Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор - Канал 5

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Над 70 проценти од докторите во земјава се соочиле со некаков  вид на насилство на работното место.

Алиу: Насилство врз здравствен работник е кривично дело за кое е предвидена казна затвор

Најчесто е вербалното, но околку 7 проценти биле изложени и на физичко насилство.

На европскиот ден за подигнување на свеста против насилството врз здравствените работници министерот Алиу порача дека станува збор за кривично дело, а од Лекарската комора побараа итни санкции за сторителите и порачаа дека насилството и агресијата не се решенија за системските недостатоци

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велес доби современа атлетска патека по ИААФ стандарди

Реализиран уште еден инфраструктурен проект на Министерството за спорт.

Велес доби современа атлетска патека по ИААФ стандарди

Министерството за спорт успешно реализира уште еден проект од програмата за изградба и обнова на спортската инфраструктура. Велес доби современа атлетска патека според ИААФ стандарди со што во рекорден рок е исполнето ветувањето на министерот Борко Ристовски пред велешките спортисти и спортски работници кои со децении водеа битка за зачувување и реконструкција на овој значаен спортски објект.

Министерот Борко Ристовски заедно со градоначалникот Марко Колев и со најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, денеска официјално ја пуштија во употреба комплетно реконструираната атлетска патека на градскиот стадион во Велес која е направена според највисоки ИААФ стандарди и нуди најсовремени услови за тренинг и натпревари.

Ветувањата имаат тежина само ако ги исполнуваме, порача министерот Ристовски, изразувајќи задоволство од брзата и успешна реализација на овој капитален проект на Министерството за спорт.

„Драго ми е што излеговме во пресрет на барањата на велешани и што го исполнивме ветувањето. Оваа атлетска патека комплетно ја реконструиравме во рекодно време, почнавме кон средината на април и за два месеци патеката е готова. Ние како Министерство за спорт и како Влада ќе се трудиме секогаш да помагаме таму каде што барањата соодветствуваат на нашите можности. Најважно од сѐ е дека отпочнавме еден капитален бум низ целата држава. Вакви проекти реализираме низ целата држава и ова не е важно само од спортски аспект, важно е и за рекреирање, важно е и за социјалниот живот и за градење на вредности кои како Министерство за спорт сакаме да ги промовираме, особено меѓу младите“ – истакна Ристовски.

Вкупната вредност на проектот финансиран од Министерството за спорт, изнесува 19.290.000 денари, а со реконструкцијата која беше почната во април годинава, отстранет е стариот тартан, извршено е тампонирање, асфалтирање и поставена е нова еластична спортска подлога со ИААФ сертификат.

Атлетската патека е со вкупна квадратура од 4700 м2 . Од вкупната површина, 3900 м2 е подлога на кружната атлетска патека, а 800 м2 е подлога во просторот позади голот која е наменета за други атлетски дисциплини.

Патеката е исцртана со 6 ленти освен на правиот дел од 100 м поред трибината кој има 8 ленти . Ширината на една лента е 1.22 м. Исто така патеката е маркирана за сите атлетски дисциплини по ИИАФ стандарди.

Ова е втор ваков проект на Министерството за спорт, по атлетската патека која беше изградена во Гевгелија во 2024 година, како дел од над 70 проекти што се реализирани во изминатите две години низ целата држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лоши вести од „Apple“: Тим Кук го потврдува тоа од што сите се плашеа

Тим Кук зборуваше за претстојните зголемувања на цените на производите на „Apple“, како и за причините зошто тие ќе се случат.

Лоши вести од „Apple“: Тим Кук го потврдува тоа од што сите се плашеа

Во интервју за „The Wall Street Journal“, извршниот директор на „Apple“ во заминување практично потврди дека доаѓаат повисоки цени за производите на компанијата. „За жал, зголемувањата на цените се неизбежни“, изјави Тим Кук за весникот. „Правиме сè што можеме за да ги ублажиме огромните зголемувања на трошоците што ни се наметнуваат и да се обидеме да ги заштитиме нашите клиенти од овие зголемувања на цените, но ситуацијата стана неодржлива“.

„Снабдувањето е ограничено во време кога потрошувачите сакаат уреди, а производителите на меморија ни даваат огромни зголемувања на цените“, рече тој. „Дефинитивно треба да ги вратиме цените и понудата на меморија на разумно ниво за производите за широка потрошувачка. Тоа е суштината“.

Интервјуто на Кук беше типично дипломатско. Се чини дека тој избрал да биде оној што ќе ги соопшти лошите вести, наместо да дозволи неговиот наследник, Џон Тернус, да го претрпи ударот и јавниот гнев поради претстојното зголемување на цените. Тој, исто така, призна колку екстремен стана пазарот на „RAM“ меморија и складирање: „Никогаш не сум видел нешто вакво во која било индустрија повеќе од 40 години“. „Apple“ не е првата технолошка компанија што ја дава во суштина истата изјава. „Samsung“, „HP“, „Microsoft“, „Nintendo“ и „Valve“ во последните месеци проговорија за влијанието на вртоглавото зголемување на трошоците и побарувачката за „RAM“ меморија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина Љупчо Грнчиштанов – еден од обвинетите во случајот „Пулс“

Почина Љупчо Грнчиштанов главен инспектор во државниот пазарен инспекторат кој беше еден од обвинетите во судскиот предмет за пожарот во „Пулс“.

Почина Љупчо Грнчиштанов – еден од обвинетите во случајот „Пулс“

Грнчиштанов од 15 јануари 2013 година до 16 март 2025 година ја извршуваше функцијата генерален инспектор, односно раководител на инспекциската служба во ДПИ.

Тој беше обвинет за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, а помина 77 дена во ефективен притвор, по што 14 месеци беше во куќен притвор.

„Јавното обвинителство е известено. Обвинетиот починал откако му се слошило во домашни услови. Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција“ информираа кратко од ОЈО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер