ФудбалАлегри: Целта е Јувентус да биде во ЛШ, а потоа управата ќе одлучи за мене Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри повторно призна дека не знае дали ќе остане на чело на тимот и следната сезона. Во принцип, тој е врзан за клубот до летото 2025 година, но според многумина, тој сега ќе си замине.-Целта е место во ЛШ, бидејќи се работи за 100 милиони евра. А за мојата иднина, како и секогаш, клубот ќе одлучи што е најдобро. Пред почетокот на сезоната, пред нас беа поставени две цели: пласман во ЛШ и освојување на Купот на Италија. Сега е важно да останеме заедно и да се бориме. Местото во ЛШ е приоритет и од финансиски причини не можеме да дозволиме да бидеме изоставени од турнирот, потсети Алегри. Вчера сопственикот на Јуве, Џон Елкан прецизираше дека актуелната сезона е „нула“ за клубот под водство на новиот спортски директор Кристијано Џунтоли. Пред една година тој уверуваше дека Алегри е клучна фигура за иднината на тимот од Торино. -Работата во Јуве ќе продолжи и во наредните години со новиот директор Џунтоли. Задачата беше да внесеме фудбалери од школата во тимот и мислам дека тоа го исполнивме, убеден е тренерот. Во следното коло во Серија А, Јувентус за противник ќе го има градскиот ривал Торино. -Треба да работиме напорно овој месец. Многу е важно да имаме шанси до самиот крај. А особено откако Торино има 15 „суви мрежи“ во текот на сезоната, што значи дека дозволуваат по еден гол на два меча. Ова дерби е секогаш посебно, заклучи Алегри. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураШест незаборавни џез вечери на „Охридско лето“Првото издание на новата програма „Џез вечери“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“, ќе се одржи од 13 до 16 август.Предвидени се шест концерти на врвни музичари меѓу кои Крсте Роџевски, Дине Донеф трио, Нубаја Гарсија, Питер Сомуа, „Kiioto“ и македонските уметници од Националниот џез оркестар. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и нејзиното Предворје, како и на сцената Долни Сарај. На првата џез вечер, на 13 август, се предвидени два концерти од кои првиот во 20 часот во црквата „Света Софија“ ќе го одржи Крсте Роџевски, македонски пејач, гитарист и композитор, активен на авангардната „даунтаун“ сцена во Њујорк уште од неговата преселба во градот во доцните 90-ти години на минатиот век. Тоа всушност ќе биде концертна промоција на албумот на Роџевски, „Orthodoxia Kai Thanatos“. Од 21 часот и 30 минути во Предворјето на црквата, следува уште еден концерт на Дине Донеф со неговото трио, во кое настапуваат Харис Ламбракис на неј и на оргули и Кирјакос Тапакис на уд. Дине Донеф (Костас Теодору) е композитор, контрабасист, мултиинструменталист, едукатор и автор со препознатлив музички јазик. На втората џез вечер, 14 август, на сцената Долни Сарај од 21 часот, љубителите на џез музиката ќе имаат вистинско уживање со концертната програма „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар на РС Македонија. Под диригентската палка на Владимир Николов, оркестарот ќе ја поведе публиката на магично музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Специјален гостин на концертот ќе биде Питер Сомуа, западноафрикански трубач со потекло од Гана, кој живее и работи во Холандија. Третата џез вечер на „Охридско лето“, 15 август, ќе донесе два концерти. Од 20 часот на Долни Сарај, Питер Сомуа повторно ќе настапи но овојпат со својот бенд. Во 21 часот и 30 минути на истата сцена ќе настапи британската саксофонистка и композиторка Нубаја Гарсија. „Џез вечерите“ на „Охридско лето ќе бидат заокружени со концерт на британскиот состав „Kiioto“, предводен од звучните музички имиња Лу Роудс и Роан Хит, кои повеќе од 30 години се дел од музичката индустрија. Тие ќе настапат на Долни Сарај со почеток во 21 часот. Инаку, во вечерите посветени на џезот кога има по два концерти, купената влезница за тој датум важи за двата музички настани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЖивотШпанија за момент потона во мрак!Целосното затемнување на сонцето на 12 август помина над северните региони на планетата, а меѓу најатрактивните места за гледање беше Шпанија.