Алек Болдвин и сопругата објавија интимно видео- предизвикаа лавина од коментари (ВИДЕО) - Канал 5

Алек Болдвин и сопругата објавија интимно видео- предизвикаа лавина од коментари (ВИДЕО)

Алек Болдвин (67) и неговата сопруга Хиларија (41) повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако објавија видео на Инстаграм на кое таа танцува во неговиот скут.

Алек Болдвин и сопругата објавија интимно видео- предизвикаа лавина од коментари (ВИДЕО)

Во објавата, Хиларија може да се види како екстатично танцува на баладата „Моќта на љубовта“ од пејачката Селин Дион, додека Алек седи на стол и го гледа нејзиниот настап со насмевка. Во еден момент, Хиларија ги крева нозете и нежно ги става преку градите на Алек. Во описот, таа напиша: „Време е за масажа на стапала... Има смисла.“

Предизвикаа лавина од коментари

Видеото предизвика лавина од коментари, а многу следбеници не ја пропуштија можноста да се пошегуваат за нивното големо семејство. „Изгледа дека бебето број 8 е на пат“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Еве го вашето осмо дете.“

Сепак, имаше и такви за кои сè беше „премногу“. „Зошто ви треба толку многу внимание цело време? Ова е премногу“, напиша еден следбеник, чиј коментар собра бројни лајкови. „Зошто го објавуваш ова?“, „А сега сите мора да ги погледнеме твоите интимни делови?“, беа некои други коментари.

Се венчаа во 2012 година

Алек и Хиларија Болдвин се венчаа во 2012 година и заедно имаат седум деца: Кармен (12), Рафаел (10), Леонардо (9), Ромео (7), близнаците Едуардо и Марија (4) и најмладата Иларија (2). Алек има и 29-годишна ќерка, Ирланд, од претходниот брак со Ким Бесинџер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж

СДСМ: Се потврди дека на Мицкоски не му е ниту до реформи, ниту до Изборен Законик - целта беше изборен грабеж

Истата ВМРО што тврдеше дека веќе обезбедиле договор со Левица и ДУИ, сега сака да го префрли проблемот кај СДСМ.

Нели седнаа заедно со Левица и со ДУИ, нели се договорија?

Постојано само лаги и спинови.

Ја укина техничката Влада на сила и без консензус. Откако не му пројде моделот за електронско гласање на дијаспората, се обиде да протне нов за гласање по пошта - и повторно без никаква контрола и без да се гарантира волјата на граѓаните.

Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови.

Реформската агенда ја користи само како изговор и алиби за сопствената неспособност да ги реализира обврските од евроинтеграцискиот процес.

СДСМ има принципиелен став, нема да дозволиме изборен грабеж, ќе го заштитиме гласот на секој граѓанин од злоупотреби и манипулации.

Скопје, 08.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувам

Доналд Трамп во Анкара за време на самитот на НАТО упати остри критики кон алијансата, оценувајќи дека сојузниците не им дале доволна поддршка на Соединетите американски држави во нивните акции против Иран..

Трамп: Разочаран сум од НАТО, ако самитот не беше во Турција, можеби немаше ни да присуствувам

За време на средбата со турскиот колега, Ердоган, Трамп рече дека е разочаран од односот на сојузниците, посочувајќи дека САД со години вложуваат огромни средства во безбедноста на земјите-членки на НАТО.. Toj воедно повторои дека би сакал да ја преземе контролата врз гренланд и предупреди дека „може“ да ги повлече сите американски трупи од Европа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ по пет сета во полуфиналето на Вимблдон!

Најтрофејниот светски тенисер во историјата, Србинот,  Новак Ѓоковиќ  се избори за ново полуфинале на Грен слемот во Вимблдон.

Новак Ѓоковиќ по пет сета во полуфиналето на Вимблдон!

Ѓоковиќ по повеќе од 5 часа врвен тенис и пет одиграни сета во најдолгото четврфинале во историјата на Вимблдон го победи третиот носител на турнирот во Лондон, Феликс Оже-Алијасим со 3:2 во сетови и се пласираше во полуфиналето

Седумкратниот освојувач на титулата во Вимблдон го совлада Канаѓанецот со 7:6, 6:3, 3:6, 7:6 и 7:6.

По исцрпувачката победа над Феликс, Ѓоковиќ закажа реприза на минатогодишното полуфинале на Грен слем турнирот во Лондон против Јаник Синер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер