминете во безделничење. Здравје и совет Продолжете така. Овен 21.3-20.4. Љубов Со по,ош ма фантазија ќе успеете да воспоставите каков- таков однос со партнерот.Не е совршено , но засега не е ни лошо. Кариера Не барајте игла во сено.Добро е вака како што е .Кога би се барала ваша грешка , би се нашло доста. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во право се оние кои велат дека сте убави и привлечни.Тоа е резултат на здравиот живот и птошетките на свеж воздух. Кариера Ако имате чувство дека некој на работа постојано ве анализира, ќе му простите и се ќе свртите на шега. Здравје и совет Имате право во одлуките. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали семејни проблеми поврзани со минатото ќе бараат од вас зголемен ангажман. Кариера Ќе го слушате вашиот внатрешен глас , кој ќе ви биде безгрешен водич кон развојот на кариерата. Здравје и совет Барате нови идеали. Рак 22.6-22.7. Љубов Нежност и сентименталност ќе бидат обележје на денот.Оние кои се сами вројатно ќе страдаат од силен копнеж. Кариера Ќе размислувате за луѓето од работа кои не си ја вршат работата со ист ентузијазам како вие. Ќе се прашувате зошто е тоа така. Здравје и совет Не инсистирајте сѐ да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter