Алиу: Медицинската документација ќе се води дигитално, се подобрува пристапот на граѓаните до нивното здравствено досие - Канал 5

Алиу: Медицинската документација ќе се води дигитално, се подобрува пристапот на граѓаните до нивното здравствено досие

 Медицинската документација, упатите, рецептите, извештаите и регистрите ќе се водат дигитално, а хартиената документација ќе се користи само во исклучителни ситуации, како привремено решение при прекин на системот.

Алиу: Медицинската документација ќе се води дигитално, се подобрува пристапот на граѓаните до нивното здравствено досие

Ова се предвидува со измените и дополнувањата на Законот за евиденциите од областа на здравството, кои денеска на прес-конференција ги соопшти министерот за здравство Азир Алиу, а со кои се прави значаен чекор кон целосна дигитализација на здравствениот систем.

Тој рече дека една од клучните новини е регулирање на Електронското здравствено досие за секој пациент, кое ќе претставува централен извор на сите здравствени податоци – од прегледи и резултати до упати, рецепти и телемедицински услуги.

Со новите законски решенија, посочи министерот, значително се подобрува и пристапот на граѓаните до сопственото здравствено досие, преку електронски портал или мобилна апликација, со јасно утврдени правила за пристап кај малолетни лица и можност за овластување друго лице.

- Нашата цел е здравствените податоци да се водат модерно, безбедно и поврзано, со што ќе се подобри и квалитетот на здравствените услуги за пациентите. Со ова законско решение, кое деновиве ќе биде поставено на ЕНЕР, се надминуваат досегашните ограничувања во системот на здравствени евиденции и се овозможува нивно целосно електронско водење преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството „Мој Термин“, појасни Алиу.

Законот, потенцира Алиу, предвидува и техничка и семантичка интероперабилност на сите здравствени информатички системи, што значи дека сите јавни и приватни здравствени установи ќе мора да користат системи усогласени со Националниот систем, преку воведување сертифицирање на информатичките системи и задолжително евидентирање на секој пристап до здравствените податоци, со цел зголемување на безбедноста и транспарентноста.

- Дополнително, за првпат се регулира интеграцијата на телемедицината и мобилното здравство (mHealth) во националниот здравствен систем, при што телемедицинските услуги добиваат еднаква правна важност како и физичките прегледи. Предлог-законот предвидува и можност за секундарна употреба на анонимизирани здравствени податоци, исклучиво за цели од јавен интерес, научни истражувања, статистика, образование и развој на здравствени политики, при што е строго забранета секоја употреба што би можела да доведе до дискриминација, профилирање или економска штета за поединец, истакна Алиу.

Со измените, како што рече, се предвидува и централизација и интеграција на здравствените регистри во рамки на Националниот систем, како и зајакнување на безбедносните стандарди, со обврска за здравствените установи да воспостават системи за управување со информациска безбедност и да пријавуваат евентуални безбедносни инциденти.

-Предложените законски измени се делумно усогласени со најновите европски регулативи во областа на дигиталното здравство, вклучително и Регулативата за Европскиот простор за здравствени податоци. Со овој закон се поставуваат темелите за модерен, сигурен и интероперабилен систем за управување со здравствените податоци, кој ќе придонесе за подобар квалитет на здравствените услуги, поефикасно функционирање на здравствениот систем и поголема достапност на услугите за граѓаните, следејќи ги трендовите во оваа област, посочи Алиу.

Тој додаде дека во финална фаза измените на 12 закони од областа на здравството, и како што се финализираат ги објавуваат и на ЕНЕР, каде веќе се поставени законите за здравствена заштита, за заштита од пушењето, за здравствено осигурување, а за Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидени новини во рамки на заложбите за дигитализација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

Утре времето ќе биде променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно и студено време со температура од минус 8 до 4 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

-6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -2 Крива Паланка, Берово, Лазарополе, 0 Битола, Прилеп, Виница, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Велес, Демир Капија, 2 Скопје-Петровец, Штип, 3 Охрид, Струмица, Гевгелија, 4 Претор.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