Спектаклот што вчера ги крена милиони на нозе претвори делови од Европа во џиновска астрономска сцена. Целосното затемнување на сонцето на 12 август помина над северните региони на планетата, а меѓу најатрактивните места за гледање беше Шпанија, каде што беа направени спектакуларни слики од моментот кога Месечината целосно го покри Сонцето. Сенката на Месечината помина над делови од Гренланд, Исланд и Шпанија, додека на многу поширока област можеше да се види делумно затемнување. Тоа беше единственото целосно затемнување на сонцето во 2026 година. Иако патеката на целосното затемнување опфаќаше неколку области, Шпанија беше особено поволна за гледање поради големиот број населени места што беа директно на патеката на сенката на Месечината. Милиони луѓе се собраа низ целата земја за да го видат првото целосно затемнување на сонцето видливо од копнена Шпанија по повеќе од еден век. Патеката на целосното затемнување помина низ голем дел од северната половина на Шпанија, од Галиција на запад, преку внатрешноста на земјата, па сè до источниот брег и Балеарските Острови. Меѓу градовите што се најдоа на патот на целосноста беа Ла Коруња, Овиедо, Билбао, Леон, Сарагоса, Валенсија и Палма. Во остатокот од земјата, затемнувањето беше делумно. Локацијата на Шпанија им даде на сцените дополнителна драма. Затемнувањето се случи во вечерните часови, додека Сонцето веќе се приближуваше кон хоризонтот, па целосен мрак се случи непосредно пред зајдисонце. Во Ла Коруња, целосната фаза траеше околу минута и 16 секунди, додека во Леон траеше речиси две минути. Во Сарагоса, целосната фаза траеше околу минута и 23 секунди, а во Палма околу минута и пол. Најдраматичниот момент се случи кога Месечината беше целосно помеѓу Земјата и Сонцето. Потоа сончевиот диск исчезна зад месечината, небото одеднаш се затемни, а околу црниот диск стана видлива сончевата корона, надворешниот дел од сончевата атмосфера што инаку е невозможно да се види со голо око поради огромната светлина на нашата ѕвезда. Дури и НАСА објави фото од затемнувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции современа опрема и нови болнициНови инвестиции современа опрема и нови болници, Владата на ВМРО-ДПМНЕ го модернизира македонското здравство.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за две години започна процес на целосна модернизација на македонското здравство кое со години беше во лоша состојба застарена инфраструктура без опрема и многу наталожени проблеми. Владата на ВМРО-ДПМНЕ прави конкретни инвестиции во македонското здравство. Денес се реализираат проекти што создаваат подобри услови за пациентите и медицинските работници. Во изминатиот период целосно се реконструирани оперативниот блок, интензивната нега, патологијата, клиничката лабораторија и кровната конструкција на болницата „8-ми Септември“. По повеќе од 50 години е реконструирано и ставено во функција одделението за трауматологија во Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“. Дополнително, реконструирани се шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а уште четири нови сали ќе бидат ставени во употреба во наредниот период. Особено значајна е набавката на 100 нови амбулантни возила со современа медицинска опрема, кои ќе бидат распределени низ целата држава. Со тоа се зајакнува итната медицинска помош и се обезбедува побрза и поквалитетна здравствена услуга за граѓаните, особено во помалите и руралните средини. Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира и во современа медицинска опрема. Во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство се вложени околу 110 милиони денари, од кои 35 милиони за реконструкција и 75 милиони за нова опрема. Во Клиничката болница Битола, по повеќе од две децении, се обновува застарената медицинска опрема со инвестиција од над 30 милиони денари. Набавени се современ ендоскоп, апарат за операции на катаракта, декса апарат, уролошка и офталмолошка опрема, како и нови дигитални системи за побрза и попрецизна дијагностика. Во Битола се реализирани 61 ново вработување на неопределено време, затоа што силното јавно здравство се гради и со стручен, мотивиран и стабилен медицински кадар. Се реализираат и капитални проекти што ќе остават траен белег врз здравствениот систем. Во Кичево започнува изградбата на нова современа болница, инвестиција вредна околу 22,5 милиони евра, која ќе обезбеди подобри здравствени услуги за целиот регион. Во Штип започнува реализацијата на еден од најголемите здравствени проекти во државата, вреден 109 милиони евра. Новата клиничка болница ќе биде современ здравствено-образовен комплекс со медицински факултет, студентски дом и модерна медицинска инфраструктура. Овие инвестиции значат подобри услови за лекување, подобра дијагностика, побрзо лекување, подобри услови за медицинскиот персонал и создавање услови младите лекари својата иднина да ја градат во Македонија. Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реконструкции, нова опрема, нови возила, нови болници и вложувања во медицинскиот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ гради здравство кое е модерно, достапно и достојно за граѓаните. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook