Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира
Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси
1Американски претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантира
2Агенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интереси
Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
1Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
2Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)
ЗдравјеАлиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртностМакедонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност - државата препознаена како пример за успешна имплементација на здравствени политики.Министерот за здравство, Азир Алиу на заедничката прес-конференција со претседателката на Комитетот за безбедно мајчинство, д-р Ирена Алексиоска Папестиев и шефот на Канцеларијата на СЗО во Македонија, д-р Аким Али, како и претставници на УНИЦЕФ и УНФПА ги презентираа резултатите од најновиот извештај на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценка на смртноста кај децата за 2025 година - Согласно наодите од извештајот, нашата држава е рангирана меѓу најуспешните земји на глобално ниво во намалување на неонаталната смртност и смртноста кај децата под петгодишна возраст, при што државата е препознаена како пример за успешна имплементација на интегрирани и координирани здравствени политики. Во изминатиот период е евидентиран значителен напредок, при што стапката на неонатална смртност е намалена за 87 проценти, од 8,1 на 1,1 на 1.000 живородени деца, додека стапката на смртност кај деца под пет години е намалена за 75 проценти, од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени деца. Остварените резултати се плод на континуирани системски реформи, зајакната институционална координација и партнерство со релевантните меѓународни организации, како и имплементација на сеопфатни мерки за унапредување на квалитетот на здравствената заштита, истакна министерот Алиу. Во таа насока, особено значајни се активностите насочени кон зајакнување на итната акушерска и неонатална нега, ревидирање и усогласување на клиничките протоколи, унапредување на практиките за реанимација на новороденчиња и превенција на инфекции, како и подобрување на системот за медицински транспорт. Паралелно, Министерството за здравство доследно го спроведува мастерпланот за перинатална нега 2020–2030, кој обезбедува воспоставување стратифицирана перинатална мрежа, согласно нивото на ризик и овозможува континуирано унапредување на квалитетот на здравствените услуги на сите нивоа на здравствена заштита. Министерсот Алиу изрази искрена благодарност до партнерските организации – СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, како и до Комитетот за безбедно мајчинство, за нивната континуирана поддршка, стручна експертиза и заедничка посветеност во унапредување на здравствената заштита на мајките и децата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
СветАмерикански претставници,Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на ОН веднаш да ги напушти САД, Иран демантираАмериканскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници.Американскиот државен секретар Марко Рубио нареди иранската делегација што присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации веднаш да ги напушти САД, соопштија американски претставници, што Иранската мисија при Обединетите нации го демантираше. „Секретарот Рубио ја отстрани иранската делегација бидејќи го пречекорија дозволеното време за престој. Работата на Генералното собрание на Обединетите нации беше завршена, па беше време тие да си заминат“, изјави еден функционер за „Фокс њуз“. Иранската дипломатска делегација пристигна во Њујорк на 22 септември за да учествува на годишниот самит, а за време на престојот одржа разговори со американскиот тим на маргините на собирот. Иранската мисија при Обединетите нации ги демантираше извештаите дека преговарачкиот тим на земјата бил протеран од Њујорк по налог на Стејт департментот на САД, наведувајќи дека членовите на делегацијата ги напуштиле САД според претходно утврден план. Иранската мисија соопшти дека Стејт департментот бил однапред известен за планот за патување на делегацијата и ги оцени како неосновани тврдењата за нејзино протерување од САД, пренесе порталот „Уфук“. Реакцијата уследи откако „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на американски функционер и извор од Стејт департментот, објави дека иранската делегација ја напуштила земјата по барање на американските власти. Иранската мисија го отфрли извештајот и го обвини американскиот Стејт департмент за ширење „лажни информации“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
МакедонијаАгенцијата за национална безбедност: Попречувањето на пропагандни активности во функција на руските интересиАгенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава.Агенцијата за национална безбедност во координација со други надлежни институции континуирано презема активности за откривање и попречување на пропагандна мрежа во земјава, која има деструктивна и малициозна агенда за остварување влијание врз јавниот дискурс, во корист на странски интереси. Во рамки на заеднички координирани активности на АНБ, МВР и ОЈО, на 18.09.2026 г. преземени се истражни дејствија кон македонски државјанин надоврзан на странски фактори кои се креатори на пропаганден апарат со мрежа на портали интегрирани и во македонскиот медиумски простор. Поради основано сомнение дека е сторител на КД „Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост“ по член 319 од КЗ, „Одавање службена тајна“ по член 360 од КЗ и „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ, извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени предмети кои во моментов се предмет на дополнително вештачење. Вистинските актери на оваа пропагандна мрежа која е во функција на руските интереси, се кријат преку клонирани псевдо-портали регистрирани со македонски интернет домен. Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани, со што се поткопува довербата во институциите и се поттикнува етничка и национална омраза и нетрпеливост. Наведените активности се континуитет на претходно попречените проруски хибридни активности на македонски државјанин, надоврзан на овие пропагандни мрежи, за кого беше поднесена и кривична пријава за КД „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394-г од КЗ. Агенцијата во рамки на своите надлежности ќе продолжи да презема активности во насока на детектирање и спречување на субверзивно-пропагандни активности преку мрежа на портали надоврзани на регионални проруски политички структури, со кои директно се поткопуваат стратешките евро-интегративни процеси на земјава, стои во соопштението од Агенцијата за национална безбедност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државатаСДС и Филипче за сè се против, не сакаат инвестиции и развој на државата, ама затоа пак се за „прво Бугари во Устав, па сè останато“.Венко Филипче почнува да се губи на политичката сцена, а СДС ја претвора во маргинална партија. Внатрепартиски раскаран, во државата Филипче за се е против, не сака инвестиции, не сака развој, не сака индустрија, рудници, дата-центри, му смета се што значи развој на земјата и подобар живот за граѓаните. Но, сепак, има нешто за што е Венко Филипче. Освен за марихуана економија, тој е и за, како што и самиот изјави, прво Бугари во Устав, па сè останато. Очигледно Филипче наумил, по стилот на неговиот струмички ментор Зоран Заев, ново предавство на националните интереси и, бланко, прифаќање на се што доаѓа од Бугарија, да прифати. Тоа што Венко Филипче треба да направи е јавно да одговори пред македонската јавност, неговите сопартијци со кои секој ден се кара, пред македонските граѓани, дали зад ваквата негова изјава стои нов бизнис договор на штета на македонските идентитетски обележја и државни интереси? Практиките на тргувањата со националните интереси за лични придобивки и бизнис интереси веќе ни се познати од минатото од Зоран Заев, ментор и духовен лидер на Филипче, кои заедно на власт потпишаа капитулантски договор, сменија име на држава, прифатија бугарски диктат. Народот веќе ги има прочитано и СДС и чиракот на Заев, Венко Филипче и нема да им дозволи за свои интереси да си играат со судбината на државата и идентитетските прашања, а ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во сојуз со граѓаните за заштита на националните интереси и државниот развој. А, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ како што до сега водеше политики кои носат инвестиции, раст на економијата и БДП кој во последниот квартал стигна до 4,3%, нови работни места, повисоки плати, инфлација пониска од еврозоната, во време на светска енергетска криза цените на горивата се најниски од земјите во регионот, така и понатаму ќе продолжи посветено да работи во интерес на граѓаните и државата. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00