13 Крушево, 11 Демир Капија, 10 Битола, Гевгелија, 8 Маврови Анови, 6 Прилеп, 5 Пожаране, Ѓуриште, Попова Шапка, 4 Тетово, Штип, Велес, Струмица, 3 Претор, 1 Крива Паланка, Виница, Берово, Лазарополе.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 16 часот во (cm)

42 Крушево (во 13 часот), 33 Ѓуриште, 31 Маврови Анови, 20 Попова Шапка, 14 Лазарополе, 13 Тетово, 11 Битола, 7 Гостивар, 6 Демир Хисар, 5 Берово, 4 Крива Паланка, 2 Прилеп.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Денеска времето беше облачно со врнежи од снег, а во пониските места во јужниот дел од Повардарието со врнежи од дожд и снег. Дуваше слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Попладнево ќе се задржи облачно со повремени врнежи од снег, кои постепено ќе се повлекуваат кон југ и до крајот на денот ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно и студено, во текот на денот со сончеви периоди. Во раните утринските часови во источните делови наместа ќе провејува слаб снег. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од -3 до 4 степени.

Во Скопје, променливо облачно и студено со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 1 степен.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во текот на новата седмица времето ќе биде стабилно и многу студено. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни, а наместа и дневните ќе се задржат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Бројот на жртви од уривањето на шесткатната зграда во изградба во јужниот пакистански пристанишен град Карачи се искачи на 16, откако спасувачите извлекоа уште осум тела од урнатините, соопштија денеска локалните власти.

Расте бројот на загинати во Пакистан- се урна шесткатница

Спасувачите сè уште бараат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на зградата што се урна во среда, изјави во соопштение покраинскиот службеник за управување со катастрофи Абид Шеик, според Асошиејтед Прес.

Тој рече дека се надева дека спасувачката операција ќе биде завршена наскоро, додавајќи дека спасувачите внимателно користат тешка механизација со надеж дека ќе пронајдат преживеани.

Градоначалникот на Карачи, Муртаза Вахаб, и други владини претставници ја надгледуваат спасувачката операција.

Вахаб рече дека властите отпуштиле повеќе од десетина службеници поради уривањето на зградата и наводната небрежност.

Телевизиските снимки од местото на катастрофата во јужниот пакистански пристанишен град покажаа спасувачи во портокалови униформи и шлемови како стојат на големи бетонски плочи од урнатата зграда, опкружени со скршен конструкциски челик и заплеткани метални греди.

Уривањето на згради е честа појава низ Пакистан, каде што градежните стандарди честопати се прекршуваат, а изведувачите честопати користат нестандардни материјали или ги игнорираат безбедносните прописи за да ги намалат трошоците, објави АП.

Минатиот месец, покривот на приватно училиште се урна во северозападниот град Пешавар, при што загинаа 34 деца и еден наставник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Британскиот крал Чарлс III и неговиот помлад син, принцот Хари, одржаа приватна средба во замокот Балморал во Шкотска, прва откако принцот се врати со своето семејство од Калифорнија во август.

Кралот Чарлс тајно се сретнал со принцот Хари во Шкотска- дали е на повидок примирје?

Средбата меѓу таткото и синот се одржа на 17 октомври, без присуство на кралицата Камила, војвотката од Сасекс Меган Маркл, принцот Арчи и принцезата Лилибет, објави британски Телеграф.

Извори блиски до палатата одбија да откријат детали од разговорот, но изјавија дека двете страни ја сакаат средбата.

Кралот Чарлс и војводата од Сасекс претходно се сретнаа во јули, кога беа со членови на семејството на приватен попладневен чај во Хајгроув за време на кратката посета на Велика Британија.

Во меѓувреме, објавено е интервју што принцот Хари го даде во Соединетите Држави за списанието „GQ“, во кое тој рече дека „помирувањето е најважното нешто“.

„Има премногу проблеми во светот за да се продолжат семејните расправии. Некои луѓе не сакаат тоа да функционира, но јас сакам“, рече принцот.

Извори блиски до војводата од Сасекс ги негираа извештаите дека изјавата била упатена кон неговиот постар брат, принцот Вилијам.

Војводата и војвотката од Сасекс не се поканети да го поминат претстојниот Божиќ со британското кралско семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер