Алфа Ромео го прекина производството на својот најпосакуван модел

Алфа Ромео го нуди само она што останало во магацините , иако нема многу останати примероци.

Уште еден необјаснив потег на поранешниот италијански гигант. Откако Фиат се откажува од своите минијатурни модели, од Алфа доаѓа вест дека нејзиниот најпосакуван модел дефинитивно се повлекува. Да, 4C оди во историјата и тоа двете верзии, Coupe и Spider.

Моделот првично беше повлечен од американскиот пазар, а потоа започна да се повлекува и од одделни европски пазари. Информациите се несигурни, но како што дознава „Мотор 1“, има уште дваесетина примероци кај француските дилери.

Alfa 4C беше претставена како помала верзија на уште поатрактивниот 8C уште во 2011 година во концептско издание, а потоа во 2013 година почна производството. Две години подоцна, пристигна и Spider, но концептот остана ист - минимална маса, централно лоциран мотор и безвременски дизајн.

Alfa Romeo 4C е придвижуван од мал (1,7) мотор, со 240 КС и 350 Nm кој совршено се вклопува со лесниот автомобил , дури и во американската верзија, која тежи околу сто килограми. Достигнува до 258 км на час, а за да стигне до 100км/час му се потребни 4,5 секунди.

Најмалку петмина уапсени пред белоруската амбасада во Москва

Најмалку пет лица се уапсени за време на вечерашниот протест пред белоруската амбасада во Москва.

По двочасовните мирни протести против резултатите од претседателските избори во Белорусија, руската полиција растури група од 200 демонстранти и уапси најмалку пет лица, јавува ТАСС.

По објавувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија, на кои сегашниот претседател Александар Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите, избувнаа протести во целата земја.

За време на тридневните протести во Минск и другите белоруски градови, едно лице загина, а повеќе од 6.000 лица се уапсени.

Малолетната ќерка на Моника Белучи стана заштитен лик на Долче и Габана

Познатиот бренд Dolce & Gabbana има нова муза - тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, која се чини дека има светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители - иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

\

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

- Ве молам, јас сè уште немам 16 години ... Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

Шпанија забрзано гради болница поради зголемениот број заболени од корона

Бројот на нови случаи на коронавирус во Шпанија денеска се зголеми за скоро 1.700, а во овие бројки не е опфатен Мадрид, кој не даде информации заради технички проблеми.

Од укинувањето на строгите рестриктивни мерки пред шест недели, Шпанија се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот.

Иако просечниот дневен број на заразени лица бил помалку од 150 во јуни, околу 1.500 нови случаи се регистрираат секој ден во првите 12 дена од август.

Како резултат, војската брзо гради нова полска болница во Сарагоса, главниот град на Арагон, регион кој сега е жариште на коронавирусот.

притисни ентер