Александра Пријовиќ по петте концерти во загрепската Арена ќе биде побогата за 2,5 милиони евра - Канал 5

Александра Пријовиќ по петте концерти во загрепската Арена ќе биде побогата за 2,5 милиони евра

Александра Пријовиќ деновиве престојува во Загреб во рамките на нејзината концертна турнеја „Од исток до запад“, а наводно по петте концерти ќе биде побогата за 2,5 милиони евра.

Александра Пријовиќ по петте концерти во загрепската Арена ќе биде побогата за 2,5 милиони евра

Таа одамна ги распродаде сите пет настапи, а според познат менаџер, кој сакал да остане анонимен, во Белград ќе се врати многу побогата, пренесе српски Телеграф.

- Најевтиниот билет за концертот во Загреб чинеше 25 евра, а најскапиот 130, колку што беше потребна за ВИП-ложата. Капацитетот на Арената Загреб со приземје е 22.000 седишта, но поради 150-те шанк маси, кои се предвидени за концертот на Александра, таа секоја вечер ќе пее за 17.500 луѓе или вкупно 90.000 луѓе за пет концерти. Тоа значи дека за пет вечери во Арена, Александра ќе инкасира 2.780.000 евра - вели менаџерот за забава и додава дека од таа сума треба да се одбијат трошоците за кирија, даноци и други потреби:

- Изнајмувањето на Арената чини 25.000 евра дневно, што значи дека за пет дена Прија за неа издвоила 120.000 евра. За опремата, продукцијата, бендот, танчерите и костимите потрошила околу 150.000 евра, плус данокот што треба да ѝ го плати на државата. Според мои проценки, по пет вечери во Загреб, Александра ќе се врати во Белград побогата за околу 2.500.000 евра! – изјави тој за Информер.

Александра само за гардероба на концертот потрошила 50.000 евра. Пејачката за само една јакна од модната куќа „Александар Меквин“ платила „безначајни“ 16.000 евра, за црни панталони од истиот бренд платила 1.890 евра, а за блејзер 2.170 евра. За црното кожено здолниште на истата модна куќа, во кое го отпеа својот хит „Дам, дам, дам“, платила „околу“ 4.000 евра, а темниот горен дел 2.390 евра. Прија за време на концертот донесе уште една креација на познатата модна дизајнерка, за која потрошила дури 7.523 евра, пренесе српски Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Ќе добие ли втора шанса во Собрание Законот за јавни набавки чијшто указ претседателката Сиљановска одби да го потпише? 

По ветото на Сиљановска-Давкова, СДСМ поднесе над 2.000 амандмани за законот за јавни набавки

Таа го врати со една забелешка, но сега предлогот доби над 2000 амандмани, од кои повеќето од опозициската СДСМ. Во пресрет на утрешната седница кадешто ќе се разгледува во трето читање, од пратеничката група на СДСМ за Канал 5 велат дека предлог законот сериозно влијае на транспарентноста на јавните набавки бидејќи се зголемуваат лимити за трошење на јавни пари без тендер.

- 10000 евра може да потроши функционер каде сака и по било кои цени без да има никаква постапка, односно јавна набавка.

- Се укинува обврската воведена во 2019та институциите да добиваат мислење од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без оглас. Ова ќе даде можност за склучување договори во четири очи без никаква контрола.

- ​Три пати се зголемуваат надоместоците за поднесување жалба. Целта на ова е да се обесхрабрат фирмите, особено помалите, да поднесуваат жалби и да укажуваат на неправилности во постапките за јавни набавки.

Пратеничка група на СДСМ

Но, и покрај бројните критики од опозицијата, од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека законот ќе биде усвоен, бидејќи според член 183 од Деловникот, амандмани во трето читање може да се поднесуваат единствено во врска со укажувањето на претседателот. За нив е прифатлива забелешката на претседателката Силјановска, која е против неограничена можност за реизбор на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

-СДСМ имаше време кога да ги отвора овие дилеми низ комисиските процедури, но не го направи тоа. ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман со кој се опфатени забелешките на Претседателката и тие ќе бидат коригирани. Законот ќе биде донесен.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Со измените на законот прагот за набавки на стоки и услуги без тендер се менува од 1.000 на 2.000 евра, за градежни работи од 5.000 на 10.000 евра, а годишниот лимит за набавки по интитуција расте од 12 на 25.000 вера.

Од министерството за финансии ваквите измени ги оправдуваат со потребата од приспособување на економските услови, посочувајки дека праговите не биле менувани од 2019 година.

Овие измени се дел од реформската агенда, а очекувањата на властите се дека ќе има поедноставни постапките, помали административните трошоци и поквалитетно трошење на јавните пари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Ветеринарите излегоа на протест пред АХВ и Владата.

Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен

Се жалат на лошата состојба во секторот, недоволното финансирање и застојот во спроведувањето на превентивните мерки за заштита на здравјето на животните. Игор Манасиевски го следеше протестот..

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравите

Повеќе од илјада крави неконтролирано се движат низ кривопаланечко, а Општината бара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба. 

Крива Паланка бара владата да прогласи кризна состојба за проблемот со кравите

Градоначалникот Сашко Митовски на прес-конференција, на која присуствуваа и жители чии имоти и земјоделски посеви се оштетени од добитокот, предупреди дека агенциите немаат доволно капацитети да се справат со проблемот. Побара дополнителни ресурси и јасен оперативен план за заловување, транспорт и згрижување на животните.

„Врз основа на заклучоците на Општинскиот кризен штаб, бараме итно Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на Општина Крива Паланка и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток – изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Кравите секојдневно се движат низ центарот на градот, загрозувајќи го сообраќајот и уништувајќи земјоделски посеви и приватни имоти. Ако нема слух од владата, Митовски најави протест.

„Овој пат јас, заедно со моите граѓани, сме решени да одиме до крај.“-изјави – Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

Според градоначалникот, од 2022 година досега до надлежните институции биле доставени стотици пријави. Иако уште пред две години биле донесени правосилни решенија за одземање на добитокот, тие не се спроведени во целост. Општината најавува и кривични пријави доколку не се постапи.

По нарушените односи со претходното раководство на АХВ, како што посочи градоначалникт, се очекува соработка со новиот директор Јовица Андовски, со кого и ќе се сретнат во текот на денот.

Од АХВ претходно посочија дека и Општината има законски надлежности за контрола на добитокот на јавни површини. Според Агенцијата, обидите за одземање на животните биле попречувани од одгледувачите, поради што решенијата не биле целосно спроведени.

Додека институциите ја префрлаат одговорноста за оштетените жители, Општината најави единствен регистар за утврдување на штети и подготовка за заедничка тужба за надомест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер